Од друга страна ги имаш Кавадарци и Струмица. Единствени два града во кој имаш чувство дека нешто се правело последниве 20год. Инфракструрно делуваат империорно спрема другите, посредени, немаат толку ѓубре и пред се раздвижени, има со кого да се разминеш на улица.
Сега ќе пише некој од форумов што живее таму дека не така, ама верујте е. Прошетајте ги другите града во Македонија и ќе си речете супер седи од тука не мрдај. Огромна е разликата меѓу овие два града и останатите.
Тука ги ставам Паланка и Гевгелија, како мали градчиња делуваат убаво.
Другото делува лошо, заостанато во времето на Југославија. Куманово, Кичево, Штип никој не ги оправа.
Гостивар и Тетово се еден голем бит-пазар, се искочено на улица и паркирано кај ќе стигне.
Прилеп и Битола не се толку лоши во инфракстстура, ама се празни градови, делува како да никој нема таму.
Велес е заебан град уште од старт, кој му текнало да прави град по тоа ридовите алавда му.
Радовиш и Кочани ми се некако на средина, ни напред ни назад не се.
Во Охрид и Струга никнуваат само згради, огромна пара се инвестира во тие два града ама на погрешен начин, ќе плачат за некое време.
Од маливе, Богданци, Валандово, Д.Капија, Ресен се речиси иселени, жив пес нема. Гевгелија и Паланка се единствените мали кој се живи градови, најверојатно заради местоположба, блиски до граница.