Вселенски брод за Марс

  • Креатор на темата Креатор на темата grunff
  • Време на започнување Време на започнување
Неговата Б категорија фирма со сегашниве ракети Falcon 9 и Falcon Heavy држи 1/3 од лансирањата годишно и лансира повеќе терет и сателити од сите останати фирми и сите останати држави заедно, со нивните државни буџети.

ова е така затоа што прима државни субвенции собирани како данок од американскиот народ, јакиот ви капиталиста профитира од доста социјалистички концепт

Глупаво е да се исмева тип кој што веќе направи револуција во оваа област и да пропаднат сите негови идни планови, направил повеќе од било кој досега.

типот се зафати со политички ликови со кои што требаше да игра на картата мир, за време на Трампиевата резиденција понесен од силината на мажлакот им го сврти грбот на тие кои оригинално го лансираја - зелените.
Цената почна да ја плаќа сместа по падот на Трамп. Тој не иновираше ништо - иновираат аргатите што работат за него, тој е само една алка во синџирот (застапник? шоу бизнис кловн?) која ќе биде отстранета и ќе биде најден нов. Животот течи понатаму, со нов сејвиор.
Со типот не се исмеваме, тој самиот е шега.
 
ова е така затоа што прима државни субвенции собирани како данок од американскиот народ, јакиот ви капиталиста профитира од доста социјалистички концепт
Колку ти само врска немаш.
Дејноста со која се бави SpaceX е специфична и државата е најголем клиент. И да доби некои профитабилни зделки од владата на САД, но далеку се тоа од субвенции. Само која ли им беше алтернативата? Што мислиш колку наплаќа УЛА(Заедничка фирма на Боинг и Локид)? Може си измешал нешто со субвенциите што ги даваат за електрични возила.

Знаеш ли како изгледаше оваа индустрија Пред SpaceX и Маск?
Америка не можеше да има своја пилотарна космонаутика после крајот на шатлот и се шлепаше на руските лансери Сојуз.
Комерцијални лансирања исто така немаа затоа што услугите на Боинг + Локид беа повеќе од солени и истите им беа препуштени на европската Аријана 5 и Руските - Сојуз и Протон. Ги имаа само оние на Пентагон и НАСА по енормни цени за УЛА(United Launch Alliance ) и нормално помалку лансираа и од Русија и Кина.
Си знаат добро американците и во оваа индустрија го сметаат времето пред и после Маск.
Автоматски споено мислење:

типот се зафати со политички ликови со кои што требаше да игра на картата мир, за време на Трампиевата резиденција понесен од силината на мажлакот им го сврти грбот на тие кои оригинално го лансираја - зелените.
Цената почна да ја плаќа сместа по падот на Трамп. Тој не иновираше ништо - иновираат аргатите што работат за него, тој е само една алка во синџирот (застапник? шоу бизнис кловн?) која ќе биде отстранета и ќе биде најден нов. Животот течи понатаму, со нов сејвиор.
Со типот не се исмеваме, тој самиот е шега.
Еј ок го лансирал него некој, не сум знаел. Не доаѓа типот со куп пари во САД, никој и ништо не е, но со што и да се зафати е револуција, од Pejpal, Tesla, Spejseks ets, и да нормално е дека на многу им е трн во око, што мислиш оние етеаблирани фирми во автомобилската индустрија им е сеедно што се појави Тесла, или Локид, Боинг после појавата на СпејсЕкс. Било кој ќе достигне такво ниво и да не сака да се занимава со политика, политиката ќе се занимава со него.
 
Ah du meine Gutte, наивен си ако си мисиш дека во Силиконската Долина не ти треба јак грб и туку така можи да појдиш и да се прајш главен ербап таму. Ако не се лажам еднаш и за евреите твиташе, Кајне стил. Кизне колку бил напушен во тие мигови.

Во едно си праф, да, на многу луѓе им стана трн во око. Никој не сака да седи со трн во окото, мора да го отстранат од така витално место.
 
Византиецот само му љубомори на Елон Маск пошто не е од Калифорнија и го нема калифорнијанскиот мајндсет. Лулката на човечанството, Холивуд булевар, Беверли Хилс и Холивуд знакот.
 
Колку ти само врска немаш.

Сигурен сум дека ваквите ко него би сереле на секој туѓ успех, особено на луѓе што имаат вакви страшни достигнувања.

Во врска со SpaceX, за 2022 имаат ланисрано двојно повеќе товар во орбита отколку остатокот од сите земји заедно. Една компанија, двојно повеќе од останатите.

И тоа со ракета што за година две ќе биди застарена според стандардите на SpaceX.
Конкуренцијата не може да стигни ни до тоа, сите планови за нешто блиско до Falcon 9 им се за 4 години, за 7 години, за 10...
 
Ова со новиот систем Starship / Super Heavy ти е ново повисоко ниво, нова технологија
И понапредни верзии на „blue beam", „green screen" и фотошоп. Без „glitch" или сецкање на сликата :pos:
Автоматски споено мислење:

Сигурен сум дека ваквите ко него би сереле на секој туѓ успех, особено на луѓе што имаат вакви страшни достигнувања.
Муабетов е од еден бивш рамноземјаш :icon_lol:
@grunff don't be @Human that will mess you up :pos:
 
ништо, се распадна ракетава, се виде тоа као гори чудно од почеток со неколку мотори искључени.
 
И понапредни верзии на „blue beam", „green screen" и фотошоп. Без „glitch" или сецкање на сликата :pos:
Или можеш да отидеш и во живо да го гледаш лансирањето. Земи си двоглед и апарат, па пиши како стојат работите. :)
 
Треба Маск да му заврти на Путин да му дае RD-180. Интересно како коментаториве една очајна ситуација каде што ракетата и експлодираат мотори и неконтролирано се врти зборат очекуваме да се откачи старшипот од главната фаза. А главната фаза не ни беше блиску до таа висина каде што треба да биде за да се оддели од старшипот.

@Human кај си бе баки шо ме убедуваше дека моториве биле темелно тестирани :icon_lol:
 
Последно уредено:
@Human кај си бе баки шо ме убедуваше дека моториве биле темелно тестирани :icon_lol:
Супер беа, што им фалеше?
Само 6-7 од 33 мотори откажаа. :ROFLMAO:

Прва или втора итерација им е ова, ќе ги дотераат до совршенство.
 
Супер беа, што им фалеше?
Само 6-7 од 33 мотори откажаа. :ROFLMAO:

Прва или втора итерација им е ова, ќе ги дотераат до совршенство.

Ова е осудено на неуспех, едноставно не можеш со толку мотори да направиш поуздана ракета, поготово како они што планираат да е за многу користења.
 
Ова е осудено на неуспех, едноставно не можеш со толку мотори да направиш поуздана ракета, поготово како они што планираат да е за многу користења.
Ќе видиме за неколку месеци. Мислењево ќе си стои тука. За следна година планираат десетици летови.
 
Ќе видиме за неколку месеци. Мислењаво ќе си стои тука. За следна година планираат десетици летови.

Ги разбирам, сакаат да заштедат пари место да развијат поголеми мотори, дали ќе им се исплати, ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom