Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ете за да докажеш дека поранешната вработена од Фајзер лаже треба да земеш едно шишенце и течноста да ја однесеш на хемиска анализа и таму да утврдат кои состојки ги има во течноста исто како што се испитува бунарска вода дали е за пиење или не.
Поранешна вработена? И нема доказ..океј.

Доста бе веќе го труете народот со вакви дезинформации и глупости. Нели ви се смачи?
Истражувањето на кое се повикуваш од некоја си наводна поранешна вработена во Фајзер, не може да биде научен доказ затоа што не е објавено во ниту една научна студија ниту пак е прегледано од медицинската заедница.Ниту пак јас сум таа која може да докажува дали некој лаже или не. Значи, постои нешто што се вика научна рецензија.

Еве да ти кажам, дека авторот кој што ја анализирал течноста на нешто што наводно треба да биде Фајзер вакцина, признал дека епруветата со течност ја добил со достава и дека наводно му била испратена од Рикардо Делгадо Мартин. Изгуглај го ова име и презиме и ќе видиш кој е човеков кога станува збор за антивакцерски информации.

Графен оксидот не е на официјалната листа состојки на вакцините. Споделив горе сриншот, или ако сакаш еве и тука може да си провериш, на македонски јазик. Значи, станува збор за нешто што е официјален документ!

Еве и тука:

Навистина не знам како имате толку слободно време за да секоја една работа ја вадите надвор од контекст. Како имате време да манипулирате со секоја една информација за да создадете вештачка конструкција за евентуална депопулација на планетата?! Види, ако некој сакаше да го истреби човечкиот вид, воопшто немаше да има потреба од вакцини, туку едноставно ќе си го оставеше вирусот да циркулира, да одзема животи и полека полека ќе се намалеше бројката на светската популација. Или па едноставно, ќе си ги искористеа другите вакцини и инјекции кои се ставаат секојдневно во амбулантите. Немаше ни да забележиме. Значи, вакцините не одземаат животи, туку спасуваат. Ковид 19 одзема животи.
 
Со сета должна почит, затоа што убаво те знам дечко :D

Не мислиш дека е малку глупо кога антиваксерите зборат за отрови, кога всушност ние на овие простори сме убаво озрачени од осиромашен ураниум после 90 - тата? Линданот од ОХИС, го заборавивте?
Токсичните масла што ги користат Анѓушев, Фени и сите други јавни установи и приватни фирми? Арсенот во водата во Гевгелија?

Драги луѓе, Чернобил не ни е рамен. Наместо вештачки да конструираме разни теории за нешто што не е наша работа, фино е да се позанимаваме малку со она што навистина е наш проблем и директно го засега секој од нас.
 
Поентата е околу конспираси теориите, и така се погоди после твојот пост иначе не е поврзано со тебе. Не очекувам а не ни сакам да ја фрлиш дипломата заради целава фрка, затоа што од друга страна верувам во бенефитот од твојата работа.
Ако се прдомислиш кажи ми, може ќе најдеме некој сејф хевн негде на планетава додека не е касно :D
Автоматски споено мислење:

кога си видел вака да оди некој по улица?
168495768_10160650471399638_5406283220918670111_n.jpg
 
Последно уредено:
Добро ти работи тоа црпката нешто ? Сега одлучи се, или има осиромашен ураниум како што испитала таа докторката во Словенија или има graphene oxide како што испитала таа од Шпанија.
И двете бе глуп.
Автоматски споено мислење:

Не мислиш дека е малку глупо кога антиваксерите зборат за отрови, кога всушност ние на овие простори сме убаво озрачени од осиромашен ураниум после 90 - тата? Линданот од ОХИС, го заборавивте?
Токсичните масла што ги користат Анѓушев, Фени и сите други јавни установи и приватни фирми? Арсенот во водата во Гевгелија?
И покрај сево ова набројано, има и уште. Една од најголемите здравствени штети, според мене, во земјава, прави неконтролираното прскање на овошјето (и зеленчукот). Па така, на пример, сум чул дека Преспа (воздушна бања) е меѓу првите по процент на малигни болести на дишниот систем. Другите, кои го јадат тоа овошје, верувам не поминуваат подобро, а затоа и често се случува низ годините, од странство да ни одбијат извоз (на пример, неодамна праските ги вратија од Русија чинам).
 
Последно уредено:

Црна Гора со построги мерки: Во кафуле, дискотека или ресторан само со КОВИД потврда или тест

Во кафулињата и рестораните во Црна Гора од вчера на полноќ смее да се влегува само со потврда за вакцинација, негативен PCR тест, брз тест за антиген или потврда дека гостинот бил заразен со COVID-19 во последните шест месеци.
 
Поентата е околу конспираси теориите, и така се погоди после твојот пост иначе не е поврзано со тебе. Не очекувам а не ни сакам да ја фрлиш дипломата заради целава фрка, затоа што од друга страна верувам во бенефитот од твојата работа.
Ако се прдомислиш кажи ми, може ќе најдеме некој сејф хевн негде на планетава додека не е касно :D
Со сета должна почит, дечко, но ја расипуваш младината. :D

Ковид кризата е сериозен проблем и од централната власт е земен како примарен, а останатите кои исто така се сериозни, се баталени. Сиромаштијата, социјалната раслоеност, ценовната нестабилност (инфлацијата), условите во здравство, образованието, проблемите со историјата, загадувањето, водата, депониите, сечата на шумите, урбаната мафија се големи проблеми. Се помалку деца се раѓаат и се повеќе млади си заминуваат. Ние сме нација која умира. Голем процент од населението не може да си дозволи одмор! А тука е и политичката криза.

Затоа има разни ресори (министерства) за да изнаоѓаат решенија за сите тековни проблеми. Кај нас одредени процеси стангнираат повеќе од деценија. Политиката е за пред камери, и тоа непосредно пред избори.

Вакцинацијата е проблем само кај критичните групи граѓани, и затоа што нели, и тие се граѓани и мора да ги штитиме и да се грижиме за нив, ќе трпиме мерки и рестрикции!

пи.ес. Се поопасна и поопасна станува. :pistoldz:
 
Народов си избрал ретардирани да им водат држава, така да тука завршува цел муабет околу кризата.....што дробиш тоа сркаш, прв и втор принцип на термодинамика.
 
Црна Гора со построги мерки: Во кафуле, дискотека или ресторан само со КОВИД потврда или тест

Во кафулињата и рестораните во Црна Гора од вчера на полноќ смее да се влегува само со потврда за вакцинација, негативен PCR тест, брз тест за антиген или потврда дека гостинот бил заразен со COVID-19 во последните шест месеци.
Значи Албанија на одмор останува да де оди
 
И двете бе глуп.
Не ви личи на годините.

А бе, ме интересира, до кога ќе им реплицирате на типови од калибар Ронче целофанче и Аудиофил?
Пораат ќе биде темава, остајте ги.
 
А бе, ме интересира, до кога ќе им реплицирате на типови од калибар Ронче целофанче и Аудиофил?
Сеуште неам прецизирано временска рамка, ама кога ќе знам - тебе прв ќе ти кажам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom