Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Лепото, ја не знам кај виде дека сум пишал дека НЕ СМЕЕ ЗАКОНСКИ да ми се ограничи правото на слободно движење.

Од цел пост успеа да се фатиш на нешто што го немам пишано?
Но, ти со сила мене да ме приморуваш да се вакцинирам, да ми забрануваш движење, да ми ја ставаш егзистенцијата у прашање, психички да ме уништуваш, да ми забрануваш социјален контакт и тоа со одржување на дистанца и почитување на мерки само поради тоа што ти, твоите или некои други се у ризична група е чиста себичност.
Не е себичност. За колективното добро е.
 
Знам како функционираат де, ама кој ги навикна така? И не само нив туку секаде.
Дај да почнеме да ви земаме мито и во приватен сектор ако сте толку дарежливи.
Се е почнато во комунизмот со носење кафе за завршена работа на некој административец за која и зима плата. Плус неказнивоста и нефункционална држава. Немам дадено мито ама си давам на приватно. Еве ти кажи како да го решиме ова?
 
Еве уште едно колективно добро за да можат и останатите гастарбајтери да си дојдат дома без никакви мерки на граница додека Миле без аусвајз не смее кафе да испие во кафич

Нови правила за влез во државата од 1 септември

А после 1 септември и онака протокот на патници се намалува на минимум

Едно општество за сите
 
МОЖЕ. МОЖЕ да ви се ограничи право на слободно движење.

Според МПГПП - Меѓународен пакт за граѓански и политички права (член 12(3)), слободата на движење може да биде ограничена, доколку органичувањата се предвидени со закон, неопходни за да се заштитат определени легитимни цели (меѓу кои е и јавно здравје) и се во согласност со другите права признати со овој меѓународен договор.

Членот 5 од ЕКЧП - Европска конвенција за човекови права во став 1 точка Д го оправдува лишувањето од слобода во време на епидемии односно истото е врз основ на закон доколку се работи за лишување од слобода на лице за да се спречи ширење на некоја заразна болест.
Е супер, истото го пишува и во Уставот, ама големото прашање е како јас го загрозувам здравјето во кафич, а не во бус, мол, продавница, маркет, државна институција, бизнис, и сл.
Второто големо прашање е трансмисијата и меѓу вакцинираните која е речиси истомерка како и невакцинираните.
Трето, според Резолуцијата 2361 не може да се врши дискриминација меѓу оние кои не можат да се вакцинираат и оние кои не сакаат да се вакцинираат.

пи.ес. Читни го првиот дел (за МПГПП) - треба да постои законска регулатива, значи треба и неа да ја цитираш. И за ЕКЧП истото важи. :P
 
Е супер, истото го пишува и во Уставот, ама големото прашање е како јас го загрозувам здравјето во кафич, а не во бус, мол, продавница, маркет, државна институција, бизнис, и сл.
Второто големо прашање е трансмисијата и меѓу вакцинираните која е речиси истомерка како и невакцинираните.
Трето, според Резолуцијата 2361 не може да се врши дискриминација меѓу оние кои не можат да се вакцинираат и оние кои не сакаат да се вакцинираат.

пи.ес. Читни го првиот дел (за МПГПП) - треба да постои законска регулатива, значи треба и неа да ја цитираш. :P
Аман бе Дамби, ние од утре нема да може да мрднеме, а ти си се фатил со тој устав и не го пушташ:facepalm:
Бадијала филозофирање, не турија у ќош.
 
Не е себичност. За колективното добро е.
Тогаш го спинуваш.

Но, ти со сила мене да ме приморуваш да се ВАКЦИНИРАМ, да ми забрануваш движење, да ми ја ставаш егзистенцијата у прашање, психички да ме уништуваш, да ми забрануваш социјален контакт и тоа со одржување на дистанца и почитување на мерки само поради тоа што ти, твоите или некои други се у ризична група е ЧИСТА СЕБИЧНОСТ.

Никаде у постот не пишува дека НЕ СМЕЕ, но прашање е дали е морално? Дали е правилно? Дали е себично?

За колективното добро може лицата од ризичните групи да се вакцинираат и делумно да се изолираат, а нас останатите да не остават да живиме, нели?
 
Аман бе Дамби, ние од утре нема да може да мрднеме, а ти си се фатил со тој устав и не го пушташ:facepalm:
Бадијала филозофирање, не турија у ќош.
Да, ако те мрзи да читаш, не мора да читаш. Зборуваме за уставноста на мерките.
 
Се е почнато во комунизмот со носење кафе за завршена работа на некој административец за која и зима плата. Плус неказнивоста и нефункционална држава. Немам дадено мито ама си давам на приватно. Еве ти кажи како да го решиме ова?
Никако, нема решение и ќе станува се полошо. Нашите мили брача најмногу го форсираат митото, едноставно тие не влегуваат никаде без мито.
Јас дигнав раце од тука, не планирам да ја оправам ниту пак ја влошувам, мито од мене ни виделе ни ќе видат.
 
Е супер, истото го пишува и во Уставот, ама големото прашање е како јас го загрозувам здравјето во кафич, а не во бус, мол, продавница, маркет, државна институција, бизнис, и сл.
:P



Ете мол влезе во листа. :D





 
Тогаш го спинуваш.



Никаде у постот не пишува дека НЕ СМЕЕ, но прашање е дали е морално? Дали е правилно? Дали е себично?

За колективното добро може лицата од ризичните групи да се вакцинираат и делумно да се изолираат, а нас останатите да не остават да живиме, нели?
Сега следуваат чл. 4 и чл. 5 од Законот за заштита на населението од заразни болести, па потоа пак Уставот, па пак Уставот и така. Веќе водена дискусија. :D

Не сакам да ја напаѓам, ама нема допирна точка со колективното добро забраната за движење. Можам да стојам пред кафичот, а не можам во него! Како ќе се намали така трансмисијата на вирусот? Генерално тој се ширеше на слави, свадби, собиранки и забави, каде има поголема група луѓе.

Ете може и на протест, како оној во четврток, да се шири вирусот. :)
 
Кладилници и казина?!

Е сега ќе имаме за 2-3 недели огромен скок на вакцинирани и ќе стигнеме до 50% со две дози гарант. :cool:
Таман ако имаше сомнеж, ќе се разјасни кои се приоритетите во животот. :)
 
Аман бе Дамби, ние од утре нема да може да мрднеме, а ти си се фатил со тој устав и не го пушташ:facepalm:
Бадијала филозофирање, не турија у ќош.
Тоа ти е све по заслуга на разни пичкетини од луѓе на твитер кои ги пингаат овие гомна што се на власт...пинг овој пинг оној све им ебам пичкарско...бета машките се за нив гладијатори у права смисла на зборот...каков устав какви закони какви бакрачи...
 
Аман бе Дамби, ние од утре нема да може да мрднеме, а ти си се фатил со тој устав и не го пушташ:facepalm:
Бадијала филозофирање, не турија у ќош.

Рон и Филипче


1.png

Гледајте позитивно на промениве, повеќе во природа, дружба во парк и можност коцкарите да се откажат од казина и кладилници
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom