Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Малку да ви помогнам во дебатава али на кратко.
Вит Д3 си има дневно препорачани дози за внес, зашто некој би внесувал различно од тоа ако нема предходно испитано колку е во дефицит или во хипер безразлика.(или е со некоја дијагноза каде има потреба од различно дозирање од официјалното препорачано)
Пред неколку години имаше во докторската фела раздор по ова прашање. Еве ако си во тој круг слободно најди неколку поискусни педијатри од една страна и ортопеди од друга страна и види што ќе ти кажат.

Ве молам продолжете со дебатава пошто на Бафра му ги обожавам кратките,јасни и концизни постови.

Затоа што тие дози се за здрави прави луѓе, одржување само. Ти кога препишуваш медикаменти, на сите луѓе исти дози им препишуваш или по потреба?
 
Само што не помогна многу... :)

Прашањето е, дали е полезна/потребна суплементација со Д3.
Еве ги фактите подолу:
- најголемиот дел од луѓето се дефицитарни со Д3, дури и во сончевите држави близу Екваторот, заради промените во начинот на живеење и се помалку престојување на отворено
- витамин Д3 е исклучително важен, не е само витамин туку и хормон кој регулира многу биолошки процеси, и чиј недостаток (макар и делумен) прави штета на здравјето
- препорачаните дози секој ден се менуваат (нагоре) и првично се формулирани за спречување на рахитис и преживување
- хипервитаминоза од Д3 е исклучително ретка појава
- Д3 е евтин и достапен витамин

Ти до каков заклучок доаѓаш?

Бонус факт: Постојат доста истражувања кои покажуваат бенефит од суплементација со Д3, и како терапија и како профилакса за Ковид-19.
Јас ти ја сфаќам поентата и до некаде се сложувам со тебе. Посебно за делот кога е во прашање бенефитот од витаминската терапија.

Меѓутоа, мислам дека не треба да се претерува околу дозирањето. Точно е тоа што го збориш за студии, каде што се споменуваат дури и 10 000 и.е. дневно во третман на некои болести, но сепак тоа е строго под надзор од медицински лица, дури мислам дека во болнички услови. Такви дози да пиеш секојдневно, воопшто не е наивно. Иако екстремно ретко сепак преголеми количини витамин Д, може да прдизвикаат пораст на нивото калциум - хиперкалцемија, што од своја страна може да доведе и до појава на калцификати, и до појава на бубрежни камења, и до нарушување на срцев ритам. Ако пациентот има калцификати (имам еден таков дома), баш и не е паметно да се суплементира витамин Д. Или ако пациентот има саркоидоза. Или генерално висока количина на калциум и фосфати во организмот.

Лично мислам, дека во држава во која имаме доволно светлосни денови во годината, суплементација на витамин д во летниот период не е потребна. Наместо тоа би препорачала контролирано сончање. Во зимскиот период, зошто да не, па и повисока доза за време на настинка, инфлуенца, ковид 19, но пак мислам дека не треба да се претерува со истите.
 
Чешка од 09.02 укинува сертификати. Кај нив преоѓа ова во сезонски грип. Што од вакцинација, што од прележаност. Кај нас, ќе трае ова уште една година 100%.

Марта доаѓа не се секирај, до тогаш очекувам да седат сертификативе, после ќе спадне и бранот, ќе стане и кај нас како сезонски и ќе мора да се тргнат да се отвара полека се, и економијата да се стабилизира.
 
- најголемиот дел од луѓето се дефицитарни со Д3, дури и во сончевите држави близу Екваторот, заради промените во начинот на живеење и се помалку престојување на отворено
... малку погрешно толкување дека главна кривица за недостаток на Вит Д кај луѓето кои живеат во државите околу Екватор се „начинот на живеење и помалку престој на отворено“,

istockphoto-97864288-612x612.jpg

...напротив и цел ден да се на отворено под сончевите зраци тие луѓе ќе имаат дефицит на Вит Д и не само таму, туку секаде каде живеат луѓе со потемна кожа или црна раса, па затоа еден од најголемите проблеми на САД во лечењето на афроамеричко население за време на пандемија со коронавирус е токму испитаните многу ниски вредности на Вит Д (25-хидрокси витамин Д или 25(OH)D ) кај црното население, што им е национален проблем како една од дополнителните причини за многу други болести што доведува тој дефицит на Вит Д кај луѓето од црна раса.
... самата пигментација на темна црна кожа т.е. присуство на повеќе меланин со што се намалува способноста на апсорбирање на сончевите зраци т.е го блокира сончево UVB зрачење неопходно за неговата синтеза, а со тоа и синтетизирање на Вит Д, ама пак црнците имаат извонредна погуста коскена структура со тоа и помал ризик од остеопороза и фрактури за разлика од светлокожците без разлика од нивото на Вит Д,
- тој парадокс до ден денес се испитува!
Затоа што тие дози се за здрави прави луѓе, одржување само. Ти кога препишуваш медикаменти, на сите луѓе исти дози им препишуваш или по потреба?
...за да некој препорачува, препишува дози или јачина на суплементи кај здрави луѓе треба да има оправдување, а не препорака „од око“, штом некој човек е здрав нема потреба од суплементи, а ако претходно имал некоја еписода на дефицит, па му треба за одржување на подобрената ситуација некој суплемент тогаш да има оправдување за препорака, но треба барем неколку испитување да се направат барем тие лабораториски анализи со кои располагаме да би било и тоа оправдано дополнителниот внес на витамин, минерал или било кој олигоелемент!

