Kadaif
M.D.
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 7.447
- Поени од реакции
- 9.421
И возраста било дијагноза, ахам.јас кажав Да! и дадов образложение, ти кажа -Не и треба да дадеш образложение зошто ,,Не,,!
... возраста на пример !
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И возраста било дијагноза, ахам.јас кажав Да! и дадов образложение, ти кажа -Не и треба да дадеш образложение зошто ,,Не,,!
... возраста на пример !
... членката кажа некоја вредност на седиментација не зборуваме за дијагноза (не ми наметнувај твои зборови) одговорив дека таа вредност иако е над нормална ( под 20 треба седиментација) за возраста е ,,таман,,ако си расположен за расправии и си напнат оптеретија десната рака ...ќе ти олесни,И возраста било дијагноза, ахам.
... јас не ,,ги викам,, членката така објасни во минати постови што ги следам, од една страна сакате ,,попросто,, објаснување од друга страна сакате ,,стручно објаснување,, кој како е расположен за мрчење,4. Остеопорозата со тие шилците што ги викаш?
Имам ист проблем,болка во грбот, но само при движење...направив ртг на кичма и се појавија шилци кои прават проблем...Снимајте и вие рбет, можеби иста мака имаме.
... во контекс на возраста, понекогаш а и почесто на наши простори немоќноста на докторот да ја најде причината за болеста, секогаш е ,,крива возраста,, ако е аксиозен еее тинајџер ќе помине, ако е дете..е дете е ќе порасне ќе му помине, ако е стар...е толку де колку сакаш да живее... старост е тоа,И возраста било дијагноза, ахам.
ако си расположен за расправии и си напнат оптеретија десната рака ...ќе ти олесни,
Направив лабораторија само, седиментацијата ми е 35.. а останати вредности се сите во нормала.
ти си ја кажуваш како „дијагноза“ јас реков причина на покачена седиментација на членката е токму возраста и е во референтен интервал, што значи нормална вредност, тоа што ТИ кажуваш дека „возраста е дијагноза“ тоа ти ми наметнуваш зборови што ти одговорив дека ДА понекогаш докторот се служи со „возраста“ за нерешливи здравствени проблеми или неразјасната причина за болеста, но не во овој случај за седиментација што сакаш да ми го превртеш и зборот и смислата, ваков обид е само некоретно твое однесување кон мене и ништо друго,И возраста било дијагноза, ахам.
Што е работава со прирачникот, го добивте сите доктори или сакаш овде дотичните експерти од медицина да ги научиш?ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19
Упаства за кислородна терапија при хипоксемија кај пациенти болни од COVID-19
Хипоксемијата може да се појави како резултат на нарушени респираторни функции од КОВИД-19. Третманот со додаток на кислород може да ја поправи хипоксемијата, олеснувајќи го оштетувањето на секундарните органи предизвикани од респираторен дистрес и хипоксемија.
Кислородна терапија:
1. Континуирано следење на кислородната сатурација за време на терапијата со кислород.
Некои пациенти немаат нарушени оксигенациски функции на почетокот на инфекцијата, но може да манифестираат брзо влошување на оксигенацијата со текот на времето. Затоа, се препорачува континуирано следење на заситеноста на кислородот пред и за време на терапијата со кислород.
2. Кислородна терапија најбрзо што може.
Кислородната терапија не е нужна за пациенти со сатурација (SpO2) поголема од 93% или за пациенти без очигледни симптоми на респираторен дистрес без кислородна терапија. Кислородната терапија се препорачува за пациенти со симптоми на респираторно влошување. Треба да се напомене дека некои тешко болни пациенти со PaO2/FiO2 < 300 не манифестираа симптоми на респираторен дистрес.
3. Цел на кислородната терапија.
Целта на кислородната терапија е да ја одржува заситеноста на кислородот (SpO2) на 93%-96% кај пациенти со хронично пулмонарно заболување (ХОББ) и на 88%-92% кај пациенти со хронични респираторни нарушувања тип II. Особено, концентрацијата на кислород треба да биде зголемена на 92%-95% кај пациентите чија SpO2 често паѓа на 85% во текот на вршењето на секојдневните активности.
4. Контролирање на кислородната терапија
PaO2/FiO2 (Partial pressure of oxygen/The fraction of inspired oxygen) е чувствителен и прецизен показател за оксигенациските функции.Стабилноста и можноста за следење на FiO2 се многу важни кај пациентите кај кои се развива болеста а PaO/FiO2 се под 300 mmHg. Во вакви случаи најпосакуван третман е терапијата со кислород.
Прегледај го приврзокот 307309 Прегледај го приврзокот 307313
- Кислородна терапија со носна канила со висок проток (HFNC- high flow nasal cannula ) се препорачува кај пациенти со: SpO2 < 93%; PaO/FiO2 < 300 mmHg (1 mmHg = 0.133 kPa), респираторна стапка > 25 пати во минута при лежење во кревет; или пак забележителна прогресија на рентгенски снимки. Пациентите треба да носат хируршка маска за време на третманот со HFNC. Протокот на воздух при HFNC кислородна терапија треба да започне на ниско ниво и постепено да се зголемува до 40-60 L/min кога PaO2/FiO2 е меѓу 200-300 mmHg за пациентот да не почувствува стегање во градите и губење на здивот. Првичен проток од најмалку 60 L/min треба веднаш да се даде на пациенти со очигледни респираторни пречки.
- Ендотрахеалната интубација зависи од напредувањето на болеста, системскиот статус и компликациите кај пациентите во стабилна состојба, но со низок индекс на оксигенација (<100 mmHg ). Оттука, особено е важно да се направи детална проценка на клиничката состојба кај пациентите пред да се донесе каква било одлука. Ендотрахеална интубација треба да се изврши во прва можна прилика кај пациенти со индекс на оксигенација под 150 mmHg, влошување на симптомите на респираторни пречки или дисфункција на повеќе органи во рок од 1-2 часа после висок проток (60 L/min) и висококонцентрирана (> 60%) HFNC кислородна терапија. Постарите пациенти (> 60 годишна возраст) со повеќе компликации или PaO2/FiO2 под 200 mmHg треба да бидат лечени на Интензивна нега.
Прегледај го приврзокот 307311
Механичка вентилација
1. Неинвазивна вентилација (НИВ)
НИВ не се препорачува кај пациенти со КОВИД-19 кај кои не успеал третманот со HFNC (high flow nasal cannula). Некои тешки пациенти брзо напредуваат кон ARDS (Acute respiratory distress syndrome). Прекумерниот притисок од инфламација може да предизвика гастрична дистензија и интолеранција што може да доведе до белодробна аспирација која ќе ја влоши состојбата на белите дробови. Краткорочната (помалку од 2 часа) употреба на НИВ може внимателно да се следи ако пациентот има акутна лево-срцева слабост, хронично опструктивно пулмонално заболување (ХОББ) или е имунокомпромитиран. Треба да се изврши интубација што е можно порано доколку не се забележи подобрување на симптомите на респираторниот дистрес или PaO2/ FiO2. Се препорачува двосистемска НИВ. Треба да се постави вирусен филтер меѓу маската и вентилот за издишување кога се врши НИВ со една цевка. Треба да се одберат соодветни маски за да се намали ризикот од ширење на вирусот преку истекување на воздухот.
Прегледај го приврзокот 307315
Инвазивна механичка вентилација
1. Принципи за инвазивна механичка вентилацицја кај критично болни пациенти.
При лечењето на пациенти со COVID-19, потребно е да се напраи баланс помеѓу потребите од вентилација и оксигенација и ризикот од механичка повреда на белите дробови поврзани со вентилацијата.
• Дишниот волумен (tidal volume- TV), треба да биде наместен точно на 4 - 8 ml/kg. Во принцип, колку е помала комплијансата на белите дробови, толку треба да биде помал дишниот волумен.
• Одржувајте го притисокот на платформата < 30 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) , како и покренувачкио притисок <15 cmH2O.
• Наместете го PEEP (Positive end-expiratory pressure) согласно протоколот за ARDS.
•Фреквенција на вентилирање: 18-25 пати во минута. Дозволена е умерена хиперкапнија.
• Администрирајте седација, аналгезија или мускулна релаксација ако дишниот волумен, притисокот на платформата и покренувачкиот притисок се премногу високи.
2. “Recrutemant” маневар
маневарот кој ја подобрува хетерогената дистрибуција на белодробните лезии кај пациенти со ARDS. Сепак, може да резултира во сериозни респираторни и циркулаторни компликации и затоа обично не се препорачува. Проценка за растегливост на белите дробови треба да се изврши пред примена на овој маневар.
Прегледај го приврзокот 307312
3. Вентилација во “прон” (лежење на стомак) позиција
Повеќето критично болни пациенти со КОВИД-19 добро реагираат на “прон” вентилацијата, со брзо подобрување на оксигенацијата и механиката на белите дробови. Вентилација при лежење на стомак се препорачува како рутинска стратегија за пациенти со PaO2/FiO2 < 150 mmHg или со очигледни манифестации видливи на снимките без контраиндикации. Препорачливо времетраење на вентилацијата при лежење на стомак е подолго од 16 часа секој пат. Може да се престане со вентилацијата при лежење на стомак штом PaO2/FiO2 останува поголем од 150 mmHg подолго од 4 часа кога пациентот лежи на грб. Во будна состојба, “прон” позиција за вентилација може да се проба кај пациенти кои не биле интубирани или не демонстрираат очигледни респираторни потешкотии но се со нарушена оксигенација или пак имаат гравитациони консолидации во зависност од позицијата на белите дробови при снимањето. Се препорачува во времетраење од 4 часа секој пат. Оваа позиција може да се применува неколку пати дневно во зависност од ефектите и толеранцијата.
4. Спречување на регургитација и аспирација
Гастричниот резидуален волумен и гастроинтестиналната функција треба рутински да се проверуваат.Соодветна ентерална исхрана се препорачува што е можно порано. Се препорачува назоинтестинално хранење и континуирана назогастрична декомпресија. Ентералната исхрана треба да се одложи и да се направи аспирација со 50 mL шприц пред преносот. Доколку не постојат никакви контраиндикации, се препорачува полуседечка положба од 30 °.
5. Справување со течностите
Преголемото оптоварување со течности ја влошува хипоксемијата кај пациенти со КОВИД-19. За да се намали пулмоналната ексудација и да се подобри оксигенацијата, количината на течностите (рестриктивна флуидо-терапија) треба строго да се контролира истовремено обезбедувајќи перфузија на пациентот.
6. Стратегии за спречување на вентилатор-асоцирана пневмонија (VAP)
Стратегиите за VAP (ventilator-associated pneumonia) треба строго да се следат:
- Изберете соодветен број на ендотрахеален тубус ;
- Користете ендотрахеален тубус со субглотична аспирација (еднаш на секои 2ч, секогаш аспирирајте со 20 ml празен шприц);
- Поставете го ендотрахеален тубус на вистинската позиција и точна длабочина, прицврстете го правилно и избегнувајте влечење;
- Одржувајте го притисокот на кафот на 30 - 35 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) и проверувајте го секои 4 часа;
- Следете го притисокот на кафот и обрнете внимание на кондензатите при промена на позицијата (две лица работат заедно за фрлање и истурање на кондензатите во затворен сад кој содржи претходно изработен хлорен раствор за дезинфекција); отстранете ги секретите акумулирани во балонот;
- Навремено чистете ги секретите од устата и носот.
7. Одвикнување од механичка вентилација
Седативите се намалуваат и прекинуваат пред будење на пациентот кога PaO2/FiO2 е над 150 mmHg. Екстубацијата треба да се изведе најрано што може доколку е дозволиво. HFNC или NIV се користи за респираторна поддршка после екстубација.
...што да ти речам, ќе погрешам, затоа подобро да не коментирам, барем вака да имаме некое инфо, МКД нема пишан унифициран прирачник за превенција и третман на пациенти од болеста COVID-19, барем не транспарентен и така како треба да биде,Што е работава со прирачникот, го добивте сите доктори или сакаш овде дотичните експерти од медицина да ги научиш?Прирачникот требаше оддамна да го штампаат во најголем формат, 2 на 2 метри и ко тапет да го излепеа на зидови во сите болници. Многумина умреа и умираат токму поради незнаење како да приклучат пациент...им брцаат цевки во желудник наместо во плуќа, пуштаат силен притисок и им ги распукуваат белите дробови како балон кога пука... Контрола треба да им се направи на докторите, но некои стручни лица, дојдени од друга држава.
Очигледно душо дека ти не дежураш на ковид одделенија....што да ти речам, ќе погрешам, затоа подобро да не коментирам, барем вака да имаме некое инфо, МКД нема пишан унифициран прирачник за превенција и третман на пациенти од болеста COVID-19, барем не транспарентен и така како треба да биде,
Прегледај го приврзокот 307327
...наједноставен пример, не приметив кај нас да применуваат кај пациентите кои се на кислородна подршка преку назален катетер, па и преку оксиген маска да им се постават одозгора дополнително хирушка заштитна маска, како што е препорачано во прирачникот, а пак не примените на сите фази во контролирање на оксигената терапија,
а ти дежураш ли?Очигледно душо дека ти не дежураш на ковид одделенија.
Не, но знам што се прави, како се прави, кој греши ...се знам.а ти дежураш ли?
... прашање дали се знае или гледа кога нема никој одстрана во тие ковид центри како се постапува, посебно кога ненајавена контрола ќе им влезе, а тие уште од раното цакум пакум спремни, све по протокол, без посета, милина дезинфицирано и чисто,Не, но знам што се прави, како се прави, кој греши ...се знам.
Катастрофи.
Кога имало ненајавена контрола!?... прашање дали се знае или гледа кога нема никој одстрана во тие ковид центри како се постапува, посебно кога ненајавена контрола ќе им влезе, а тие уште од раното цакум пакум спремни, све по протокол, без посета, милина дезинфицирано и чисто,