- Член од
- 7 јуни 2012
- Мислења
- 33
- Поени од реакции
- 64
Aма кој спомна ограничување на човечки права или дека на жените не треба да им следуваат човечки права?
Или само сакаш да наметнеш теза дека борците за социјална правда се потребни, да бараат нешто што одамна постои?![]()
Не спомна директно, ама рече дека проблемот бил што борците барале еднаквост, а половите се сепак различни. Од тоа претпоставив дека алудираш на тоа да не се бара еднаквост во уживањето права. Инаку не сакав да ја наметнам тезата за потребноста на борците, само воочив дека оваа, твојата теза е контроверзна и релативно опасна.
Наместо да декларираш светогледи, би било љубезно (и поконструктивно) да објасниш конкретно зошто сметаш дека не е во ред тоа што луѓето самите со слободна волја и по свој избор одбираат специфични професии, при што генерално жените преферираат едни а мажите други професии... Или сите тие се жртви на „токсичната култура“ на општеството, и мора под итно да се превоспитаат со ЛГБТ светогледи?
Реално, не гледам зошто не би било во ред да ги избираат специфичните "машки" и "женски" професии. Како што и самиот спомна, дојдени сме до ова дереџе поради низа биолошки и еволутивни причини, на што би додала и социолошки, но да не навлегуваме во nature vs nurture дебата. Сепак, не гледам ништо лошо и во "превоспитувањето" дека иако жени ги доминираат модните писти, и мажи може да парадираат и да рекламираат парчиња облека. Напротив, со тоа само се отвараат патишта за и двата пола да ги реализираат своите способности.
едит: Само да појаснам, тандемот за кој зборував е рамноправно партнерство кое е од обострана корист, и партнерство кое што дава најдобри шанси за среќа, успех на семејството, успешно потомство, и успех и продолжување на видот и негова светла иднина. Универзални вредности кои секое совесно и свесно човечко битие треба да ги има.
Ок, ајде со ова се согласувам, донекаде и меѓу редови. Само оваа универзалноста на вредностите би ја релативизирала малку, ама во друг наврат.
За ова се согласувам.
... освен дилемата дека позитивната дискриминација „била измислена со најдобри намери“. Дефинитивно е измислена, и дефинитивно со задњи намери. Како резултат на тоа меритократијата полека иде упм, на сметка на измислените нови вредности на културниот марксизам.
Кои нови вредности? Феминизам, мултикултуризам и слично? Па ова е крајно десничарска теорија! А јас со екстремности не сакам да си имам работа.
