Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Нема логика државава да не признава вакцини кои самата ги обезбедува и дава. Не може да воведат кај нас таква рестрикција за вакцинирани со вакцини кои самата држава (што воведува рестрикции) ги набавила и аплицирала.
Zarem ti uste baras logika:facepalm:
 
Нека кажат за у кафана, кафич, кладилница и казино дека ќе треба вакцина, 90% имунизирано население ќе имаме до Септември :D
Не одам нигде шест месеци, година, две. Нема да трае вечно, сакале или не, во еден момент ќе престанат со секакви барања.
А и не заборавај дека во овој свет се се добива со пари. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Zarem ti uste baras logika:facepalm:
Ти тврдиш дека може кај нас да не ги земат в предвид, при рестрикциите, вакцините кои самата држава ги набавила?

Стварно?

Као денес вакцинираат со Синовак, а после два месеца, есенва да кажат - не ви важи вакцинирањето со Синовак, нема влез у кафич за тие со Синовак, туку само за Фајзер...

Види, не е никакво чудо што трескаш вакви глупости, тоа е затоа што веројатно немаш допир со медицина, политика и наука.
 
Нема логика државава да не признава вакцини кои самата ги обезбедува и дава. Не може да воведат кај нас таква рестрикција за вакцинирани со вакцини кои самата држава (што воведува рестрикции) ги набавила и аплицирала.
Имаше доста нелогични работи до сеа, да не се изненадиш :icon_lol:
 
За да гревот Вилипче забрани било што, на било која категорија граѓани требало прво тој самиот да ја заврши добро неговата задача. Со кинескиве вакцини, со кои се вакцинира поголемиот дел од населението, без оглед дали се сомнително набавени или не, факт е дека нема да не одмине новиот бран, и којзнае како ќе поминеме. Јас еве лично со Синовак се вакцинирав,сите од семејството со Синофарм ама несигурноста е иста како и без вакцина.
 
100% заштита нема никаде, а ефикасноста и големиот број на вакционирани веќе дава ефект во Велика Британија. Само погледни ја статистиката иако имаат нов бран на вирусов хоспитализациите и смртните случаи се значително намалени (кривата не расте многу) додека во Декември тој бран не било баш така

Прегледај го приврзокот 301420
Прегледај го приврзокот 301422
Ништо не се глеа од крививе што си ги стаил. Има боље графици, точно дека односот заболени-умрени е намален. Најверојатно ради вакцините, ама исто така и ради степенот на тестирање(беше помал претходните бранови). А икривата на умрени касни.

Сепак се ова е небитно зашто не е доволно, и сите го критикуваат Џонсон за отворањето. Ќе има 200 умрени на ден и пак ќе воведат рестрикции, иако граѓаните и властите на британија направиле максимум во поглед на вакцинација.
 
Дури и да е екстремно ниска смртноста од Ковид, факт е дека имаме рекорден број на умрени и нагли скокови низ целиот свет.

Ете сепак и ти нешто ново дозна од тие "неписмените со лош хумор".

Факт е дека имаме зголемен број, но факт е и ниската смртност од ковид. Логички би било акцентот од ковидот да се насочи кон други работи, ама па многу работи немаат логика, така да живеј.

Споредба друга правиш на период јули сега на новозаразени, а вакцинирани,огромен број на новозаразени, со период од декември лани, наместо со јули лани за да биде споредбата во ред, кога кривата е скоро нула, а нема вакцинирани.

Општа споредба нема да одговара на реалноста.
Имаш 2милиони жители. Од март 2020 до март 2021, официјално потврдени да речеме дека се 130.000, да земеме уште 130.000 (иако велат поголема е таа бројка) што не се тестирале, а прележале. Значи од 2та милиони, тие 260.000 во нареден период 99,99% нема шанси да бидат повторно позитивни. Остатокот што поради младоста, што поради посилен имунитет, мали се шансите дека би биле позитивни.
Од април 2021 остануваат 1.740к кои што поради годините, што поради подобро здравје и така е потешко да излезат позитивни.

Значи нормално е за вирус со мала стапка на преносливост и смртност, како одминува време, по природен пат да се намали број на инфицирани и хоспитализирани, бидејќи тие послабите веќе ги поминал. Така историски било за сите епидемии.


Sezonata ima efekt so temperatura, UV zraci, lugje povekje se nadvor, no efektot se namaluva so pozaraznive mutacii.

Во 2020 немавме лето, па затоа имаше 100+ позитивни...
 
Холандија не знам колку посто вакцинирала, али ова не е крива, туку стрма. Кај нив и кај Индонезија.

Не сфаќам како според примерите на Британија, Холандија (пред две недели по 500, сега по 10 000 дневно) или Индонезија (како и други), луѓево не сфаќаат што не чека?

Можеби мислат дека магично некако кај нас нема така да биде.
 
Холандија не знам колку посто вакцинирала, али ова не е крива, туку стрма. Кај нив и кај Индонезија.

Не сфаќам како според примерите на Британија, Холандија или Индонезија (како и други), луѓево не сфаќаат што не чека?

Можеби мислат дека магично некако кај нас нема така да биде.
А што можат луѓето да напраат? 11 милиони со 1 доза, 6 ипол со две во холандија. И пак ко што викаш ти, стрма.
 
Ќе имало рестрикции за невакцинирани од Септември, нема одење во кина, спортски натпревари и културни настани без сертификат дека си примил 2 дози вакцина.
Nema ni popishuvach da ti stapne doma:D
 
А што можат луѓето да напраат? 11 милиони со 1 доза, 6 ипол со две во холандија. И пак ко што викаш ти, стрма.
Луѓето, како Филипче и власта, најмалку што треба сега да направат е да носат одлуки во контекст на дневна политика, односно во контекст на есенските избори и попис. Се занесуваат со секакви глупости од типот - отварање школи, отворени граници, а пред две недели изјавуваа дека ќе прогласеле крај на пандемијата во Македонија кон крајот на август (гледајќи истовремено што се случува во далеку повакцинирани земји со делта сојот).
Таа изјава, на пример, имаше чиста дневнополитичка заднина и е контрапродуктивна, во контекст на пандемијата.
 
Kazi, sega ko ke ni go aktiviraat cipot so 5G ke ima cipirana armija tesko na vas necipiranite. Ali zivejs si so toa custvo deka se superioren prema tie sto se odlucija za vakcina. Polesno e toa.
Факт е дека ја исполитизираа целата пандемија и си ја вртат во своја корист политичарите.
Нели според устав сите сме еднакви? Некој неможе да се вакцинира од здравствени причини што правиме тогаш? Еве Мариово ко ненаселено јас предлагам таму да ги однесеме сите што неможат од здравствени причини да се вакцинираат и ограда да подигнеме па нека прават што сакаат внатре во оградата за не го загрозуваат Рон Бургунди.

Ти како вакциниран претставуваш поголема опасност од невакцинирани и прележани пошто имаш поголема веројатност да се заразиш и да го пренесеш вирусот.
Холандија не знам колку посто вакцинирала, али ова не е крива, туку стрма. Кај нив и кај Индонезија.

Не сфаќам како според примерите на Британија, Холандија (пред две недели по 500, сега по 10 000 дневно) или Индонезија (како и други), луѓево не сфаќаат што не чека?

Можеби мислат дека магично некако кај нас нема така да биде.
Холандија има доста вакцинирано, 40% од населението со две дози, а 27% со една. Значи 67% од населението има примено барем една доза вакцина. Али на 10 000 новозаразени имаат само 1 починат. Така да поголемиот број најверојатно го имаат како обична настинка.
 
Холандија има доста вакцинирано, 40% од населението со две дози, а 27% со една. Значи 67% од населението има примено барем една доза вакцина. Али на 10 000 новозаразени имаат само 1 починат. Така да поголемиот број најверојатно го имаат како обична настинка.
Холандската власт денес јавно призна дека згрешила со олабавување на мерките.

Сите овие статистики кај Холандија, Британија и други, треба да ги гледаме исклучиво со земање на предвид дека кај нас 20-25% имаат минимум една доза. (не ја знам точната моментална бројка, ама тука негде е)

Можеби, во земји со по 85%, 70%, 60% покриеност (барем со една доза), резултатите за незголемена смртност и хоспитализација се такви, но кај нас не гарантирам (башка што медицинските услови во тие земји се далеку над нашите).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom