Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
... во моментот само од тестовите која пара се прави, посебно тие лаборатории кои се акредитирани (читај лиценцирани од државата) да дадат сертификати за преку граница, сите јадат од колачот, а пациентот плаќа зашто истите антиковид тестови не се покриени од ФЗОМ, иако осигуреникот цел живот им плаќал на ФЗОМ!
 
... мислиш % ? здрави особи кои се вацинирани со антиковид вакцини имаш повторна инфекција иако ТИЕ се со здрав имунолошки систем, не можеш да споредиш со особи кои имаат проблеми со имунолошкиот систем, па % е понизок на горе спомнатите вакцини, споредбата ти е несоодветна, се фаќаш за сламка да докажеш ама баш ништо!
Од што заклучи процентот на погорнине вакцини е помал од 100% исклучиво поради проблеми со имунолошкиот систем? Ај да не започнеме со комбинацијат на дифтерија/пертусис (плус тетанус) кај што заштитата е ~80% односно ~95%. Викаш дека 20% од популацијата има проблеми со имуниот систем?
 
Па 90% од бројките на позитивни се симптоматски. Другите 10% се некој што прави тест за на одмор. Не дека некој без симптоми се тестира секој ден.

Едноставно е, наративот што го продаваа пред некој месец, вакцинирај се за да не се заразуваш и да ги заштитиш ризичните групи беше лага. Што не значи дека вакцината не е корисна. Туку само значи дека тие што носат одлуки, мора да ги земаат мислењето на научната јавност со резерва. Затоа што вторава лаже, суши.
Симптоматски да, ама статистиката барем сега за сега оди во прилог на тоа дека смртноста кај позаразниот делта сој е далеку помала во споредба со претходниот британски сој. И во Израел и Британија. Вакцините се виновник број еден за тоа. Постојат студии кои покажуваат дека со вакцинацијата само во Англија досега се спречени 7,2 милиони инфекции и околу 27.000 смртни случаи. Остај го тоа што го збори Тенеке.

Тоа е тоа што го беше спомнал некој погоре кога секој втор со титула доктор и сопствениот авторитет (без разлика што не е во доменот на неговата специјалност) си зема за право да собира медиумско внимание и поени за сметка на корона кризава, вакцинација и се што е поврзано со истото. Од километар се осеќа политичка аспирација.

Ти барем не беше антивакцер, од каде сега овој песимизам. :D
 
Дали 90, 70 или 50%. Бројките од УК и Израел покажуваат дека во брановите со и без вакцинирани со слични бројки заразени има далеку помалку хоспитализирани и жртви, посебно кај постарите, во бранот со вакцинираните секако. Видлив е ефектот а за процентите тоа е академска дисукусија која е небитна за Мара од Мариово. Секој над 18 години подобро да е вакциниран него да не е.
 
Од што заклучи процентот на погорнине вакцини е помал од 100% исклучиво поради проблеми со имунолошкиот систем? Ај да не започнеме со комбинацијат на дифтерија/пертусис (плус тетанус) кај што заштитата е ~80% односно ~95%. Викаш дека 20% од популацијата има проблеми со имуниот систем?
... лично имам прескочено вакцина поради зафатеност на имуниот систем со друга здравствена проблематика, не дека имав проблем вродено со имуниот систем туку моментално кога требаше да се прима вакцина со редовна каледарска имунизација ете уште еден дел од тој % што е понизок,
...факт дека после колку сакаш временски, недела, две, месец, два, три, пет вакцинирани со антиковид вакцина ако се експонирани во просторија со коронавирус со таква лесна трансмисија се инфицира, па пишал ти или не споредби што не држи воопшто место тука, а тоа дека „спасува“ од болничко хоспитализирање, не знам што бараат сега вакцинираните да лежат по болниците?:toe:
 
Додека не се постигне доволен број на вакцинирани, на вирусот ќе му се остава простор да мутира и да создава нови варијанти отпорни на вакцината.
Ova bas me interesira pa ako mozi da mi go objasnis ko na malo dete.
 
Симптоматски да, ама статистиката барем сега за сега оди во прилог на тоа дека смртноста кај позаразниот делта сој е далеку помала во споредба со претходниот британски сој. И во Израел и Британија. Вакцините се виновник број еден за тоа. Постојат студии кои покажуваат дека со вакцинацијата само во Англија досега се спречени 7,2 милиони инфекции и околу 27.000 смртни случаи. Остај го тоа што го збори Тенеке.

Тоа е тоа што го беше спомнал некој погоре кога секој втор со титула доктор и сопствениот авторитет (без разлика што не е во доменот на неговата специјалност) си зема за право да собира медиумско внимание и поени за сметка на корона кризава, вакцинација и се што е поврзано со истото. Од километар се осеќа политичка аспирација.

Ти барем не беше антивакцер, од каде сега овој песимизам. :D
Јас уште не сум антиваксер. Вакцините покажуваат убав успех во борба со смртните случаи и потешки зарази, тоа е точно. И мислам дека населението треба да се вакцинира. Ама исто е точно дека бројките се далеку од рекламираните.

И ме нервира што луѓе што треба да се бават со наука, се бават со ПР. Не е работа на науката да го убеди народот во нешто. Работа на науката е да го издржи тестот на времето и да биде во право. Тоа е најдобар начин да биде земена релевантно. Треба вирусолозите да престанат да се грижат како Трпе ќе ги разбере, и да ги поедноставуваат работите за на Трпе да му се свиѓаат. Нив Трпе не треба да ги разбере, и не мора да му се свиѓа вистината.
 
Додека не се постигне доволен број на вакцинирани, на вирусот ќе му се остава простор да мутира и да создава нови варијанти отпорни на вакцината.
И јас сум живо заинтересиран да ми го објасниш ова ?
 
Јас уште не сум антиваксер. Вакцините покажуваат убав успех во борба со смртните случаи и потешки зарази, тоа е точно. И мислам дека населението треба да се вакцинира. Ама исто е точно дека бројките се далеку од рекламираните.

И ме нервира што луѓе што треба да се бават со наука, се бават со ПР. Не е работа на науката да го убеди народот во нешто. Работа на науката е да го издржи тестот на времето и да биде во право. Тоа е најдобар начин да биде земена релевантно. Треба вирусолозите да престанат да се грижат како Трпе ќе ги разбере, и да ги поедноставуваат работите за на Трпе да му се свиѓаат. Нив Трпе не треба да ги разбере, и не мора да му се свиѓа вистината.

Научници уживаат поголема доверба од политичари и ПР-луѓе. Плус дел од работата е науката да ја пренесеш на сите, и на ненаучниците. Не гледам дилема. Напротив.
 
Научници уживаат поголема доверба од политичари и ПР-луѓе. Плус дел од работата е науката да ја пренесеш на сите, и на ненаучниците. Не гледам дилема. Напротив.
И ја користат таа доверба за да лажат. И тоа лаги кои после 3 месеци ќе станат самонегирање. Одлично искористена доверба, нема што.
 
И ја користат таа доверба за да лажат. И тоа лаги кои после 3 месеци ќе станат самонегирање. Одлично искористена доверба, нема што.

Со минато време во науката се менува и знањето за нештово. Тоа што пред три месеци беше зознание денес може да не е повеќе валидно. Науката е течен процес. Ама ти ја сфаќам поентата, изгледа како лага. Сепак не е решение да се ќути, туку треба да се објасне.
 
Автоматски споено мислење:

Со минато време во науката се менува и знањето за нештово. Тоа што пред три месеци беше зознание денес може да не е повеќе валидно. Науката е течен процес. Ама ти ја сфаќам поентата, изгледа како лага. Сепак не е решение да се ќути, туку треба да се објасне.
Problemot e vo ova. Toa sto bese nesporen fakt pred edna godina, 6meseci,3 meseci i cela naucna fela se krstese vo toa kako da e vo kamen isklesano samo po nekolku meseci stanuva nesto od tipot pu pu nevazi, malo smo se salili od istata taa fela koja sega ima novi nesoprni fakti isto taka vo kamen isklesani. Ne e sporno deka ima mnogu nepoznati raboti ama koga za nesto ke recis deka e taka, deka toa e fakt i si go stavas renometo pozadi toj fakt koj go promoviras togas toj fakt treba da go izdrzi zabot na vremeto a ne po nekoj mesec da padni. Togas slobodno moze da mu se izmoca i na renometo sto go gradel, i na obrazovanieto i na se. Ne e taa rabota forum pa ke treskame gluposti pa ko ke zgusni ke si go izbrisis profilot i ke se pojavis so nov.
 
Последно уредено од модератор:
Legendata veli deka nekogas medicinarkava vaka izleguvala vo presret ama toa so prethodniot acaunt. Za so noviot nemame takvi informacii.

За жал докторкава тотално разочарува, а беше толку многу јака на збор и на пресметки.
 
Со минато време во науката се менува и знањето за нештово. Тоа што пред три месеци беше зознание денес може да не е повеќе валидно. Науката е течен процес. Ама ти ја сфаќам поентата, изгледа како лага. Сепак не е решение да се ќути, туку треба да се објасне.
Науката е течен процес, ама мора да има и етика инкорпорирано во тој процес. Етичките дилеми започнуваат со тестирањето врз животни и продолжуваат до таму каде се тестира врз лица кои не можат да изјават правно-релевантна волја.

Тука треба да му објасниш на верникот дека култот во кој верува се темели на лага и поединецот да ја прифати новата вистина. Мал дел веруваат во чипови и во магнети. Дел во тоа дека вакцината служи за депопулација, дека креира стерилитет, дека вакцината убива. Дека ако била добро, немало да биде бесплатно, а всушност како и секое добро има реална цена на пазарот. Гледам она што кружи во фб по групите.

Од друга страна треба да се направи чистка со митот дека вакцина штити 90% од хоспитализација или смртност. Треба да се објасни најпросто. Ти дава одредена поголема заштита, земи или остави. Вакцината е доброволна, зависи од твојата волја.

И не требаат казни. Зошто некој да ме казнува за производ кој не го сакам? Тука уживам и уставна заштита и поради тоа не треба да видам навредуван (како фашист, антивакцер или дека ќе сум присуствувал на антихуман настан!). Секоја вечер има забави на плажите, по дискотеките, ама еден протест ќе ги качел бројките! А имаше и други протести изминатава недела, еден против мигрантските кампови и еден затоа што граѓаните немаат вода за пиење на овие високи температури!

Треба да се разграничи митот од вистината. :)
 
Со минато време во науката се менува и знањето за нештово. Тоа што пред три месеци беше зознание денес може да не е повеќе валидно. Науката е течен процес. Ама ти ја сфаќам поентата, изгледа како лага. Сепак не е решение да се ќути, туку треба да се објасне.

Игорче, мислам дека не разбираш, ги штеловале бројките за ефикасност на вакцините. Сметале со период од една година, скоро 5 месеци кога не се користеле вакцини, а короната хараше и имаше огромни бројки.

Значи за очекување од Заев вака да ти смета просечна плата во државава, и да се фали колку пораснала, ама за научници кои треба да го спасат светот, мислам дека е права катастрофа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom