kano
Farang
Осми ден температура. Сабајле немав, вечерва 37 со 4.
Да ги занемариме бројките, се чувствувам како воз да ме прегазил. Овие два дена свртив еден круг низ маало. Главава ми е како да ми седи некој на нејзе цело времем никаква енергија немам. Чувството го опишувам само како кога едноставно знаеш дека имаш температура. Единствен друг проблем е затнат нос (без да тече, што воглавно и не е проблем, бидејќи дишам нормално) и повремено гребење во долниот дел на грлото. Кога ќе се напијам нешто потопло, како да ме пече деснава страна на градите. Еден ден се разбудив како со грутка во грлото, нагон за повраќање добив, но ништо не излезе. Дали можеби телото се опоравува од шокот кој го имав и стегнатоста?
Во секој случај, нешто предизвикува да не се чувствувам здраво. Едноставно не си добар, имаш замаена глава, внатрешна топлина, како да те боли заб, ама не е до живец, него онака си гребе по малку.
Матичната не ми крева веќе. Се јавив во неколку приватни клиники, чисто да направам крвна слика или да ми земат брис, имам потврда (иако, нели еден тест не е доволен доказ) дека немам корона (плус, ниту еден што го знам нема никакви проблеми (тргнувајќи од моиве по дома), не сакаат ни да чујат без да ме види матичен претходно.
Дали е потребно да се пие антибиотик? По некоја случајност имам вибрамицин дома.
Не е за паника, ама па и не е сеедно 8 дена да се чувствуваш вака сред пандемија.
Пробај чај од пеперминт или минт. Пиј неколку пати на ден. Ако имаш бактерија ова помага. Види ако можеш да најдеш листови.