...до пред некоја година уште не знаеле докторите (има исклучоци) дека постои воопшто таква опција на испитување на 25-хидрокси витамин Д, па дури и сега не само доктори туку и некои специјалисти, ендокринолози конкретно дијабетолози не се запознати за такви опции на испитување, на жалост!
 
Последно уредено:
ене го бе овој Ingvar, мислам дека има овде кажано дека кркал 10к
(коа беше заразен)
 
би препорачала контролирано сончање.

И јас сум за опција контролирано сончање и храна богата со витамин де, наместо употреба на тие разноразни таблети или капки....Но, сакам да прашам, бидејќи има многу различни мислења, а што е точно никој не знае..Дали кремите, млеката, уљето, сите овие средства за сончање кои содржат заштитен фактор, го блокираат влезот, т.с.го намалуваат абсорбирањето на вит.Д во телото?
 
ене го бе овој Ingvar, мислам дека има овде кажано дека кркал 10к
(коа беше заразен)
Што е чудно? јас откако испаднав позитивен 20-тина дена земав 10 илјадарки, со мрсен доручек. Инаку надвор од тоа зимава земам 5К, за некоја недела ќе почнам да намалувам како што ќе почнам да се враќам во нормала.
 
Не е чудно. Него у контекст на муабетот од предходно дека над 4к е опасно/штетно.
 
И јас сум за опција контролирано сончање и храна богата со витамин де, наместо употреба на тие разноразни таблети или капки....Но, сакам да прашам, бидејќи има многу различни мислења, а што е точно никој не знае..Дали кремите, млеката, уљето, сите овие средства за сончање кои содржат заштитен фактор, го блокираат влезот, т.с.го намалуваат абсорбирањето на вит.Д во телото?
Секако да, но ако си на одмор и знаеш дека подолго време ќе бидеш на сонце - мора да се заштитиш. Дозата ќе ја постигнеш секако, и ќе направиш и залиха за понатаму. :)
Автоматски споено мислење:

Не е чудно. Него у контекст на муабетот од предходно дека над 4к е опасно/штетно.
10К секојдневно е премногу. И треба да се комплементираат со К2.
4К е оптимално. Јас Декември/Јануари/Фебруари земам 5К... Пошто од некоја причина 5К софтгеловите се поевтини. :D
4К се ретки и ваљада затоа.
 
Не е чудно. Него у контекст на муабетот од предходно дека над 4к е опасно/штетно.
Не не, воопшто не викам дека е штетно. Значи ко што кажа и Ванлок, постојат студии дека и 50к се сосема безбедни за употреба, но сакам да кажам дека тоа не е дневната препорака и дека не е океј да земаш повеќе од препорачаните дози подолг временски период.

За возрасен човек, 2000 И.Е. се сосема доволно, евентуално 4000 И.Е. За повеќе, мое мислење е дека не треба. И секако, како што кажав, на крајот на краиштата дозирањето и временскиот период за земање на витамин Д3, како и за секој лек, треба да е индивидуално (возраст, коморбидитети, и др. околности).

@Vanlok не сакав да се мешам, само се надоврзав со моето размислување.
 
И јас сум за опција контролирано сончање и храна богата со витамин де, наместо употреба на тие разноразни таблети или капки....Но, сакам да прашам, бидејќи има многу различни мислења, а што е точно никој не знае..Дали кремите, млеката, уљето, сите овие средства за сончање кои содржат заштитен фактор, го блокираат влезот, т.с.го намалуваат абсорбирањето на вит.Д во телото?
...како тоа ,,никој не знае" точно се знае кој дел од телото се експонира на сонце, колку време и кое време во текот на сончевиот ден, кожата не смее да биде намачкана со било кое козметичко средство, со ниедно УВ заштитно средство, ниту со било каква шминка како течна пудра, дури ниту преку стакло (прозорец, шофершајбна), зашто нема никаков ефект за придонес за синтетизирање на вит Д во организмот,
...затоа за време на пандемија со коронавирус се донесоа смешни за подбив мерки од комисија за заразни болести да на отворено се носи заштитна маска, па дури ако се пешачи сам на планина, толку од природна апсорпција и создавање на толку пожелен вит Д во телото,
 
Таман ќе помислиш не можат подолу, тие ќе те израдуваат со уште една глупост. Глупост која е против закон за заштита на лични податоци и тајност на медицински податоци (исто така лични). Баш би сакал една кривична (затоа што подлежат на кривична) да им лупне некој како Левица на пример. Не постои минимален обем на лични податоци.
Ova e najubo nesto so da setaat bolni po ulica, abe avtomatot samo
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom