Вработување во УБК

  • Креатор на темата Креатор на темата SupplementFreak
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е сосема јасно дека нема да остане место за рандом лик да упадне на работа како уличен полицаец.
Зборот ми беше дека ( членот кој ја отвори темава) сепак какви-такви сепак поголеми шанси ќе има да се вработи во тие 600 полицајци со средно, отколку во оние 30-тина со високо образование. Затоа што во тие 30-тина работни места од огласите се делат на различни факултети, по 4-5 од Економски, Правен, Филолошки, Безбедност, Криминалистика, Психологија..........

Ниту сега не е ништо сменето, познавам лик кој е полицаец скор е пред пензија, успеа синот да го вработи како обичен полицаец со средно, а во меѓувреме новопечениот полицаец студира нешто во Свети Николе на оној Рускиот Универзитет.

Нема шанси некој да влезе без партиски грб и квалитетни врски за обичен полицаец, но сепак реално процентуално е поголема шанса за влез како обичен полицаец отколку со високо образование во старт во МВР.

За влез во старт со високо образование во МВР не е доволно дебел партиски грб, мора да си нечиј роднина и син на тие високите партиски функционери.
Замисли објавуваат на оглас пример 3 места со Правен факултет, а од цела држава колку има партиски функционери кои имаат синови и ќерки со тој факултет? Можеби 20,30.....
Точно, но затоа имаш и кандидати со факултет за безбедност, или некој од тие што ги наброја ти, кои конкурираат за обичен полицаец со средно. Планот им е било како да се пикнат во МВР па од таму да напредуваат. Само незнам колку глуп треба да си, за да мислиш дека можеш да просперираш во ваква карикатура од држава. Ете, дури и на пример да успееш да се средиш, и созададеш семејство тука, само децата ќе си ги вовлечеш во уште поголеми гомна. Некои луѓе што јас лично ги познавам, после година дена работа во Полиција, напуштија, отидоа во странство, спечалија нешто, платија оштета на МВР и си се вратија во странство. А после сето тоа што го поминаа само за да добијат работа во МВР, лижење гз по штабови, давање пари за работа, стресови при селекција, обука во Идризово, само за да поработиш година дена и да си одиш... кујзнае што се не им се дешавано таму за да им пукне филм.

Пошто праиме муабет за чесно, без врски и остали ствари еве еден прост пример.
Ти со економски работиш како економист, 10 години си у фирмата, те ценат колеги, те ценат одговорни итн. Се пензионира твојот шеф, мислиш фер е да примат некој од надвор ако во самата фирма има веќе способен и докажан кадар за таа позиција?
Во неколку фирми знам дека има Интерни конкурси, и тоа не е ништо лошо и е баш фер. Интерен конкурс е конкурс каде што можат да аплицираат само вработените - им се дава шанса да напредуваат. Нешто што сите ние го сакаме. :)

За во МВР не гледам зашо да нема интерни конкурси. И праведно е така, претпоставувам дека и таму има луѓе што по 5, 10 години работат квалитетно и тоа им е шансата за да напредуваат.
Ок е тоа што го кажуваш за интерните конкурси. Јас на членот му упатив погрешна реплика без да го разберам неговиот пост во целост.
 

ДИГРЕСИЈА: „Горан Грујевски, началникот на Петтата управа во 2015 година ми го даде псевдонимот Самурај. Служеше за распознавање на одредени задачи во службата во одделот за оперативна техника и прикриени операции, попозната како Петта управа. Во 2015 кога ме ангажираа, им кажав дека имам 3 степен средно во ’Коце Металец‘. За трајно вработување ми требаше уште една година. Се запишав во средно ’Нова гимназија‘ на ФОН. Имав легитимација на УБК. Ми дадоа пиштол магнум 38 специјал агент. И радиостаница со 16 канали. Ја слушав комуникацијата на тајната служба. Беше на канал 3, со шифра 600. Ми рекоа во 2016 година да бидам очи и уши на Никола Бошковски. Тој го наследи Горан Грујевски. Грујевски, иако беше тргнат од функцијата, беше нејзина сенка и глава. Кога ми ги даде пиштолот и опремата, тоа се случи во база Брест. Пред да ми ја даде опремата, ме однесе во објект што беше државна тајна. Во 2016 година, кога почнаа истрагите на СЈО, Бошкоски беше во голема депресија. Во септември 2016 година дојде директор Владимир Атанасовски. СЈО влезе во МВР“.
„Нинџа имаше џип со петти степен на блиндираност и автомобил со седми степен на блиндираност, и двата од УБК. Исто така поседуваше и значка од УБК, но и радио станица кое го покриваше реонот на СВР Скопје. Таа беше наштелувана да се слушаат разговорите, но не и да се враќа“.
 
Што линкче е објавено, не можам да го видам :/

Изволте

EvahXRUWQAAeHM5
 
Ако има некој што поминал на лекарски преглед за работа во полиција нека ми пише :)
 
Ако има некој што поминал на лекарски преглед за работа во полиција нека ми пише :)


Кој поминал си поминал со врски и пријателства и ретко тоа некој да сподели доверливи информации и податоци. Таквите ги нема на форуми, освести се, кај ти се наоѓаш?

Фаќај врски партиски и останати ако сакаш во МВР или во безбедносни агенции да работиш.

Хигиеничарки се примаат со врски во обични комунални општински претпријатија а ти што очекувач за во МВР?
 
Кој поминал си поминал со врски и пријателства и ретко тоа некој да сподели доверливи информации и податоци. Таквите ги нема на форуми, освести се, кај ти се наоѓаш?

Фаќај врски партиски и останати ако сакаш во МВР или во безбедносни агенции да работиш.

Хигиеничарки се примаат со врски во обични комунални општински претпријатија а ти што очекувач за во МВР?
Јас не прашав како се примало во државни институции, тоа веќе на сите им е јасно и одговорот не ти е баш соодветен. Не се секирај дали имам или немам врски и "каде се наоѓам". За жал таков е патот за вработување и самиот кажуваш дека и за хигиеничарка се бараат врски. Фала богу има работа за тој што сака да работо ако не државно тогаш приватно или иди во странство. Секој со своја среќа и пат.
 
Јас не прашав како се примало во државни институции, тоа веќе на сите им е јасно и одговорот не ти е баш соодветен. Не се секирај дали имам или немам врски и "каде се наоѓам". За жал таков е патот за вработување и самиот кажуваш дека и за хигиеничарка се бараат врски. Фала богу има работа за тој што сака да работо ако не државно тогаш приватно или иди во странство. Секој со своја среќа и пат.


Јасно е што ти праша.

Но реално е дека луѓето ретко споделуваат информации, во последно време такви станаа многумина во општеството. Со среќа нека ти е што си наумил да оствариш.

Повторно ќе пишам: битно е да се најдат вистинските луѓе за вработување во МВР, а тоа околу лекарското е повеќе формалност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom