Македонски апликации

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Pulse.eco платформа за животна средина. Поразлична од онаа МојВоздух.
Нуди за повеќето градови податоци за загаденоста, температурата, бучавата, влажноста, притисокот..

Целата оваa платформа e сеуште во развој. Кога одбрав за Тетово да ми вади податоци не добив за влажност, бучава, температура, притисок а за PM10, PM25, NO2, O3 имаше податоци. За Скопје си имаше за се податоци.

Достапна е и како апликација за Android и за iOS.
 
Последно уредено:
Брат катастрофа е апликацијава, ниеден попуст не дава.
 
Убаво што им текнало на некој да направи ова. Сепак мој замерки се нешто во дизајнот и нршто функции

Фотките скенирани од каталози/летоци а можеле да извадат само фотографии од производите бидејќи сигурно може да ги најдат на google и доле под фотката да додаваат цени.

Целиот дизајн е доста хаотичен на некој места дречави бои.

На Google play во делот кај што е скриншот прикажано како изгледа апликацијата ги има Кам маркет, Кипер, Дим ама ја инсталираш апликацијата и воопшто нив ги нема. Само Веро, Тинекс, Рамстор..

Во апликацијата кога пример ќе влезеш во Веро нема опвија да се вратиш на почетна кај што се изборот маркети.

Разбирам не секој е графички дизајнер, не секој има можности за повеќе ама се надевам во иднина ќе се поработи на подобро нешто.
 
Апликација за пријавување семејно насилство.
Автоматски споено мислење:

„мЗаедница“ е интерактивна дигитална платформа која се состои од мобилна и веб апликација која им овозможува на корисниците преку користење на мобилнен телефон, таблет или комјутер да комуницираат директно со вработените во општинските сектори, да остваруваат права и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината.

Убаво се само што за жал апликацијава/веб сајтот нема корист бидејќи вработени во општинските сектори повеќето не ја користат а и ги нема сите градови.

 
Последно уредено:
Моментално втора на листата топ бесплатна Android апликација на Play store во Македонија. Апликација за цени на горивата. Секако ситуацијата си го прави своето.

 
Не знам дали е апликацијава македонска ама пишува дека може да се користи и во Македонија.

Плаќајте паркинг преку апликација на Android оперативните системи на телефоните. Најверојатно преку GPS ја наоѓа локацијата кај си и така автоматски наоѓа во која зона за пркирање си и можеш да ја зачуваш зоната и регистарската таблцата за наредни паркирања на истото место ако често се паркираш таму.

Не возам кола па не сум ја користел за да знам дали функционира кај нас и како воопшто функвионира. Нека пише некој ако ја испроба или испробал веќе.
 
Последно уредено:
Македонска апликација со рецепти храна. Вчера ја пишав во темата соодветна за храна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom