Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Аии, ова веќе е ненормално. А граници отворени, школи, кафеани, сали, све си работи нормално.
Ако не воведат рестрикции во најмала рака како пролетните, без полициски час, тешко нас ќе биде.
 
Аии, ова веќе е ненормално. А граници отворени, школи, кафеани, сали, све си работи нормално.
Ако не воведат рестрикции во најмала рака како пролетните, без полициски час, тешко нас ќе биде.
Рестрективни мерки најдобро само кога би се потполниле 80% од болничките капацитети вака нека си тера се како до сега :)
 
И шо е со новите мерки, апсолутно ништо не кажа, освен тоа дека се забрануваат групирања навечер и во домашни услови.
Од кај ќе знае Филипче дома кај мене колку луѓе имам собрано, по врати да не тропа полицијата ?
Друго, навечер после 22 да нема групирања по кафулињата, демек до 22 нема корона навечер има ? Шо сакаше да кажи со ова, не го разбрав убо.
 
Од кај ќе знае Филипче дома кај мене колку луѓе имам собрано, по врати да не тропа полицијата ?
во Грција си тропаат на врата, кај нас чисто сумљам
Автоматски споено мислење:

И маска на отворено кога си сам.
ова е смејурија реално ама ајде :ROFLMAO:
 
После викендов без ДДВ има по 500 новозаболени на ден да имаме.

Бтв во Градска си ги шетаат болниве од инфективно натаму наваму без никакви протоколи. Вчера брат ми беше да прави КТ и вика чекаат десетина души ред и доаѓаат две сестри од глава до пети облечени и носат пациент на лежалка со нив. Таа од РТГ одд. сестрата им вика од кај сте? - Од инфективно. Одговор : Па како вака без најава без протокол ми доаѓате?! Сите што чекате тука брзо внатре и настрана движете се!

Се е отидено у курац.
 
Последно уредено:
Па тоа со маските не е ново пред некое време нели ја донесоа таа мерка.
Новинаркава едно го прашува тој му врти одоколу :)
 
Одлични бројки за да се оди на продолжен викенд во Охрид и викенд без ддв(сеоски блек викенд).

п.с. преј фор Охрид
 
До каде сме со организирањето за протести :D или и носењето маска на отворено ќе помине така. Ајде во Скопје загаден воздух ама нека дојде Филипче нека носи маска на отворено во Гевгелија.
 
Ова ќе биде најглупото нешто да го направат, во ниту една нормална земја во свет немаше затварања по дома ко кај нас од по 3 дена, дури и во Србија немаше мислам. Некакви мерки сигурно треба да бидат превземени и да се реагира кога тие мерки не се почитуваат, а не со вакви мерки од 14 ти век, пошто ваљда за луѓе не рачунаат, не за животни.

Не пишав за целосно затварање, туку делумно, рационално.
Си пишал у ниту една нормална земја немало мерки, имаше локдауни у Њу Јорк рецимо, Калифорнија, понормални здравје.
И еве баш сеа прочитав "Кафулињата и баровите во целиот регион на Брисел од утре ќе бидат затворени еден месец со цел да се запре зголемувањето на бројот на новозаразени ".
Нели баш погледите у Брисел и ЕУ ни се насмерени.

И пак ќе пишам, лично не сум за никакви мерки. Ама кога иде нешто по ѓаволите мора да се интервенира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom