Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
За локални избори секогаш треба да бидат битни кандидатите за градоначалници и советници, а не партијата.

За Кочани, ако актуелниот градоначалник се кандидира за втор мандат (а не гледам зошто не би) сигурно би гласал за него. За четири години ја раздолжи општината и имаше неколку сериозни проекти кои се очигледни. Далеку повеќе од се што направи неговиот претходник за осум години. Така да генерално сум задоволен од неговата работа, со тоа што секако секогаш може и подобро.

Инаку во Кочани 90 посто победува СДСМ. Кога веќе победија на парламентарните избори тука многу веројатно така ќе биде и на локалните пошто таму секогаш имаат повеќе гласови. Плус ДПМНЕ моментално нема некој квалитетен противкандидат на повидок а Левица има ептен мала поддршка и мислам дека воопшто нема ни функционален штаб во градот.
абе сдс што вади едни квалитетни кадри ти се молам, абе кажете си се продадовте за два пара гашти, во време после цела катасрофа што ја прави сдс да размислуваш да гласаш за нив треба да си одвеан од памет. Подобро би гласал за некое магаре него за некоја комуњарска гнаса.
 
Ти ако имаш појма што се случува во Кочани, кои луѓе ја водат едната, а кои другата партија, јас глава си сечам.

Ама не, битно да се истреска некоја глупост и да се фрли некоја навреда. И после се чудите зошто ве сметаат за затуцани, кога не знаеш да се вклучиш во една најобична дискусија.
 
Левица не одзема гласови на ВМРО аман више. ИЕ 1 таму има највише неопределени. И од таму ги црпи гласовите. Кај Левица ќе придобие глас од некој затуцан вмровец. Нема шанси.
аман не аман, одзима. Математика точно за општина во која припагам е баш таква. Левица црпи гласови од незадоволни вмровци и од комуњари кои не ги добиле ветувањата. И ова е мн нормално и реално,на крајот од деновит види ги намалените гласови кои што ВМРО ги добива тие гласови сигурно не се во сдсм отидени, или сега се "неопределени" или се во левица многу едноставно.ВМРО сеуште има најголемо членство и core гласачи. Како и да е лично мое мислење е колку повише гласови добива левица без разлика дали на локални или парламентарни, толку повеќе ќе може да влијае и да ги заузди и СДСМ и ВМРО.
 
Па не сме ни женети за Дпмне и Сдс па само за нив да гласаме

Не рекна дек треба њима да ги гласате. Само не знам зашто толко веруете на Левицу.
 
Не веруваме туку мислиме дека од понуденото е најмалку лошо и извалкано. Ако направат некои други со помал багаж и подобри идеи партија ќе гласам за нив. Ама кога изборот е помеѓу докажани лопови, истите локални пајташи и истиот шаблон на вработувања и тендери по партиска заслуга и Левица тогаш радо би ги гласал левичарите. Дури и да некој има скепса околу нив(што на сиов криминал кој се случува 30 години е апсолутно оправдано) сепак барем околу нив има 1% неизвесност дека можда и ќе тргнат по друг правец, додека глас за ДПМНЕ/СДС/Пајтон партии/поништување на ливче, како и неизлегување на избори е кандисување на истите структури, кои работат по ист тендер шаблон и туркаат ли туркаат партиски поттрчковци во администрација. Левица е некоја си надеж, каква таква(можда и никаква), но барем е надеж за промена, за разлика од ДПМНЕ, СДС и нивните поттрчковци во пајтон партиите.
 
Во првиве не веруваме ич, така да во Левица и она малку што веруваме е многу во споредба со другите

Наброј ми едну причину само, не мора повеќе. Ја нема да гласам за Левицу, затој што Апасиев се умислил дек е месија. Ете ти едну причину од мене.
 
30 години ја уништија земјава и двете партии.

Доволна причина да не се гласа за нив.
Левица, бојкот, некоја трета партија (која до сега не била во скут на двете)... сеедно.
само не за двете

Од тој аспект забелешките на членовиве на форумов кон Левица се безначајни.
 
Наброј ми едну причину само, не мора повеќе. Ја нема да гласам за Левицу, затој што Апасиев се умислил дек е месија. Ете ти едну причину од мене.

Прво оти е партијата пред се од членови кои се обични луѓе желни за промена, не се потрошени веќе видени ликови како оние од Дпмне и Сдс
Второ оти од луѓе што лично го знаат Апасиев и неговото семејство кажуваат дека не е фејкер, го има допрено дното и се кренал сам, па веројатно нема да биде како другиве. Трета причина што првиве две организирано почнаа да ги хејтаат, а тоа е добар знак дека не се приврзок на некоја од нив

На крај краева што губиме ако гласаме за нив ? Во првиве како што реков имам 0 доверба, да нема трета опција не би се ни замарал за политика повеќе
 
Нека дојдат до некоја позиција па ќе видиме дали и колку се фејкери. Ова унапред јадење гомна на форумов делува само како сервис на двеве партии.
 
Утре Заев или Мицко да отворат логори и да ве прават сапун, вие то ќе го класифицирате како океј работа, така треба. Класично македонско гласачко тело.:facepalm:
 
Нека дојдат до некоја позиција па ќе видиме дали и колку се фејкери. Ова унапред јадење гомна на форумов делува само како сервис на двеве партии.

Па почетокот им е добар, ете Крмов не зимал ниту патни трошоци ниту пак пари за сместување во Скопје. Е сега памет во глава како ќе продолжат, да не ветуваат она што не можат да исполнат и да не претеруваат со некои комунистички работи - оти и Пернар во Хрватска стигна до 120к гласови а сега имаат 0 пратеници
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom