Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
mene me interesira dali MKD ima adekvatni zalihi na lekovi? golem del od zemjite proizvoditeli eden period ne izvezuvaa pa sledea promeni vo proizvodstvo itn... eve spomnuvas nema vakcini za grip kako e so drugite sredstva?
... ќе ти одговорам конкретно, иако е ова од домен на економијата, приватните болници своите набавки (за било што) во лекување на своите пациенти ги прават во кеш без процедури било да се купени од овде било од странство, државните болници за разлика од приватните поминуваат долги тендерски процедури за јавни набавки, па затоа и одговорот зависи може да има, а може и да нема „други средства“, зависи од ажурноста во јавното државно здравство, ама за приватните болници тоа не важи со кешот се купува, со кешот се продава на пациентот што престојува во приватна болница,
... поради потенцирање и внимание кон пандемијава со коронавирус и снабдување на различни тестови за тестирање од коронавирус, се касни општо со снабдување на вакцини, па и тие против сезонски грип за кои е одговорен Центарот за Јавно Здравје, што можеби ќе биде таму некаде на крај на ноември почеток на декември што би било целосен дебакл поради прекасно вакцинирање кога веќе сезонскиот грип е веќе присутен сега, и самото вакцинирање требаше да биде на крај на септември и почеток на октомври, ама сите се зашеметени со коронавирусот, а другите работи некако се запоставени,
а што прават приватните болници околу вакцинирање против сезонски грип - не знам, дали имаат такви повластени ингиренции ДЕНЕС, освен Центар за Јавното Здравје кој е одговорен за имуницацијата на населението, навистина не сакам да шпекулирам,
ice_screenshot_20201024-175810.png
ice_screenshot_20201024-175832.png

бр.8 антималаричен лек во лекување на пациенти болни со КОВИД19,

ice_screenshot_20201024-175939.png
 
Последно уредено:
Мене лично овие тестови ми се сумњиви у најмала рака, еве дваица шт знам што се позитивни никакви симптоми немале туку само контакт, исто така сега кога почнува сезона на грип нормално е дека ке се појават симптоми и ан грип и веднаш рипа бројката, исто така ај ние не сме дисциплинирани ама словенци, австрици, скоро сите имаат високи бројки
 
Сеа на погреб цела Шутка кога ќе се појави ќе биде весело.
 
Супер и тоа, ќе снема кадар за по семафори.

Ааа не, тоа секогаш ќе има.

Инаку весело не мислев само за коронава туку општо мислам ќе има интересни испади.
 
Некои од лекариве и сестриве ангажирани во државно треба по кратка постапка да се успијат. Толку ароганција и неспособност во комбинација со корумпираност има само уште во политиката (не е чудно што многу од нив се префрлија баш таму). Искрено, кога се работи за животнозагрозувачки здравствени состојби, човек е подготвен, ако може да си дозволи, и да биде „ограбен“, за да се спаси себе или некој најблизок. Моето искуство, не така далечно, упатува на тоа дека ако веќе се лечи човек и се „фрлаат“ (иако за здравје никако не се “фрлаат“) пари подобро, побрзо и поквалитетно ќе се заврши работа во некоја од попознативе приватни клиники, отколку во некое државно дувло.
... секаде е така, таков дојде векот, разликата што нема институции истите да ги казнат, не треба да бидат „успиени медицинските лица“ што побарале мито, туку треба да бидат казнети со се земање на лиценцата за работа, па да видиме каде можат после да работаат, така се гради држава, ама кога политичарите се подмитуваат зошто пак и овие не, се е корумпирано, сопствен брат ќе го исцедат, а не пак туѓ човек сите човечки вредности се изгубени, ама со дисциплина брзо може да се врати, верувајте сите се жалат за барање мито и корумпираност, дали некој пријавил, да даде написмено дека тој и тој ми побарал пари за операција или слично?
...и за ваше инфо, не само пациентите трпат, туку и друг понизок медицински персонал кои се малтретирани да не речам им се вршени мобинг од повисокиот медицински кадар, да не речам во крајност дури и сексуален мобинг, ама никој не пријавува, никој не сме да писне, заканите се тука за растурање на семјството, бркање од работа... итн.
- додека институциите кои треба да вршат контрола и казнување не работаат, ама онака на дело, не на папир - за сите исто, а не по партиска и татковска линија да прогледуваат низ прсти - ништо не правиме!
 
Последно уредено:
Искрено никогаш во животот не сум видел нешто корист од државно здравство освен плаќање 700 ден за магнетна за која требаше да чекам 8 месеци и за која изгубив нерви соочувајки се со нашиве доктори кој те препраќаат од едно на друго место несакајки да го потрошат својот упут за магнетна... Поарно 15000 на приватно ке беше .

Па што фајде ако јас плаќам 3000 денари здраствено секој месец кога треба да завршам работа пак мора на приватно , исти случај и со татко ми потроши 5000 евра во Систина за да остане жив....нека направат здраствено да биде на доброволна база кој сака нека си плаќа јас одма се откажувам, ке си терам работа на приватно, изгор скапо ама добиваш услуга за која си плаќаш , секако дупло сите плаќаме ако сакаш квалитетна услуга.
Ако се плаќа доброволно здравството,кој ке му ги лечи 9те деца на Туркијан од Злокуќани?
 
Проблемот е, што здравството е толку утепано, што понекогаш и со врски не можеш да завршиш нормална работа, која на приватно ќе ја завршиш.
Не секогаш ти требаат врски за да завршиш работа, имам пишувано за ова ама не е лошо пак да се потсетиме.

Пред помалку од 10 години мајка ми ја пратија на магнетна локалниве доктори и тогаш немаше мој термин за закажување и требаше да одиш во Скопје да закажеш, му се јавивме на братучедот кој работеше (и уште работи) таму и закажа за помалку од месец, не е некој со функција или нешто којзнае што обичен работник во кафана (таканаречен конобар), дури и овие локалните доктори се чудеа од каде толку брзо се закажа.

За утепаноста на кадарот и опремата имам и лично видено, ама оваа беше кажување од колешка, другарка... една вечер и се јавиле многу јаки болки во стомакот и отишла до локалната болница, од таму ја праќаат за Штип, стасале во ниедно време (после полноќ) таму докторот дошол ја погледнал и и рекол ајде спремај се за операција на слепо црево, она се побунила, абе како без никакво испитување ќе ми правите операција, дај испитајте што е работа и операцијата се одложила за сабалето, а она имала страшни болки и вика толку многу ме болеше што одвај издржав,
до сабале и престанале болките и можеби било од женски проблеми, ова, она и така,
после тоа нормално никакви испитувања и немаат направено од каде и била болката и ни викаше, еј да не се побунев ќе си останев без слепо црево.

Пред некоја страна пишуваа како некој оделенија немале тоалети, па одете до Штипската клиничка болница(една од 3-те по ранк во државава) да мочате на првиот спрат па ќе видете што ВеЦе има :icon_mrgr: (се извинувам ако во меѓувреме е направено), горните имаат колку толку р'ѓави и смрдливи дупки.
Сигурно се сеќавате на почетоков на короната кога сместија лица во карантин во психијатрискиот одел, па беа избегале, таму луд да врзеш ќе и избега не па потенцијален коронаш:pos:.
Автоматски споено мислење:

Шо му се секирата на Амди ја не знам, човекот си го преживеја животот супер (освен кога беше во затвор),
жалете ги оние што се мачеле цел живот и на крајот пак се мачеле од короната (или некој други болести).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom