Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Земи и Бета глукан и нешто за смирување Хелекс ке те опушти ќе дремеш малку повеќе
Автоматски споено мислење:

Не секој има можност пари и сл. па да купува велосипеди ,орбитрек ,а и тие што се срцево болни многу полесна им е прошетката на рамен терен одколку некоја угорнина ,скали
Мајка ми и вујко ми цел живот не се слезени од велосипед, возат онакво пони од на Тито времето кое кошта ич пари денешно време, двајцата се над 70 години и скраја да е досега немале никаква болест, ап се немаат напиено освен аналгин за главоболка која му ја ствараме од време на време ние домашните :D
 
Зборам за велосипеди за дома а не за надвор можеби погрешно си ме разбрал
 
Има ли некаква информација колку време треба од контакт со заболен до појава на симптоми?

За да предпоставам од прилика од кај сум се заболил
 
Има ли некаква информација колку време треба од контакт со заболен до појава на симптоми?

За да предпоставам од прилика од кај сум се заболил
Kaj повеќето случаи од моја околина, од два до пет дена.
Два-три кај мнозинството.
 
Има ли некаква информација колку време треба од контакт со заболен до појава на симптоми?

За да предпоставам од прилика од кај сум се заболил

Зависи, може да е 2 дена, може да е една недела. Некои луѓе добиваат сиптоми откога го прележиле вирусот (Но тие се обично по сериозни)
 
Бегајте од тоа Хелекс ѓубрето, не го клукајте од ракав, како ви текне. Ако толку му треба на @jamajka нешто за опуштање, нека нека земе било каков препарат базиран на мелатонин од аптека.
 
Бегајте од тоа Хелекс ѓубрето, не го клукајте од ракав, како ви текне. Ако толку му треба на @jamajka нешто за опуштање, нека нека земе било каков препарат базиран на мелатонин од аптека.
Не ми треба опуштање, не сум испаничен
 
Ај некој што поминал нека каже терапија за да си споредам.

Мене ми рекоа:
амоксиклав, аспирин 100, и витамини (B, C и D) и цинк.

Од симптоми, Температура не мерам и да имам е многу мала и ја оставам, ме болат зглобовите на дланките и на прстите, грлото многу ме пече, болки во очите, мал притисок во градите. И болки во муслкулите и омалаксаност на цело тело.
Ние дома имаме сумамед наместо амоксиклав, од две различни матични препишано, плус парацетамол на 6 часа, без разлика дали имам или немам температура, и витамините. Инаку мажот ми пие мелатонин (ти пиша Ilumious погоре - тоа е хормон за спиење) дека има проблем со спиењето, па трите најкритични дена ги отспа, и му се намалија симптомите.
За грлото стрепсилс, за кашлањето бронлес сируп, и многу течности, како со грип.
 
Последно уредено:
Многу е едноставно, со ваков тренд нема да има место ни за ковид заразените камоли за други болести. А има едночудно други болести за кои се фаќаа врски за кревет повеќе или снимање и преглед. За некои од нив одвај се наоѓаа и термини.
И ај малку за тоа "сте"...ама од друг агол.
Зошто ние би се прилагодувале цел ден да се гушиме со маски мокри од пот и дишење, да не одиме по гости, родендени и венчавки, да не смееме 5-6 души да седнеме и да се дружиме... само затоа што вие си замислувате дека треба секој ден по 100 грама кашкавал да купувате и по едно сапунче и да не се прилагодувате на ситуацијата. Со таква фреквенција по продавници, пазари, кафани и автобуси, извади очилата, ќе видиш како се шири и зашто и други бараат привремени поригорозни мерки. Зашто заради твоја удобност и самоволие, ја би се прилагодувал со тоа што не можам да направам нормален преглед, контрола и слично?
Ако сме веќе до тој левел во тој муабет
сега се вратив од продавница...гужви има некаде, ама да си признаеме гужви имаше и ПРЕД короната, едно станавме држава Скопје, а друго се работи за бизнис, нема рачун газдата да има доволно каси да купуваш на танане, мора да е гужва...Има друго, НЕМА дисциплина, размак не се запазува како пролетоска, нема редари пред продавница, самите муштерии нерационално се однесуваат и комплицираат, посебно на каса... За збирање што ќе зборуваме кога кафеаните работат турбо, а муртинецот сега и дрога ќе служи у кафеана за да не бидаат у зијан газдите...
Абе школо нема Ковид Редар, дошол да зема дете од школо воопшто НЕМА маска, со цигарчето изигрува џек, да може и у продавница ќе влезе...
 
Во Стив Наумов училиштето кај шо учи внука ми има редар, и воопшто нема гужви, родителите чекаат во двор на растојание, децата послушни сите со маски.
На почеток бев против да се отворат школите за децата, ама испадна како добра одлука најмалите да одат на настава оти таму се подисциплинирани, и можат да се контролираат кој има симптоми кој не, се води една евиденција, шансите да се заразат по паркови и по игротеки кај шо играа се многу поголеми, ова за мамичките кои викаа на почеток да не се оди на настава оти било ризик а децата од пред зграда не им беа прибрани цело лето.
 
Ние дома имаме сумамед наместо амоксиклав, од две различни матични препишано, плус парацетамол на 6 часа, без разлика дали имам или немам температура, и витамините. Инаку мажот ми пие мелатонин (ти пиша Ilumious погоре - тоа е хормон за спиење) дека има проблем со спиењето, па трите најкритични дена ги отспа, и му се намалија симптомите.
За грлото сумамед, за кашлањето бронлес сируп, и многу течности, како со грип.
нема везе со грлото сумамед, и јас испив 6 па уште кашлам по 15 дена од појава на симптомите, тоа го даваат на сите само да немаат одговорност ако на некого му се слоши и почине, демек они му дале терепија. Без проверка од доктор, да ти слушне гради, гтг, крвна слика не треба да се дава тој антибиотик ама таква е ситуација. Мислам само повише штета си напраив шо го пиев
 
Ние дома имаме сумамед наместо амоксиклав, од две различни матични препишано, плус парацетамол на 6 часа, без разлика дали имам или немам температура, и витамините. Инаку мажот ми пие мелатонин (ти пиша Ilumious погоре - тоа е хормон за спиење) дека има проблем со спиењето, па трите најкритични дена ги отспа, и му се намалија симптомите.
За грлото сумамед, за кашлањето бронлес сируп, и многу течности, како со грип.
Мене ми е четврти ден ова, а фактички денеска ќе почнам со антибиотикот. Иначе тек вчера се тестирав и вечер го добив резултатот пошто завчера неможев да закажам.

Е сега преку ден нагонот за кашлање ми се намалува, а навечер се зголемува. Јас имам една добра навика, колку и да ме тера на кашлање, го игнорирам нагонот и не се раскашлувам, пошто колку повеќе кашлаш, повеќе го иритираш грлото. Парацетамоли воопшто не пијам, пошто прво немам висока температура кренато до сега, а второ да го оставам организмот малце сам да се бори.

Апетитот ми е супер сега за сега, малце имам проблем со голатањето и после јадење ме тера повеќе на кашлање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom