Братучеди мои, мајката и синот качија температура, се тестираа, позитивни. Нормално сопругот и ќерката во изолација со нив, каде во тие 2 недели исто качиле мала температура, ама пошто веќе седеа во изолација, не ги тестираа.
Се си помина лесно, како што треба, без последици, и се тестираа сопругот и ќерката за антитела, и патем имале...што значи и тие биле заразени и го прележале вирусов ама не се влезени во статистиката.
Во колку семејста се има истото случено? Колку асимпоматски го поминале без да се тестираат? Колку со лесни симптоми сами се лечеле и не се тестирале?
Бројкиве што секој ден ни ги презентираат не се ни блиску до прецизни, ама ај, нека тераат...
И еве не еден месец, 3 месеца нека стават карантин и полициски....што мислите, преку ноќ ќе исчезне? ЕВЕНТУАЛНО ќе се намалат бројките, ама во тие 3 месеца пак ќе има стотици/илјада заразени на ден, и пак ќе има десетици починати секој ден.
Зимово уште не почнало, сакате затварање...до кога да бидеме затворени знаејќи дека студов со грипови и вируси ќе трае до Март/Април?