После нова година ќерката доби симптоми, и крена 39 температура, а можеби и повеќе. Не ја однесовме на болница, по препорака на матичната и дадовме витамиснка терапија. После тоа фати и сопругата, тестот позитивен. Паралелно и брат ми, и мајка ми. Јас имав некои мачнини околу 10ти Јануари и мислев дека сум го поминал омикронот. Така убеден ја носев мајка ми со кола дури до Охрид за некои други снимања, дома со сопругата спиевме во ист кревет(гледање Тв заедно на кауч-коо сардини...) и ништо не ми се случи. ,,излечив,, четворица со Омикрон и си мислев ете сум го поминал предходно
Во неделата и понеделникот имав работа на отворено и доста се преладив, и така во вторникот малку кренав температура. Успат купив брз тест од Зегин-со плунка(патем ниеднаш не ми испаднало погрешен резултат кога сум тестирал) и испаднав позитивен.
Во консултација со матичната нправив комплетна крвна слика(димери288), но према леукоцитите и некои ПРС или како и да се викаа, матичната вели дека највероватно имам закачено ковид
Утрово се тестирав...вечер чекам резултати
Симптоми-температура ден и пол(38.7), но најмногу оги осетив треските во грбот. Ако само потстанев од кревт, грбот одма како лед да су му ставил
денес немам ама баш никакви симптоми ни проблеми...
така да, наравоучение...и 3 неделно присуство покрај инфициран немора да значи дека ќе се заразиш, а еве сум закачил вероватно од некој 2-3 минути што бил до мене