Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
До вчера можеа заедно во кафичи да седат ама сега во клупа - проблем е корона
 
Најјако од се, за локални избори е ова :pos:
Баш ме интересира која е врската на дупките кај мене на улица и лошата сигнализација со платите на докторите.

Па, по некоја луда логика, пробуваат локалните избори да ги направат Референдум на кој што народот ќе одлучува за и против мерките.

Не знам оти така, дали имаат некое истражување, па знаат дека многу луѓе што се проваксери ќе ги поддржат.

Последната анкета што ја гледав 50% од населението не сака да се вакцинира.
 
... колку сте само убедени дека моменталните антиковид вакцини произведени во март 2020 на првичниот алфа вирус од 2019, ќе делувал на мутиран вирус бета, зета, делта ...четири пати измутиран во лето 2021 со доминантен делта вирус, тогаш која е смислата на производство секоја година на пандемична вакцина против сезонски грип? зашто споредбено вакцина против сезонски грип не би делувало така на сите соеви од таа плеада на сезонски вируси како е насочено дека делува антиковид вакцините и ќе се прима вакцината против сезонски грип секоја година истата?

... смислата на вакцинирање и примање вакцина е само и само заштита од болест и никаква друга улога, антиковид вакцини мора да заштитат да не се инфицираме и да се разболиме од К19 и ништо помалку, затоа е вакцина, а не дека вакцината е да се инфицираш со вирусот, ќе го пренесеш ама нема да се хоспитализираш и ќе се спасиш од смрт, ова не можам да го прифатам никако според тоа што значи имунизација, значи вакцината гарантира да се биде имун на болест, а не имун на смрт!

... зарем сите кои се вакцинирани со антиковид вакцини немаат сопствен имунитет и кога доаѓаат во допир со нов сој мутирачкиот делта се активира имуниот систем, ама тој природниот, а не од антиковид вакцина,

антиковид вакцина ќе не заштити од алфа сојот не велам не, ама за друг сој мало сутра, се знае што значи антитела за антигени, антигени за антитела точно одредени формулирани структури, една промена мутација во протеинска обивка, генетски материјал, носачот спајк, веќе не важи сплотување и „неутрализација“ антитела - антигени, несоодејствува антителата на новите антигени што го нападна телото, а се измутирани и не одговара на формулата на произведената антиковид вакцина, не можам да прифатам нешто што не држи, затоа што некој така му одговара до презентира и тера со сила, со блокирање и уцена на човечекото достоинство и слобода на избор за сопствено здравје,
... вакцинација Да, со соодветна антиковид вакцина за соодветна болест КОВИД19 предизвикан од точно одреден вирус кој циркулира и таа ќе не заштити, исто како вакцината против сезонски грип, а не тука вакцина произведена со искуство од еден вирус од алфа сој ќе делувало на измутирачки три четири пати, бета, делта, ламбда, зета ...како да не!
 
Темава може да се преименува со наслов: ХИПОХОНДРИЈА во 21век...
Зарем и на рамната Земја е 21 век? Како мерите време вие? Нели не вртиме околу Сонцето на што базираш години?
 
  • Хаха
Reactions: wot
Да, заборавив, Фаучи не е научник и институцијата каде работи е = на некоја Македонска, а и тие со него што учествувале во истражувањето. :facepalm:
Покажи ми каде Фаучи кажува дека смртноста на под 50 години е 0.01%.Ете пак да удриме математика, ако секој што живее во САД до последен и има помалку од 50 години се зарази со Ковид, Американците би требало да имаат до кај 21.000 мртви. Во моментов имаат 32.000+ и мнозинство на луѓе незаразени сеуште.

Ако мислиш на бројката од 0.1% што би било 99.9%, тоа е едно 10 пати повеќе отколку таа што тврдиш 99.99% и додава уште една нула на крајот на сите бројки. На крајот од краиштата да ја земеме 99.9%, дали е нормално во Македонија во услови кога се е исто и се умира од сите други работи подеднакво да умрат екстра 900 млади луѓе?

Значи ОД корона, таа е стапката низ цел свет, а СО корона, тоа веќе си е друга прикаска.
Еве ајде ти објасни за Бугарија, зашто со помал број вакцинирани, а и претходно, помала смртност имаат?
Не можам да знам за Бугарија,можеби кај нив претхоните бројки на заразени/умрени биле поголеми, па имаат еноставно во комбинација со 1+ милион вакцинирани повисока стапка на колективен имунитет. Можеби сменето имаат протоколи на лекување во комбинација со делумна вакцинација и природен имунитет итн. Како и да е генералниот тренд кај повеќето земји е очигледен -> масновна вакцинација, слободни болници и помалку мртви во однос на нови случаи во споредба со претходните бранови.

За да го реформираме општеството, треба мнозинството да сака. Кај нас очигледно е дека не сакаме, по можност некој од надвор да дојде и да не среди.
Јасно ми е мене дека живеам во жабокречина систем, но не гаам илузии или да плачам, туку сум научил да се адаптирам на таков систем. Лестер на пример мене ме обвинува зашто давам мито. Ама ја знам дека ако не дадам мито во МКД нема да ми се заврши работата.

На форумов само реагирам, дека не е поради Бетмен, дека се злоупотребува за да се покријат гомнариите од неефикасниот систем. Можеби некои ќе сфатат каде реално лежат причините во големата смртност и зголемен број на случаев со сериозни последици, ќе бараат нешто да се промени, за да не ни се повторува ова секоја година.
Епа баш затоа што системов ни е жабокречина е додаден аргумент да се вакцинираме. Не сум луд да оставам се на нашево здравство да ме лекува. Порадо и покрај младоста ќе сакам да си ги намалам шансите додатно да им „паднам во раце“ и да им ги одземам аргументите на Филипче и компанија за нови полициски часови и затварања.
 
Значи сите што не сме за присилна вакцинација сме ВМРО - овци ...
мммм, ок

леле леле... како бе „ за имунизација“ како вака општо во исти кош со други вакцини? а другиве антиваксери... како бе вака осудувате, леле значи кои им се советнициве благе везе немаат аууу, од кога памтам само гафови, циркусијада, мешани државни знамиња, главни градови на држави сега и ова... резили! :facepalm:
 
Касно палиш. :misticen:
Има уште една ваква:
"Сдсм им ги качи платите на докторите. Дпмне ги нарекуваше докторите убијци."

Пишував дека Заевизмот е пуштен на најсилно баш вчера. :D

И го покажав билбордов на жена ми и ми вика:

"Абе ова ќе напрај контраефект, не е можно да се до толку, сигурно ВМРО ги има поставено билбордиве..." :pos:
 
Зарем и на рамната Земја е 21 век? Како мерите време вие? Нели не вртиме околу Сонцето на што базираш години?
Зависи на која земја си... На круша или на топка? Ти се врти или не?
Автоматски споено мислење:

Кога би биле сите вести прикажувани на сличен начин редовно би ги следел... https://tocka.com.mk/vesti/386852/g...medicinskata-sestra-se-soblekla-pred-kamerata
 
Знам, денгубење е интересно, школување ама ич

не сите деца идат по кафиња, али сите идат у школо и седат таму по 6-7 саати. Споредбава ти е многу глупава искрено.
 
Кога би биле сите вести прикажувани на сличен начин редовно би ги следел... https://tocka.com.mk/vesti/386852/g...medicinskata-sestra-se-soblekla-pred-kamerata

... ова значи соблекување и тоа само едната страна од униформата, на видеото покрај другото е фатено подготовка за вакцинација на медицинско лице (не знаеме дали е медицинска сестра или докторка, а и не е важно) што ја подготви раката за боцкање, е сега зошто вака испадна, самиот камерман пријатно изненаден, а и другите не внимавале на аголот што све зафаќа објективот, све тоа природно се случило! :P
 

... ова значи соблекување и тоа само едната страна од униформата, на видеото покрај другото е фатено подготовка за вакцинација на медицинско лице (не знаеме дали е медицинска сестра или докторка, а и не е важно) што ја подготви раката за боцкање, е сега зошто вака испадна, самиот камерман пријатно изненаден, а и другите не внимавале на аголот што све зафаќа објективот, све тоа природно се случило! :P
Камерманот треба да се казни под итно, се разбира само ако не е договорено такво сценарио.
Добро е што инекција не и ставале па да треба суќна да крева и гаќи да спушта
 
Во моментов имаат 32.000+ и мнозинство на луѓе незаразени сеуште.

Нели Караџовски кажа и да загинел во сообраќајка, ако е позитивен, го ставаме во бројката почитани од ковид. Треба ли уште посликовито да ти се објасни дека бројките врска немаат.

Од каде знаеш кој се е заразен, кој бил, а кој не бил... затоа лесно е да манипулираш со статистики, и едната страна и другата имаат аргументи, па додека ние се препукуваме, додека обвинувате дека народ раце не си миел или поради што не се вакцинирал, тие си тераат агендата.

Епа баш затоа што системов ни е жабокречина е додаден аргумент да се вакцинираме. Не сум луд да оставам се на нашево здравство да ме лекува. Порадо и покрај младоста ќе сакам да си ги намалам шансите додатно да им „паднам во раце“ и да им ги одземам аргументите на Филипче и компанија за нови полициски часови и затварања.

Затоа кој сака нека го земе тоа во предвид и нека се вакцинира, нема потреба од мерки и ширење паники.
Ти што сакаш прај си, сакаш падни им во раце или врз глава, твој избор, ама кога се мешаш во мојот, тогаш настанува проблемот.
Ја не ти викам да не се вакцинираш, опасно е, или што ти ја знам. Гајле ми е дали ти и Рон по 4 дози ќе шибнете или секоја наредна година нови 2. Ама кога барате уште построги мерки и казни, тогаш веќе имаме проблем.
Зашто мерки? Зашто не кажат, кој е вакциниран, може без маска во Ситимол, а кој не е, ќе мора со маска? Нели маската штитеше, што бидна со таа мерка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom