Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Доста се бламира овој....срамота веќе, нека си се врати во сала, таму е добар.
Пак истото, познати кластери, асиптоматски пациенти, блага лесна клиничка слика....ситуацијата е под контрола.
Истото ќе го збори и кога би имале 500 дневно
 
За сега од понеделник немало да има нови рестрективни мерки добро се справувале, ама за нови рестрективни мерки ќе се почекало до недела:pos:
 
Од Бајрам наваму имаме околу 600 нови случаи, он 90% ги става у тие 15 семејства.
Значи 540 случаи му се у 15 семејства, или у просек 35 позитивни у семејство.:cool:
Јес да браќава се котат ко да нема утре, ама по 35 члена позитивни ако имаат, севкупно со негативните ќе искочат едно 50 луѓе у куќа.
Па веројатно мисли на пошироко семејство, а сечените знајме дека по 9 брајча се во фамилија. Сите тие по 9 деца и се берат 100 души едно семејство :)
 
Венко од херој стана кретен.
Полицискиот час у Скопје бил за да се спречат контактите на тоа 3то колено... пази богати.
Прво, зар не е поедноставно тоа 3то колено да се стави во самоизолација отколку цел град да го заклучуваш ?
Ако они веќе се во самоизолација, тогаш кој кур има потреба од полициски час ?
Ако не се, тогаш како ќе ги спречиш нивните контакти кога тие можеби отишле у Охрид ?

Второ, полицискиот се вовел за полесно земање брисеви. Ваљда ова значи дека ако на некој треба да му се земе брис, знаеш дека ќе го најдеш дома зошто е затворен градот.
Ако тие не се во самоизолација, уживај дека си сигурен дека ќе го најдеш дома, може заминал во туристичките места, што нели е се нормално, зошто тоа го очекувале.

Пак ќе кажам, од херој, Филипче стана дно!
 
Чаирско семејство

247694476894EN28-Colina-Family-Reunion-2011.jpg
 
Сирот Филипче не сум го видел овака напнат...Јеби га,здравство тука му колабила а он мора политички да се држи со одговорите.Рече и нешто позитивно ако е вистина Дај Боже дека вирусот е поблаг сега со поблаги симптоми или асиптоматски.Ама и ова треба да се земе со голема резерва а и бројот на починати и оздравени ке даде одговори и за ова.

А иначе јас стојам на таа теза што нема логика да се само семејства.Нека каже 15 поголеми фамилии подобро барем така ке има логика во бројките.
 
Јас на почеток на кризата во март пишав дека вирусот ќе заврши кога медиумите така ќе кажат, ќе дополнам само, кога политичарите ќе им кажат на медиумите така да известат. На почеток да имаше вакви бројки колективно урлање и врискање ќе имаше по медиумите, невиден психолошки притисок и тортура со 34654 таканаречени експертутки 24/7 да трубат и да плашат народ. А сега смената е лентата како да има едноцифрен број и се оди во насока победен е вирусот ајде на избори. Останува само да престанат да тестираат и тоа ќе биде тоа. Само вака испаѓа џабе изгубивме неколку месеци и мислам во право беа тие на темава што го туркаа овај муабет. Убеден сум дека ни Грција, ни Црна Гора, ни Хрватска, ни Србија го победија вирусот, туку тоа е политичка одлука за спас на економијата пред се.
 
кога политичарите ќе им кажат на медиумите така да известат.
Барем некои од новинарите нема да бидат послушни.
Еве Ѕвонко
А звукот на нивните бели дробови ќе остане со мене некое време.
кога ќе помине тоа време, ќе ги посети пак и ќе известува транспарентно.
 
Не е точно ова, јас бев во контакт со заразен, ми рекоа 14 дена самоизолација. Пред 4 дена дојде екипа дома и не тестираа, после 2 дена кажаа и резултати.
Јас сум болен од корона, 17 дена веќе, вчера ми стигна повторно позитивен. Моите дома и девојка ми ги тестираа само првиот пат, откако им заврши карантинот им направија анкета дали имаат симптоми и ги пуштија бидејќи немаат. Бараа да бидат тестирани им рекоа нема потреба. Нема точен одгоцор, веројатно некогаш тестираат некогаш не. Тоа е лудило.. мора да го тестираат секој после 14 дена. Цело време трубат дека 80% се асимптоматски, а услов за тест им е да имаш симптоми :tapp:
 
Се што кажа денеска Филипче се коси со било која логика.Ако некој имал контакт со некој од заболените и отишол во Охрид 4ри дена - како тоа не е проблем ? Што ќе е различно тој ако истиот ако седи во Скопје и ги почитува/не почитува мерките?

Второ како сака луѓето да го сфатат сериозно кога десет пати нагласи дека вирусот слабеел ?
 
Јас сум болен од корона, 17 дена веќе, вчера ми стигна повторно позитивен. Моите дома и девојка ми ги тестираа само првиот пат, откако им заврши карантинот им направија анкета дали имаат симптоми и ги пуштија бидејќи немаат. Бараа да бидат тестирани им рекоа нема потреба. Нема точен одгоцор, веројатно некогаш тестираат некогаш не. Тоа е лудило.. мора да го тестираат секој после 14 дена. Цело време трубат дека 80% се асимптоматски, а услов за тест им е да имаш симптоми :tapp:
Многу ме интесира зашто не ги истестирале коа пред 10 дена правеа по 200 теста. Тебе како ти се симптомите, од кај имаш фатено?
 
@Ilumious забега овој скроз,вика еве у Марибор се појавил заболен,така да прерано било да сме прогласеле крај на пандемијата кај нас,а ние имаме 200 дневно :pos:
Слушав, ќути, во Словенија по дома влагаа да те тестираат со скринингот што се вика, нема сакам, не сакам, верувам, не верувам, со Марибор ќе се мериме. Фамилиите на децата и до ВЦ не одат без дозвола а не па по групни собиранки :facepalm:
П. С. Не им се разбирам многу ама ова изглееа им е најкрш влада од осамостојувањето до сега, напнати се многу а пак се справија со короната. Поука, не е до владата туку до службите е. Во стабилна држава кој и да е на власт ако столбовите се кренати нема да има проблеми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom