Pop-up Дежурна Ординација COVID-19 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Осми ден температура. Сабајле немав, вечерва 37 со 4.
Да ги занемариме бројките, се чувствувам како воз да ме прегазил. Овие два дена свртив еден круг низ маало. Главава ми е како да ми седи некој на нејзе цело времем никаква енергија немам. Чувството го опишувам само како кога едноставно знаеш дека имаш температура. Единствен друг проблем е затнат нос (без да тече, што воглавно и не е проблем, бидејќи дишам нормално) и повремено гребење во долниот дел на грлото. Кога ќе се напијам нешто потопло, како да ме пече деснава страна на градите. Еден ден се разбудив како со грутка во грлото, нагон за повраќање добив, но ништо не излезе. Дали можеби телото се опоравува од шокот кој го имав и стегнатоста?
Во секој случај, нешто предизвикува да не се чувствувам здраво. Едноставно не си добар, имаш замаена глава, внатрешна топлина, како да те боли заб, ама не е до живец, него онака си гребе по малку.

Матичната не ми крева веќе. Се јавив во неколку приватни клиники, чисто да направам крвна слика или да ми земат брис, имам потврда (иако, нели еден тест не е доволен доказ) дека немам корона (плус, ниту еден што го знам нема никакви проблеми (тргнувајќи од моиве по дома), не сакаат ни да чујат без да ме види матичен претходно.
Дали е потребно да се пие антибиотик? По некоја случајност имам вибрамицин дома.
Не е за паника, ама па и не е сеедно 8 дена да се чувствуваш вака сред пандемија.

Пробај чај од пеперминт или минт. Пиј неколку пати на ден. Ако имаш бактерија ова помага. Види ако можеш да најдеш листови.
 
Конечно се согласи матичната да ми даде упат за крвна слика и земање брис.
Нормално и по 9 дена, не се согласи да се состанеме, чисто телефонски. Упатот треба да го земе некој друг, по завршување на работно време. Проценете каков е стравот меѓу матичните лекари во моментов.
Синоќа беше на болница или не? Дека спомна мислам че одиш?
 
Синоќа беше на болница или не? Дека спомна мислам че одиш?
Не бев, денес се јавив и ми закажаа за утре.
Се јавив во фирма денес, викаат психата ги убива сите, пола фирма на дијазепами. Викаат сите мериме температура, сите со стегање во гради, срце прескокнува. Сами ќе си уништиме здравје...
 
Ама секој организам е различен. Како бре да не се дава антипиретик на 38°С само? Можи вие работите по други протоколи, не знам јас пациент ко ќе имавме над 37, 6 37,8 одма администрација на антипиретик. За 38 па не прам муабет, обавезно беше.Не знам сепак, секој има различен начин на работа, еве кај нас 37,3 ја сматраат за фебрилност на инфективно. Се што е до 37 е нормално. Бар кај нас тука.

ice_screenshot_20200331-170619.png

... во МКД, посебно во болниците во провинција, често пати начинот на работа им „остана назад таму некаде во екс ЈУ или пак тоа е индивидуално не навлегувам, но денес во светот се смени границата на нормална телесна температура како што пишуваш ти дека „..37,3 ја сматраат за фебрилност на инфективно. Се што е до 37 е нормално. Бар кај нас тука.“... но не веќе така!
која е нормална телесна температура зависи и од местото каде се мери:

ice_screenshot_20200331-162351.png

која е нормалната телесна температура зависи и од возраста, полот, па и раса...

ice_screenshot_20200331-171959.png

...според тоа све што е во ова граница телесната температура е нормална температура, така да членот со 37.4 С температура само ќе се измалтретира низ здравствените лавиринти со голема шанса да се соочи со инфицирање од коронавирус, како што е сега опасно токму во овие места, а резултатот ќе биде нормален или како што реков предходно мала настинка со можеби неосетно покачени лимфоцити поради некоја вирусна инфекција, или неосетно покачени неутрофилни гранулоцити поради некоја неосетна бактериска инфекција и тоа само ако направи дополнително диференцијална крвна слика(леукограм)!

FI_NC150.png
ice_screenshot_20200331-170713.png
Единствен друг проблем е затнат нос (без да тече, што воглавно и не е проблем, бидејќи дишам нормално) и повремено гребење во долниот дел на грлото. Кога ќе се напијам нешто потопло, како да ме пече деснава страна на градите.
Дали е потребно да се пие антибиотик? По некоја случајност имам вибрамицин дома.Не е за паника, ама па и не е сеедно 8 дена да се чувствуваш вака сред пандемија.
... гледај го прво времето топло ладно, па прелазот од зимски период влеговме во пролет и стресот со коронавирус...тоа е одговор за твојата омалаксаност, блага главоболка и затнат нос (можеби некоја алергиска реакција), антибиотик НИКАКО, а најмалку вибрамицин, земи малку витамини, Витами Ц дај малку пушти музика дома опушти се, седи дома, атоа што те пече од десна страна е само праниот желудник кога внесуваш топол напиток, ама ти сега и од мува се плашиш!
... пак ќе речам, мое мислење, не иди сега никаде ќе погрешиш, не одат во болница пациенти постари и со полоши симптоми и хронични болести, ти вака за ова ќе одиш? јас би те однела во шума би ти дала пушка и да дежураш 24ч пред некој објект како во војска....има кукрек да бидеш, а не ваква кифла! :eek:
 
Последно уредено:
Температура немам, мерам секој ден, омалаксан бев само еден ден. Веќе 6ти ден како градиве по малку ме стегаат и ко да имам секрет но не можам да се искашлам. Немам проблеми при дишење, пешачам/одам најнормално. Матичната ми рече бидејќи сум немал висока температура, не можела да ме прати да се тестирам, ми даде само ампицилин. :confused:
 
При првите знаци/чувство на настинка што следи (инфекција на горните дишни патишта) се земаат 50 капки наеднаш и после секој саат по 10-20.
Почнувам од сабајле и пред спиење плус еден Фервекс. Течности - чаеви во текот на тој ден - исто така.Утре ко ништо да не било.Ја прекинува во корен инфекцијата.Што покасно почнеш, поголеми се шансите да не ја прекинеш.Ако случајно не е настинка, туку грип, според мое искуство, не го сече туку си се разболуваш (особено е битно колку порано ќе го направиш ова), ама полабаво поминуваш.Ако си здрав, за превенција 20-30 трипати дневно.Има разни производи од ехинацеа. Ама има две ехинацеи кои се користат. Едната се вика пурпуреа, а другата небитно, не знам како беше. Според мое искуство само овој производ има една од двете ехинацеи, другите сите производи од ехинацеа ја користат другата врста.
... да све е тоа точно, со Ехинацијата како имуностимулатор се скратува и временски настинката и се намалени симптомите, но треба да се внимава и знае дека тие што имаат автоимуни заболувања како Хашимото треба да ја избегнуваат, исто треба да се избегнува кога веќе имаме покачена телесна температура поради можноста за нагло зголемување на истата!

ice_screenshot_20200331-180425.png
 
Температура немам, мерам секој ден, омалаксан бев само еден ден. Веќе 6ти ден како градиве по малку ме стегаат и ко да имам секрет но не можам да се искашлам. Немам проблеми при дишење, пешачам/одам најнормално. Матичната ми рече бидејќи сум немал висока температура, не можела да ме прати да се тестирам, ми даде само ампицилин. :confused:
...аман што е ова со антибиотикот? никако антибиотик :neetaka:, туку само течности (чаеви) да може тој секрет да стане потечен многу ти е густ не може ниту да се откачи ниту да се исфрли, најчесто му треба на телото три дена да се мачи за да после може сам до го исфрли, немој да пиеш ниту сируп за искашлување, стави само алкохолни (70%) облоги на градите кај да е ќе почнеш да искашлуваш и пак ќе речам температура до 37 со 4 С се смета за нормална телесна температура, над 38 со 5 С треба да се пие нешто за неа, до тогаш ништо!
Eте, Бијонс одобри! Што треба уште?
...позитивни мисли, витамини ... и да се погледнеме на огледало, ете заборавив пак да вежбам :(
 
Последно уредено:
...аман што е ова со антибиотикот? никако антибиотик :neetaka:, туку само течности (чаеви) да може тој секрет да стане потечен мнгу ти е густ не може ниту да се откачи ниту да се исфрли, најчесто му треба на телото три дена да се мачи за да после може сам до го исфрли, немој да пиеш ниту сируп за искашлување, стави само алкохолни (70%) облоги на градите кај да е ќе понеш да искашлуваш и пак ќе речам температура до 37 со 4 С се смета за нормална телесна температура, над 38 со 5 С треба да се пие нешто за неа, до тогаш ништо!

чаеви пијам, температура максимум што сум имал 36.8. Фала ти
 
Конечно се согласи матичната да ми даде упат за крвна слика и земање брис.
Нормално и по 9 дена, не се согласи да се состанеме, чисто телефонски. Упатот треба да го земе некој друг, по завршување на работно време. Проценете каков е стравот меѓу матичните лекари во моментов.
И реално треба да се плашат.
Тетка ми работи на трансфузиологија и кажува дека маски и ракавици има само за младите кои боцкаат, а тие постојано ја довикуваат да им помогне. Таа нема никаква заштита. Ниту останатиот медицински персонал.
 
И реално треба да се плашат.
Тетка ми работи на трансфузиологија и кажува дека маски и ракавици има само за младите кои боцкаат, а тие постојано ја довикуваат да им помогне. Таа нема никаква заштита. Ниту останатиот медицински персонал.
Се согласувам. Но исто да напоменам дека професијата сами ја избрале, и треба совесно да работата.
Не зборувам за тетка ти да не ме сфатиш погрешно, или иницирам да одиш и да му киваш во фаца, ама да не ти дига на телефон е крајнп несовесно и непрофесионално. А најмногу нехумано. Никој од ќеиф не се шета по здравствени институции, ретки случаеви има, ама ретки се.

Ситуацијава моментална налага да матичната ти дигне кога и звониш, а не да те става на игнор.

Ко ќе ти се падни некоја таква, ко 7ка на лото да си изгребал.

Сакаш верувај чоече сакаш не, мојата се огради за една скапана крвна слика. Оди на приватно таму и таму. Ок и велам, и се јавувам во лабораторијата и во меѓувреме да прашам дали ќе ме примат без упат. Не, беше одговорот. И прашуваат, и со упат да си дали си имал контакт со лице повратник од странство, да, не ни иди со упат не те примаме, си имаат протокол, ти и да си имал контакт и на почеток на месец нема да влезеш и точка и јас го разбирам тоа.


Она што не го разбирам, и никогаш нема да го разберам е кога ова и го кажав на мојата матична нејзините зборови беа" па че ти пишам упат кај сакаш" Јас-ако ме прашаат како во таа и таа лабораторија за контакт?
Таа-"па речи бре немав, и немој да кашлаш."
:facepalm:
 
Да не ја полниме темава со офтопици, ама што да кажам освен дека си во право.
Од нивна гледна точка, се плашат од недоволно познавање ( сепак се општи лекари), се плашат за себе а најмногу од се, од тоа што немаат заштитина опрема.
Тетка ми има 60 год и 40 год раб искуство во тансфузиолофија. 30 год во 8ми септември.
Нејзините зборови беа, ако некој треба тоа да го работи, треба да бидам јас, а не младите.
Од друга страна, дома има дете со автоимуна и е една од најризичните групи.
Тажно, цело време мислите ми се кај неа.
Бог нека ми ја чува.
 
Да не ја полниме темава со офтопици, ама што да кажам освен дека си во право.
Од нивна гледна точка, се плашат од недоволно познавање ( сепак се општи лекари), се плашат за себе а најмногу од се, од тоа што немаат заштитина опрема.
Тетка ми има 60 год и 40 год раб искуство во тансфузиолофија. 30 год во 8ми септември.
Нејзините зборови беа, ако некој треба тоа да го работи, треба да бидам јас, а не младите.
Од друга страна, дома има дете со автоимуна и е една од најризичните групи.
Тажно, цело време мислите ми се кај неа.
Бог нека ми ја чува.
Искрено за такви луѓе ми е жал. Даваат се од себе. Веќе некои и маски фрлаат од што им е преку глава.
Не коментирам поќе и јас ради ифф топик, само да прашам.
Нели им донираа од оние маските 3Д Прилепска фирма ги штанцаше. Кај нас имаат такви.
 
Искрено за такви луѓе ми е жал. Даваат се од себе. Веќе некои и маски фрлаат од што им е преку глава.
Не коментирам поќе и јас ради ифф топик, само да прашам.
Нели им донираа од оние маските 3Д Прилепска фирма ги штанцаше. Кај нас имаат такви.
Суште нема за сите
 
Правев денес крвна слика.
Параметрите на крвта во границите, но кај уреата има + кај бактерии, кај слуз два плуса (++). Кај кристали два плуса (++).
Што може да биде работава? Сите други работи во урината се во границите.
Во петок резултати од брисот од нос и грлото.

П.с. СЕДИМЕНТАЦИЈА НА ЕРИТРОЦИТИ ИМАМ 1. Шукурац?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom