Симптоматски да, ама статистиката барем сега за сега оди во прилог на тоа дека смртноста кај позаразниот делта сој е далеку помала во споредба со претходниот британски сој. И во Израел и Британија. Вакцините се виновник број еден за тоа. Постојат студии кои покажуваат дека со вакцинацијата само во Англија досега се спречени 7,2 милиони инфекции и околу 27.000 смртни случаи. Остај го тоа што го збори Тенеке.
Тоа е тоа што го беше спомнал некој погоре кога секој втор со титула доктор и сопствениот авторитет (без разлика што не е во доменот на неговата специјалност) си зема за право да собира медиумско внимание и поени за сметка на корона кризава, вакцинација и се што е поврзано со истото. Од километар се осеќа политичка аспирација.
Ти барем не беше антивакцер, од каде сега овој песимизам.