Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Бидејќи работата ми се состои во тоа да одам од град во град секој ден можам слободно да кажам дека Куманово е најлошиот град во Македонија. Толку ѓубре нема ни во еден друг град како што има во Куманово. Паркинзи слабо, улици несредени, дали севкупно два парка имаат, никнуваат некој грди објекти. Втор најголем град во Македонија, а имаат само два булевара, хаос им се случува по улицине. Делува градот како да застанал пред 40год.
Викаш позаебан од Тетово? Јас мислам дека Тетово е убедливо прв и недостижен. Би полнел кутии ако некогаш Теута ја предложат за градоначалник на Град Скопје, не секој може да направи таква Европска метропола.
 
Леле кога слушнат за ова паркобраните и ГТЦ-гушкачите од времето на режимот, мамата ќе им ебат со протести. Oh wait... :unsure:

СЕЧЕЛЕ ДРВЈА ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА ДА СЕ ГЛЕДА БИЛБОРДОТ Скопје што ти направија овие?! ВИДЕО
Скопјанец на Твитер објави видео од Кисела Вода на кое се гледа како надлежните сечат младо дрво затоа што не можело да се гледа билбордот на кој е закачена фотографија од актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат од СДСМ, Филип Темелковски.

Видеото поттикна многу реакции и коментари со осуда на постапката, но и прашања од скопјани вчудоневидени од глетката: „Скопје што ти направија овие?!“
 
Леле кога слушнат за ова паркобраните и ГТЦ-гушкачите од времето на режимот, мамата ќе им ебат со протести. Oh wait... :unsure:

СЕЧЕЛЕ ДРВЈА ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА ДА СЕ ГЛЕДА БИЛБОРДОТ Скопје што ти направија овие?! ВИДЕО

Добро не дека е кој знае колкаво дрво, пре би рекол дека тука е полно со грмушки што треба да се исчистат заедно со тоа чирот наречен зграда на Фиком.

Иначе за другото си во право, да беа едни други времиња, цела недела ќе слушавме жалопојки за грмушкава, ќе доаѓаа лезбејки од разни невладини организации да ја гушкаат, ќе правеа драми. Но, бидејќи сега е дојден животот, го нема веќе ова.

Све би дал барем уште еднаш да ги видам Павле, Туфегџиќ и слична боранија како протестираат и се бојат по лицата. Тоа беа времиња. :love:
 
Само мене ми се чини или на овие избори ветувањата се ДАЛЕКУ поголеми од лани парламентарните?!

Лани олку не се мачеше Заев.
 
Бидејќи работата ми се состои во тоа да одам од град во град секој ден можам слободно да кажам дека Куманово е најлошиот град во Македонија. Толку ѓубре нема ни во еден друг град како што има во Куманово. Паркинзи слабо, улици несредени, дали севкупно два парка имаат, никнуваат некој грди објекти. Втор најголем град во Македонија, а имаат само два булевара, хаос им се случува по улицине. Делува градот како да застанал пред 40год.

Да ама и Кумановци се луди како струја, со парите што ги направија од авганистан земаа и градот го проширија во регионите каде што порано земјена патека немало а го напуштија центарот на градот. Јас такво нешто немам видено. Тоа што треба да е центарот на градот денеска е на раб да биде периферија. Ако автобуската им ја преместеа до железничката станица каде што треба да е, буквално ќе имаа автобуска станица како да е во друг град.

Почнаа да градат и куќи во региони каде што капка вода нема, бушотини од по 10-15 метри не вадат доволно вода за една куќа не па за земјоделие.

Почуден град од секој аспект економија, култура, политика јас мислам дека нема во Македонија. Некако се единствениот град освен Скопје кој што е сеуште комплетно жив ( за разлика на пример од Битола) без апсолутно ништо да е направено во него ниту од централна ниту од локална власт.
 
Викаш позаебан од Тетово? Јас мислам дека Тетово е убедливо прв и недостижен. Би полнел кутии ако некогаш Теута ја предложат за градоначалник на Град Скопје, не секој може да направи таква Европска метропола.
Позаебан, Тетово има проблем со сообраќајна култура што сите паркираат кај што ќе стигне. Ама имаш широки улици, кружни. Нема толку ѓубре како во Куманово зборам за центарскиот дел во Тетово.
Не знам колку си бил во Куманово ама стварно градот е отепан, мрачен. Возиш по сокачиња, имаш два булевара од кој едниот секогаш е со една лента зошто паркира кој стигне. Семафори на секој чекор од кој се пушта истовремено зелено и за лево и за право од спротивна, па тие што вртат лево прават гужва.
Реката нејќеш да ја видиш, гадотии, такво нешто немам видено.
 
Одам и во двата и мислам дека горе-доле се тука, иако сепак би рекол дека Тетово е уште побетер (особено сега есен/зима).
Тетово е пренаселено за тие улици, во Скопје немам заглавено толку време во сообрајќај како во Тетово. Да не правиме муабет за останатата инфраструктура, во Центарот цело лето имаа проблем со водоснабдување.
Инаку и таму се на низок степен со хигиена, реката не ја гледај :)
 
Од друга страна ги имаш Кавадарци и Струмица. Единствени два града во кој имаш чувство дека нешто се правело последниве 20год. Инфракструрно делуваат империорно спрема другите, посредени, немаат толку ѓубре и пред се раздвижени, има со кого да се разминеш на улица.
Сега ќе пише некој од форумов што живее таму дека не така, ама верујте е. Прошетајте ги другите града во Македонија и ќе си речете супер седи од тука не мрдај. Огромна е разликата меѓу овие два града и останатите.
Тука ги ставам Паланка и Гевгелија, како мали градчиња делуваат убаво.

Другото делува лошо, заостанато во времето на Југославија. Куманово, Кичево, Штип никој не ги оправа.
Гостивар и Тетово се еден голем бит-пазар, се искочено на улица и паркирано кај ќе стигне.
Прилеп и Битола не се толку лоши во инфракстстура, ама се празни градови, делува како да никој нема таму.
Велес е заебан град уште од старт, кој му текнало да прави град по тоа ридовите алавда му.
Радовиш и Кочани ми се некако на средина, ни напред ни назад не се.
Во Охрид и Струга никнуваат само згради, огромна пара се инвестира во тие два града ама на погрешен начин, ќе плачат за некое време.
Од маливе, Богданци, Валандово, Д.Капија, Ресен се речиси иселени, жив пес нема. Гевгелија и Паланка се единствените мали кој се живи градови, најверојатно заради местоположба, блиски до граница.
 
Позаебан, Тетово има проблем со сообраќајна култура што сите паркираат кај што ќе стигне. Ама имаш широки улици, кружни. Нема толку ѓубре како во Куманово зборам за центарскиот дел во Тетово.
Не знам колку си бил во Куманово ама стварно градот е отепан, мрачен. Возиш по сокачиња, имаш два булевара од кој едниот секогаш е со една лента зошто паркира кој стигне. Семафори на секој чекор од кој се пушта истовремено зелено и за лево и за право од спротивна, па тие што вртат лево прават гужва.
Реката нејќеш да ја видиш, гадотии, такво нешто немам видено.

Инфраструктурно е позаебан како што кажа поради тие глупи сокачиња. Али од аспект на чистота ништо не се рамни со Тетово. Тоа е пост-апокалиптична зона. По дворови во сред град ѓубре горат.
 
Кики Берта Додевска.

Какви ти се овие глупости?
 
Тука ги ставам Паланка и Гевгелија, како мали градчиња делуваат убаво.

За Гевгелија се сложувам. А Крива Паланка? Па мене тоа место кога ќе го видам ми личи како вчера да било бомбардирано од германците.
 
По изгледот на градовите се познава какви шупаци биле градоначалници. А според сегашните кандидати, во иднина уште поголеми ќе бидат градоначалници.
 
Од друга страна ги имаш Кавадарци и Струмица. Единствени два града во кој имаш чувство дека нешто се правело последниве 20год. Инфракструрно делуваат империорно спрема другите, посредени, немаат толку ѓубре и пред се раздвижени, има со кого да се разминеш на улица.
Сега ќе пише некој од форумов што живее таму дека не така, ама верујте е. Прошетајте ги другите града во Македонија и ќе си речете супер седи од тука не мрдај. Огромна е разликата меѓу овие два града и останатите.
Тука ги ставам Паланка и Гевгелија, како мали градчиња делуваат убаво.

Другото делува лошо, заостанато во времето на Југославија. Куманово, Кичево, Штип никој не ги оправа.
Гостивар и Тетово се еден голем бит-пазар, се искочено на улица и паркирано кај ќе стигне.
Прилеп и Битола не се толку лоши во инфракстстура, ама се празни градови, делува како да никој нема таму.
Велес е заебан град уште од старт, кој му текнало да прави град по тоа ридовите алавда му.
Радовиш и Кочани ми се некако на средина, ни напред ни назад не се.
Во Охрид и Струга никнуваат само згради, огромна пара се инвестира во тие два града ама на погрешен начин, ќе плачат за некое време.
Од маливе, Богданци, Валандово, Д.Капија, Ресен се речиси иселени, жив пес нема. Гевгелија и Паланка се единствените мали кој се живи градови, најверојатно заради местоположба, блиски до граница.
Да бидеме потполно реални освен Скопје и Охрид сѐ друго е мртвалник и град во покушај.
 
Да бидеме уште пореални - Штип, Струмица и уште неколку градови се Лондон во однос на Охрид.
Зборам за инфраструктура, поврзаност со регионот, институции, локали, трговија на мало и големо, образование, услови за живот.

Тоа што Охрид е туристички центар, има езеро и знаменитости - не го прави Охрид немртвалник.
За секојдневен живот и работа никако Охрид не е пред други градови во МКД.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom