Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Ден број не знам веќе кој, ни попишувач ни курац на хоризонтот. Дознав од комшии дека им дошле само во зградите карши Пулевски основното. Која бљувотина од власт е ова, искрено се надевам кога ќе паднат народов патос ќе брише со нив.
 
Сериозно веруваш дека ќе бидеш евидентиран со реалните податоци? Абе ова е наместено и важно им е демек да помине процесот. Сеедно им е дали ти си атеист, будист или агностик. Тие гледаат нивната работа да си ја наредат.

Како нема да верувам дури и ќе проверев оти имаме право на увид во сопствени информации. Многумина гледам дека зборат, муцкаат и чао пријатно дали на шалтер дали на попис, не бре човече ќе провериш имаш право на увид. Али на кого да викам тука безнадежни се.
 
Јас те разбирам што сакаш да кажеш. Ќе провериш дали се тие податоци за време на пописот, кога се кај тебе во домот. Од каде знаеш и си сигурен дека истите податоци ќе бидат вклучени во официјалниот извештај?
 
Бидејќи е електронски, сите податоци се криптирани, сите промени колку и да се мали се евидентирани. Да јас не знам што ќе биде со податоците натаму дури и со сите сигурности но бар кај мене дома сакам се да биде како што сум го кажал. Но ниту тоа очигледно не е важно, кај ги наоѓаат вакви сељаци да попишуваат нели има образован народ да ги пополни тие места? Ми се мачи.
 
Се согласувам дека нема да ги изменат електронските податоци, ама ќе си ги нашминкаат официјалните податоци. Плус ако се знае дека власта е во спрега со МПЦ и ИВЗ ќе гледа и нив да ги задоволат и нивните апетити. Така да не верувам дека во извештајот ќе фигурираат атеисти или агностици.
 
Значи сама си земала право да ме пише праволавен? Ако некој знае нека ме посочи кај да пријавам. На вакви караконџули само стап им е потребен.
Дали мајка ти знаела дека сакаш да се попишеш како Атеист,пошто таа ги давала информациите за тебе. Ако има такви што не прашуваат ,пријави ги.Сепак тие 2 прашања се и најбитни според мене.Етничка и религиска припадност.
 
Знае, недели унапред и кажав таа нема проблем со тоа ни самата не е религиозна освен на празници на трпеза. Воопшто не ни приметила дека попишувачот не ја прашал за религија ако јас не прашав да ја потсетам. А за национална припадност да имаше прашање.
 
Ова не смее. Додуша ниедно прашање не смее сам да го одговори. Може ако сакаш да пријавиш во општината каде што си (комисија за попис), би требало седиштето да им е таму.
 
@Sublimius остај ги ботовиве, да си ја пријавиш. И мене ме прашаа за религија. Реков Кајганист сум.
 
@Sublimius остај ги ботовиве, да си ја пријавиш. И мене ме прашаа за религија. Реков Кајганист сум.

Море копуциве и пријавувањето го отежнуваат но ќе пуштам па што биде биде.
 
Море копуциве и пријавувањето го отежнуваат но ќе пуштам па што биде биде.
Смрдла, се шитнала за 500 евра уште па гледа да си заврши побрзо.
Нече мочи.
 
Не се чукам во гради само сакам документацијата за мене да е како што треба, и мислам дека тоа не е неразумно барање? Ти ако ваква малверзација оправдуваш не знам што да ти речам, утре кога некој ќе те попише спротивно од тоа што си и јас ли да ќутам?
Ако најголемиот проблем у пописов ти е дали си завдеден ко атеист или православен, свака ти част.
 
Ако најголемиот проблем у пописов ти е дали си завдеден ко атеист или православен, свака ти част.
Ова е систем на попис каде се попишуваат отселени лица кои малкуте присутни ги пријавуваат како да се резиденти во државата. Проблемот на нас мнозинството со нерегуларниов пописов е недостигот од организирано пријавување на сите од дијаспората како да се резиденти... Мислам ако не сакаме статистички да испаднеме малцинство, а натаму идеме.

Во вакви услови неуспевање на пописот е најмалото од сите можни зла.

Се согласувам дека нема да ги изменат електронските податоци, ама ќе си ги нашминкаат официјалните податоци.
Малцинството си ги попишува сите отсутни/отселени како да се присутни, а системот на попишување не употребува механизми на проверка на веројдостојноста на тврдењето дека попишаните се резиденти. Во превод веројатно нема ни да имаат потреба од „шминкање“ во натомашните фази, малверзациите се во самиот попис на терен и можноста било кој да се пријави како жител/резидент.

Не се чукам во гради само сакам документацијата за мене да е како што треба, и мислам дека тоа не е неразумно барање? Ти ако ваква малверзација оправдуваш не знам што да ти речам, утре кога некој ќе те попише спротивно од тоа што си и јас ли да ќутам?
Проблемот е што веќе ќутиш за целава превара со пописов каде отсутни се пријавуваат како резиденти.
Зошто не се жалиш за тоа нешто што е многу поважно од податоците за твојата религиска (не)припадност.
 
A ti kaj si da pises za gladnite vo Afrikaaaa?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom