Социјализмот или овие мерки функционираат вака. Има плати и тие краткорочно може да се дигнат а спуштат на долг рок. Или ако имаме социјализам ќе имаме малку повисоки плати во следните 5-10 години а сад или Германија место за 150 години ќе ја стигнеме за 250 години. Сите што се за недели минимални итн всушност крадат од своите деца и внуци.
Аман човече, дај одлучи се веќе. На други теми ти одговара социјализам и диктатури, а овде си против.
Ако другиот член од фамилијата пишува, се извинувам. Овој Стефус би го частел пиво, оној другиот што воспева социјалистички/диктаторски мерки само стап за него

И пред да каже некој "снајди се" и останати муабети, сфати не може сите да тераат бизнис или да идат у ИТ. Мора некој и да реди роба у маркет, да чисти, да чува, да работи на лента итн.
Е така не може секој да тера бизнис, ама со меркава и тие што решиле да тераат, ги кочиш. Државата можеше да донесе само зголемување на платата во недела и дали се почитува таквата одлука. И тоа е џабе, бидејќи ако газдата е гад, а вработениот зависи и нема друга опција од тие 15.000, разликата од 3.000 ќе му ги врати на газдата на рака.
@Lurtz Не знам дали прочита но фирмата за која пишувавме, вработувала 650 луѓе, но поради тоа што во недела кога струјата е евтина не смее да работи, морал да отпушти 150. Па ајде по трет пат, сега на тие 150 кој ќе им обезбеди плата да се прехранат, трошоци да платат итн итн.
Во приватниот сектор на доброволна база луѓето се вработуваат ги знаат условите и свесно ги прифаќаат. Ако државата си ја врши својата работа како што треба (правото) тогаш работите сами се балансираат. Посебно сега кога нема работна сила, си има приватници кои се свесни за состојбата па ќе платат и повеќе, па тие гадовите ќе мора да менуваат. Нормално треба време за ова.