11 tips & tricks за почетници

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
1. Не биди луд да купуваш скапа опрема веднаш.
Можеш да направиш прекрасни слики со евтина опрема. Погледни го овој албум. Колку повеќе слики сликаш, толку повеќе ке знаеш каков апарат ти треба кога ке купуваш опрема.

2. Користи триножник.
Ако рацете често ти се тресат, многу добра работа е триножникот. За повеќе стабилност, користи ја опцијата тајмер на апраратот.

3. Носи го апаратот со себе секогаш.
Добрите композиции често се појавуваат кога најмалку очекуваш. Ако твојата опрема е едноставна -мал апарат, торбица и триножник, секогаш ке можеш да фатиш некои неочекувани пози. Или пак, ако имаш телефон со камера, тогаш можеш да го користиш телефонот како „бележник“ на сцените кои сакаш да ги „фатиш“ со апаратот.

4. Направи листа на композиции што сакаш да ги направиш
Тогаш кога неможеш да го носиш апаратот со себе, носи мал бележник да ги забележиш местата кои сакаш да ги сликаш. Запиши ги сите важни елементи, како на пример светлината, за да можеш да се вратиш нареден пат во исто време, или пак кога времето е добро. Ако не сакаш да запишуваш, прати си самиот себеси е-мејл преку мобилен од jott.com.

5. Не ги препрегледувај секојдневните објекти за фотографирање.
Ништо ново нема да видиш ако ја сликаш твојата соба, но разгледувај ја околината со „четири“ очи. Можеш да фатиш некој интересен трик на светлината, или некои неочекувани цвеќиња во градината. Многу често еден едноставен предмет прави многу добра фотографија.

6. Уживај во процесот на учење.
Најдобриот дел од од хобито наречено „фотографирање“ е што никогаш нема крај од учење на нови елементи. Инспирација можеш да најдеш секаде околу тебе. Гледај се со очите на фотограф и ке видиш можности какви што немаш видено предходно.

7. Искористи ги бесплатните сервиси/ресурси за да научиш.
Разлистај го Flickr, или некои други фотографски сајтови за инспирација и совети. Исто така, побарај во твојата библиотека, можеби има некоја книга поврзана со фотографијата.

8. Експериментирај со опциите на апаратот.
Сликањето со Auto модот може да биде многу непрактично, зашто апаратот не секогаш добро ја проценува сликата. Разлистај го прирачникот за сите тие мали ситни знакчиња. Како што истражуваш, сликај ги објектите со различни опции за да научиш какви ефекти тие нудат, и што ти треба тебе. Кога бараш слики на твојот компјутер, можеш да ги провериш EXIF информациите за да ги побараш опциите кои си ги искористил.

9. Научи ги основните правила.
Количеството на информации за фотографијата на интернет е многу големо. Следи ги искусните фотографи што имаат да кажат за за одредена техника. Мораш да ги знаеш правилата пред да ги прекршиш ;)

10. Сликај секојдневно.
Пробај да сликаш по нешто секој ден. Ако неможеш секој ден, барем потруди се тоа да биде вежбање што е можно почесто, но и редовно.

11. Не се плаши да експериментираш.
Ако користиш дигитален апарат, тогаш грешките не чинат ниту еден денар. Експериментирај, може ке добиеш нешто што ќе ти се допаѓа. Ќе научиш многу во тој процес.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
12. Сликите се секогаш поубави ако пред сликање го извадиш поклопецот од објективот
 
На врв Bottom