Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Софија да ја споредувате со Скопје е срамота. Софија е 2-3 класи над Скопје, во секој поглед. Како прво, Софија има неколку паркови кои се посредени од градски парк. Има зеленило, има места за излегување, повеќе опции за работа, светски фирми кои се достапни таму ради ЕУ/Шенген, болници, универзитети, јавен превоз (метро), широки булевари...

Далеку е некој посреден европски град, ама за нас е прва лига.

Ако во Скопје е 1500 евра квадрат, во Софија треба да е барем 3000 евра истиот, за дупло повеќе пари, добиваш 3-4 пати поквалитетен живот или ајде барем повеќе можности.
 
така е далеку подобар социјален живот се има
 
Џабе на тој начин ќе се води дискусија.

Скопје е скап за стандардот наш, дури и за „скопски“ плати.
Не е соодветна споредбата на Скопје со некој ЕУ или светски развиен град затоа што Скопје тоа не е (особено не со главни градови).

Проблемот е, не само Скопје ко такво, него и другите градови каскаме зад „конкуренцијата“ на Балканот, па потоа да излезиме од овие граници надвор и да споредиме градови со слична големина по светот.

Сè се сведува како во муабетот со Охрид - пари vs услуга, а во Скопје тоа е пресликано во пари vs квалитет на живот.

Како некој што живее тука генерациски и не би сакал да се сели што купува дури и по некои астрономски суми, така и некој што живее вон Скопје не би купил чисто заради причините од погоре + цената што треба да ја плати.
Паричката во секој случај си има две страни.
Генерале,во било кој главен град во светот работникот не можит да си дозволит да купит стан на атрактивно место ако не влегуваат 3 плати .....
 
^^ Е ова не ти требеше, ако го прочитет Кано и Питу уше од утре имаш додатни 200е по квадрат па ти види :D

sto ne e tocno? sekoj sto mozel se doselil vo skopje vklucuvajki te i tebe. ti rekovme daj go stanot/kukata za 1000ce i mrsh nazad od kaj sto si dosol ako tolku ne ti cini...
Автоматски споено мислење:

Софија да ја споредувате со Скопје е срамота. Софија е 2-3 класи над Скопје, во секој поглед. Како прво, Софија има неколку паркови кои се посредени од градски парк. Има зеленило, има места за излегување, повеќе опции за работа, светски фирми кои се достапни таму ради ЕУ/Шенген, болници, универзитети, јавен превоз (метро), широки булевари...

Далеку е некој посреден европски град, ама за нас е прва лига.

Ако во Скопје е 1500 евра квадрат, во Софија треба да е барем 3000 евра истиот, за дупло повеќе пари, добиваш 3-4 пати поквалитетен живот или ајде барем повеќе можности.

uste da nemase bugari... :toe:
 
Последно уредено:
Генерале,во било кој главен град во светот работникот не можит да си дозволит да купит стан на атрактивно место ако не влегуваат 3 плати .....
Како не ти беше јасно дека истото го напишав?
Во Скопје или било каде во позиција главен град, домицилно население купува имот затоа што не сака и не планира генерациски да се сели на друго место (без разлика дали во или вон границите на дадена држава).

Е сега дали ќе се стискаат во истиот стан од 50 квадрати барем 2 генерации или ќе си дозволат надвор од центар куќа или поголем стан (можеби два помали или комбо стан + гарсоњера) е прашање на избор и моментални можности. Во право си, не секој има такви можности па плаќаат колективно еден стан сите заедно затоа што не може да си дозволат повеќе - цените се високи.

Еве кај што живеам имаш имот од пола милион, како и таков од 300к еур и тако даље. Ти сам избираш дали трособен стан ќе го платиш пола милка во центар или ќе земиш куќа на „периферијата“ (7-8км од центар) каде ќе може да живееш ко паша.

Пример, во еден соседен град има едно ромско семејство од бт кое е тука со генерации. Случајно ги запознав и направивме муабет од нога што се вика. Тие наместо да купуваат рентале цела куќа, секоја генерација си има по 1 спрат, таткото со старата еден, синот еден и другиот син уште 1 спрат. Живеат сосема комотно и поволно иако под кирија, не им е висока. Не размислуваат за купување.

Секој сам си одбира каде и како ќе го проведе животот во однос на решавање на имотно прашање, убаво би било да го има и реши имотот што поскоро, што му дава (отвора) други комодитети потоа.

Тоа во однос на каде би живеел и како во Скопје или било каде (јас лично секогаш на периферија), а во однос на инвестиции Скопје би бил последното место каде би затворил пари во цигла. Нема инфраструктура никаква, презагаден е, не нуди ништо посебно како град за да ми е привлечен и да гледам негов развиток во догледна иднина па инвестицијата да ми расти пропорционално со развитокот на градот.
Потенцијал има, нема кој да го реализира во права насока тој потенцијал. На власта едноставно и е гајле.

Искрено, во МКД (освен градот од каде потекнувам и каде имотното прашање ми е решено) не би инвестирал никаде, Охрид можеби би купил имот за стари години бидејќи е место каде со задоволство одам (не само за одмор, него онака - енергетски таму полнам батерии во МКД) или можеби би инвестирал Берово или во Малешевијата за викендица. Но и на тоа не би гледал како инвестиција пар екселанс туку затворање на пари во цигла за сопствен комодитет и сопствен мерак. Дури и како такво, на некоја си листа од приоритети ми е на најдолните места засега.

Пари во цигла како инвестиција не го гледам како привлечна ствар во принцип, пре би отворил нов или купил разработен бизнис со X сума на евра отколку да богатам некој транзиционен или новопечен инвеститор кој ќе крени зградичка со сумлив квалитет на X локација.
 
Си се исплака? Ти олесна?
Кој ти е крив што ги слушаше тие што ти велеа дека квадратот ќе паднел на 500еур?
 
Си се исплака? Ти олесна?
Кој ти е крив што ги слушаше тие што ти велеа дека квадратот ќе паднел на 500еур?
Војводо, не ти беше доста едниот профил што ти го банираа, сакаш и овој?

Кој кому плаче или прозива ад хоминем освен ти на темава?

Исплати ги кредитите на недвижнините и после прави се газда, вака стопан си на 0 (дупло голо) пошто хипотеката ти е кај банката. Во превод, становите не се твои.

Муабет со 500еур квадрат може да правиш во маало на клупи - пошто само за таму е, тука за друго се води дебата повремено само не со тебе пошто како што гледаш луѓе избегаваат да те цитираат заради тоа што вака вадиш муабети од контекст и одиш кон лични глупости измишљотини и навреди.

Олабај се, празници идат.
 
Најдов оглас Хром продаваат стан 1500е квадрат, нови станови еден инвеститор најави веќе 1600. А Хром, иако има цевки за парно, не ставаат инсталации по новите згради. Се греат на клими што ниту е практично ниту нешто поефтино.
Од друга страна Н Лисиче (на имоти 24/7) има оглас стан 3 кат, со парно и лифт, 1430е квадрат. Зашто толку брзо се качува Хром (каде има доста затемнети станови) па да го стигне и НЛ, дали тие 2-3 инвеститори диктираат/креваат цени монополски, не знам. Или од ракав ги тресат цените. За 1500-1600 евра не е нешто уау. К Вода 2500е, Центар и тоа гарсоњера 1250.
На вакво кревање цени само неколку фирми и занимања може да се радуваат, кои имаат ќар од тоа.
 
Последно уредено:
Најдов оглас Хром продаваат стан 1500е квадрат, нови станови еден инвеститор најави веќе 1600. А Хром, иако има цевки за парно, не ставаат инсталации по новите згради. Се греат на клими што ниту е практично ниту нешто поефтино.
Од друга страна Н Лисиче (на имоти 24/7) има оглас стан 3 кат, со парно и лифт, 1430е квадрат. Зашто толку брзо се качува Хром (каде има доста затемнети станови) па да го стигне и НЛ, дали тие 2-3 инвеститори диктираат/креваат цени монополски, не знам. За 1500-1600 евра не е нешто уау.
На вакво кревање цени само неколку фирми и занимања може да се радуваат, кои имаат ќар од тоа.
Абе они креваат цени ама никој не им ги купува, гледам станови се едни исти се вртат, во Влае еден продава стан цела година ко го прашав колку, вели 1600 квадрат абе оди фрли се у Вардар уште 5 год. Ќе го врти по фејсбукон огласот.
 
од ракав веројатно, не верувам дека агентите за недвижности се до толку без критериуми. Погоре дополнив, центар гарсоњера 1250е, К вода 2500.
:confused:
 
од ракав веројатно, не верувам дека агентите за недвижности се до толку без критериуми. Погоре дополнив, центар гарсоњера 1250е, К вода 2500.
:confused:
Му викам аве братле не е во центар станов, леле ко ми се распењави, ај тоа Влае било сум знаела ли ја колку оделе во Влае во нови градби одма ги купувале уште неизградени :tapp::tapp::pos::pos::pos:
Жими се отвори на ФБ Станови во Скопје продавање купување, групана ќе знаеш за кој праам муабет, типот го врти огласот секој е*ан ден последнава година и тоа колку ја шо имам приметено, а можеби и од пред тоа го вртел само јас сега почнав да гледам огласи за станови од прошлава година не знам за претходно а можда од 2020 го врти:vozbud::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
еее, беше еднаш Влае, кога беше населба со куќи кога работеше кино Влае, кога Тафталиџе беше средено коцка. Сега на стара слава, нека го дава и 6-7000, можда 2040та ќе го продаде.
 
Не е само тој има и други огласи ги имам заприметено се вртат едни исти, еден во Карпош 3 мислам беше наместен го продаваат 1500 евра квадрат, ама од август месец е така уште се врти огласот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom