Дали ќе се вакцинирате против коронавирус?

Дали би се вакцинирале против корона вирусот?

  • Вкупно гласачи
    301
Јас претпоставувам дека вакцинаата првенствено ќе биде наменета за медицинскиот персонал, потоа полицијата, па дури потоа (можеби) на ред ќе дојдат старосните групи.
Секој друг редослед е надвор од логика.
Автоматски споено мислење:

1972 година имаше задолжителна вакцинација против големи сипаници. Да се патува надвор од земјата можеше само со потврда за (успешна) вакцина.
Ама тогаш народот не се бунеше.
А зошто мислиш дека е надвор од логиката ако прво би ги вакцинирале ризичните групи, барем потоа нема да има потреба да се вакцнираат останатите, здрави млади луѓе.
 
Здравство е широк поим душо,поточно во што не верувам? Од каде ти потекнува таа идеја?

па си штиклирала дека нема да се вакцинираш. Нели тоа е неверување во нешто што го работиш, ако не ти помогне медицината кој ќе ти помогне?
 
па си штиклирала дека нема да се вакцинираш. Нели тоа е неверување во нешто што го работиш, ако не ти помогне медицината кој ќе ти помогне?
Искрено имам страв од употреба од лекови, а тоа се должи од лоши контрандикации од неколку лекови кои ги употребував.
Еве на пример ќе ти кажам и за еден лек против алергија кој ми го препишуваа са години, за да после го повлечат од продажба и прекинаа со производвство поради докажана штетност по здравје.....а јас испив стотици таблети:(
 
Секој лек има контраиндикации, без контраиндикации ти е само крстена вода и икони. И лук нормално, иако и тој има контраиндикации, пошто ќе бегаат сите околу тебе.
 
А зошто мислиш дека е надвор од логиката ако прво би ги вакцинирале ризичните групи, барем потоа нема да има потреба да се вакцнираат останатите, здрави млади луѓе.
Додека ги вакцинираат ризичните групи докторите ќе се разболат, па нема кој да ги лекува ниту ризичните, ниту неризичните.
Впрочем, докторите се ризична група гледано од професионален агол. Постојано се во контакт со заразени, голем е ризикот да се заразат. Затоа треба да имаат приоритет во вакцинирањето.
 
Секој лек има контраиндикации, без контраиндикации ти е само крстена вода и икони. И лук нормално, иако и тој има контраиндикации, пошто ќе бегаат сите околу тебе.
Така е, ама затоа ќе причекам научнициве да дознат уште повеќе работи за овој вирус, кој има многу непознаници....Се уште немаат сознанија ,ниту некоја научна студија што се случува со организмот откако ќе прележи ковид, за колку време оздравува и дали оздравува, колку има оштетување на органите, што со оние пациенти кои имаат корона а немаат симптоми.....
Сите пијат ибупрофен, а јас ке умрев од него.
 
Пошто не се знае точно ни ефектот на вирусот, ни на вакцината, вирусот е во предност! Неговиот ефект е крај или имунитет, а ефектот на вакцината е во здрава нога трн! Акчли, чур знаеме што се случува.
Не би рекол дека се тие процентите особено за тие што се 50+ и тие со срцеви болести, дијабетес, болести на бели дробови (астма, бронхитис и тн).
Вакцината може да ти помогне, а не верувам дека многу ќе ти одмогне, а евентуално ако немаш ефект од неа шансите да одиш all in против вирусот ти се пак тука.
 
Една работа ме интересира, а тоа е, дали државата треба да има некоја зконска регулатива кога набавува вакви вакцини, да гарантира за нејзината ефикасност, да гарантира за здравјето на својот народ, да одговара ако вакцината има лоши контра ефекти.
 
50+ викаш! Ете јас сум 60+ па затоа пратам статистики и извлекувам заклучоци, пошто како што реков никој точно, ма какви точно, ни приближно не знае, што се случува и како се однесува вирусот!
Испаѓа дека тие со слаб имунитет поминуваат подобро, хинт децата до 8-9 години! Нив до таа возраст им се формира имунитетот, така да они се имунитетно инвалиди така да се каже. Е сега, ниедно училиште не е жариште и они се маргинален процент во бројката на заболени. Второ, една хрпа старци кои кој без симптоми, кој без проблеми го преболува вирусов. Од тоа што јас имам инфо, највеќе настрадаа тие со возраст кога би требало да се со најјак имунитет.
Остај тоа што настрадаа некои старечки домови, нека спроведат посаглам истражување, после ќе влечеме заклучоци.
Вакцината е игра на слепо, од типот може ќе се погоди. Како и досегашниве вакцини од грип, упорно се вакцинираат луѓе од варијанта од претходната година, а грипот секоја година доаѓа во мутирана форма. Али кад је бал, нек је бал! Башка за саглам вакцина треба време, испитување, па пак време па пак испитување и на крај ќе се погоди дека ќе се вакцинираме против непостоечки форми на вирусот. Ама како тргнал хајпот по вакцината, може и ќе ни нема спас, од неа мислам!
 
Не извлекувам заклучоци, туку најголем дел од починатите се на таа возраст.
Втора работа на таа возраст ретко кој е тотално здрав од аспект на кардио заболувања, атеросклероза, дијабетес, астми и тн.
Да, има и дечиња со овие болести, ама колку и да е нивниот организам се регенерира далеку побрзо и немаат проблем, особено кај нив ретко ја имаш атеросклерозата што е гратис шанса да не пречкрта некој од повозрасните (нели имаше наоди дека имаше тромбоза кај починатите од корона, што ако имаш атеросклероза далеку побрзо ќе те доведе до ова).
Се на се јас да би бил во критична возраст би си ја пробал среќата со вакцината, делувала или не, плус периодов би го држел имунитетот што е можно во подобра форма (зеленчук, избегнување на мрсна храна, к витамин, д витамин, магнезиум, ц, селен, би додал и цинк но со него треба да се внимава со дозите заради можност од тромбоцитопенија, б витамини, пробиотици и евентуално некој од (кверцетин, астанксатин, бета глукан)).

Не би навлегувал во тие теории на заговор околу вакцините затоа што и со нив нема докази што се случува, имаше нели муабет околу поврзаноста на аутизмот кај децата и вакцините, но јас таму би дал поголема шанса на храната со која се хранат мајките за време на бременост и децата додека растат, отколку на вакцините (пример Алцхајмерова болест сега веќе се нарекува дијабетес тип 3, т.е веќе има истражувања кои укажуваат дека оштетувањето на невроните доаѓа од недостатокот на инсулин или резистентноста на инсулинот...али ова е веќе друга тема, пробувам само да ти ја доловам поентата дека не се така црно-бели работите со вакцините).

За грип не сум се вакцинирал никогаш, но за ова би се вакцинирал, особено ако шансите да ми намали симптоми или тотално да сум безбеден се барем над 50%.
 
Една работа ме интересира, а тоа е, дали државата треба да има некоја зконска регулатива кога набавува вакви вакцини, да гарантира за нејзината ефикасност, да гарантира за здравјето на својот народ, да одговара ако вакцината има лоши контра ефекти.
Прво ќе вакцинираат све живо у Русија, САД, Англија. Си имаат сигурно и колатерална штета пресметано. Немаат намера со години да се заебаваат со локдаун.
Тек после тоа ќе стаса кај нас.
 
Прво ќе вакцинираат све живо у Русија, САД, Англија. Си имаат сигурно и колатерална штета пресметано. Немаат намера со години да се заебаваат со локдаун.
Тек после тоа ќе стаса кај нас.
Јеп, ионака имаат вишок старци кои се на товар на буџетот!
Овде ако се изништат старите, пола од популација ќе изумре, голем процент чекаат од пензионерите :toe:
 
Испаѓа дека тие со слаб имунитет поминуваат подобро, хинт децата до 8-9 години! Нив до таа возраст им се формира имунитетот, така да они се имунитетно инвалиди така да се каже.
... мислиш? не би рекла, дополнително не ги земаш во предвид „тазето“ дејство на вакцини што ги имаат примено до тогаш по задолжителниот календар за имунизација, посебно за вакцина БЦГ (турбекулоза), иако СЗО вели дека нема докази дека делува против инфекцијата со коронавирус, но нема докази дека не влијае позитивно на имунитетот токму од пулмоналниот напад на коронавирус, и токму времетраењето на БЦГ вакцина се смета е дека антителата е активна едно 50 тина години и ако се гледаат денешниве критични пациенти се токму тој поминат временски период на БЦГ вакцината, не е докажано, но не е и негирано и невоможно, а да речеме помладите кои починале од коронавирусот прашање дали биле вакцинирани со БЦГ (поради Х причини невакцинирани), да не се заинтересира никој околу таа проблематика ... само статистика и никакво стручно следење на можни искористување на постари вакцини, како што е БЦГ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom