Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.712
- Возраст
- 34
Точно, но затоа имаш и кандидати со факултет за безбедност, или некој од тие што ги наброја ти, кои конкурираат за обичен полицаец со средно. Планот им е било како да се пикнат во МВР па од таму да напредуваат. Само незнам колку глуп треба да си, за да мислиш дека можеш да просперираш во ваква карикатура од држава. Ете, дури и на пример да успееш да се средиш, и созададеш семејство тука, само децата ќе си ги вовлечеш во уште поголеми гомна. Некои луѓе што јас лично ги познавам, после година дена работа во Полиција, напуштија, отидоа во странство, спечалија нешто, платија оштета на МВР и си се вратија во странство. А после сето тоа што го поминаа само за да добијат работа во МВР, лижење гз по штабови, давање пари за работа, стресови при селекција, обука во Идризово, само за да поработиш година дена и да си одиш... кујзнае што се не им се дешавано таму за да им пукне филм.Тоа е сосема јасно дека нема да остане место за рандом лик да упадне на работа како уличен полицаец.
Зборот ми беше дека ( членот кој ја отвори темава) сепак какви-такви сепак поголеми шанси ќе има да се вработи во тие 600 полицајци со средно, отколку во оние 30-тина со високо образование. Затоа што во тие 30-тина работни места од огласите се делат на различни факултети, по 4-5 од Економски, Правен, Филолошки, Безбедност, Криминалистика, Психологија..........
Ниту сега не е ништо сменето, познавам лик кој е полицаец скор е пред пензија, успеа синот да го вработи како обичен полицаец со средно, а во меѓувреме новопечениот полицаец студира нешто во Свети Николе на оној Рускиот Универзитет.
Нема шанси некој да влезе без партиски грб и квалитетни врски за обичен полицаец, но сепак реално процентуално е поголема шанса за влез како обичен полицаец отколку со високо образование во старт во МВР.
За влез во старт со високо образование во МВР не е доволно дебел партиски грб, мора да си нечиј роднина и син на тие високите партиски функционери.
Замисли објавуваат на оглас пример 3 места со Правен факултет, а од цела држава колку има партиски функционери кои имаат синови и ќерки со тој факултет? Можеби 20,30.....
Ок е тоа што го кажуваш за интерните конкурси. Јас на членот му упатив погрешна реплика без да го разберам неговиот пост во целост.Пошто праиме муабет за чесно, без врски и остали ствари еве еден прост пример.
Ти со економски работиш како економист, 10 години си у фирмата, те ценат колеги, те ценат одговорни итн. Се пензионира твојот шеф, мислиш фер е да примат некој од надвор ако во самата фирма има веќе способен и докажан кадар за таа позиција?
Во неколку фирми знам дека има Интерни конкурси, и тоа не е ништо лошо и е баш фер. Интерен конкурс е конкурс каде што можат да аплицираат само вработените - им се дава шанса да напредуваат. Нешто што сите ние го сакаме.
За во МВР не гледам зашо да нема интерни конкурси. И праведно е така, претпоставувам дека и таму има луѓе што по 5, 10 години работат квалитетно и тоа им е шансата за да напредуваат.