Тешките случаи со оваа сегашна варијанта и сите претходни варијанти. Со секоја нова варијанта вакцините можеби нема да штитат од зараза, но телото има некаква информација како да се бори со тој вирус и неговите варијанти. Затоа и вусшност е ефикасна од штитење од тешки облици на ковид, не е нешто што телото прв пат го гледа. Ако го прележат делтата со лесна клиничка слика ок, нека го прележат сите.
Плус, колективен имунитет не се стекнува баш така лесно.
Сега за сега имаме 160.000 дијагностицирани случаи што и покрај се е можеби 10% од населението. Бројката на заразени е нешто поголема, а бројката на тие кои навистина Ковид е тоа што ги убил или направил да се прелие чашата е нешто понизок.
Еве нека е едната бројка х5, а другата 1/2. Тогаш би имале веќе 800.000 прележани и 2750 мртви што би било 0.35% смртност, стапка што е горе-доле 3 пати повисока од сезонски грип. За да го прележат сите треба барем уште толку да се заразат и да умрат. Значи и покрај година и пол ќе треба можеби уште толку да го прележат сите и да ја десеткуваме старата и ранливата популација и според најоптимистичните варијанти.
Според индиската држава Керала 14.974 реинфицирани имале и 5042 случаи на целосно вакцинирани позитивни, тоа е нешто што вака најдов на прва со свежи од месецов податоци.
A high number of old, diabetic patients has created a susceptible pool in Kerala, the Centre said, sounding a warning for the upcoming Onam festival.
www.hindustantimes.com
Има голем проблем во светски рамки, а тоа е што речиси никој не тракира број на реинфекции и сите до сега пријавени се ангедотални случаи. Факт е дека реинфекции има и само 1% од тие што прележале да се рефинцираат, пак тоа би значело милиони нови инфицирани во светски рамки.
Уфф вака расфрлање со бројки....130 пати подобро било. Создавање имунитет низ вакцинација е секогаш подобрата и посигурна опција од заразата.