Друже, ако знаеш, ако покажеш дека знаеш, ќе земаш повеќе од 300.
Но, како што реков, 95% од луѓето НЕМА да поминат техничко интервју затоа што немаат никакво искуство а нити се потрудиле нешто да направат самите.
Пак ќе ти посочам, како џуниор, првата година си на трошок на фирмата, фирмата нема профит од тебе.
Фирмата те гради тебе како дел од тимот, за да можеш да придонесеш во иднина.
Така да не, ако немаш поима, 300 евра не се малце плата туку треба да бидеш среќен што некој се нафаќа да те учи (пошто фирмата го плаќа и тој што те учи).
Никнаа 20 академии, вадат секаков кадар, пазарот на џуниори е заситен, платата е таа.
А од 300 до 1000+ се стига многу брзо во ИТ фирма, доколку те бива нормално.