Pop-up Дежурна Ординација COVID-19 edition

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
И возраста било дијагноза, ахам.
... членката кажа некоја вредност на седиментација не зборуваме за дијагноза (не ми наметнувај твои зборови) одговорив дека таа вредност иако е над нормална ( под 20 треба седиментација) за возраста е ,,таман,,ако си расположен за расправии и си напнат оптеретија десната рака ...ќе ти олесни,
4. Остеопорозата со тие шилците што ги викаш?
... јас не ,,ги викам,, членката така објасни во минати постови што ги следам, од една страна сакате ,,попросто,, објаснување од друга страна сакате ,,стручно објаснување,, кој како е расположен за мрчење,
Имам ист проблем,болка во грбот, но само при движење...направив ртг на кичма и се појавија шилци кои прават проблем...Снимајте и вие рбет, можеби иста мака имаме.
И возраста било дијагноза, ахам.
... во контекс на возраста, понекогаш а и почесто на наши простори немоќноста на докторот да ја најде причината за болеста, секогаш е ,,крива возраста,, ако е аксиозен еее тинајџер ќе помине, ако е дете..е дете е ќе порасне ќе му помине, ако е стар...е толку де колку сакаш да живее... старост е тоа,
... и те како возраста е ,,дијагноза,, на нерешливи здравствени проблеми што докторот често пати дига рака и секогаш возраста носи оправдување ...тоа е тоа!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Направив лабораторија само, седиментацијата ми е 35.. а останати вредности се сите во нормала.
ice_screenshot_20201222-192130.jpeg

... секоја референтра вредност на некоја лабораториска анализа има интервал/ распон според возраста на пацинетот,

ice_screenshot_20201222-192200.jpeg

...ако седиментацијата е 35, а референтната вредност е под 20, тоа значи де факто дека е малку повисока вредноста, но де јуре е во реферантниот интервал според возраста, а и според полот и токму тука не треба да се создаде „паника“ дека вредностите од ККС биле сите во нормала само седиментацијата поачена!

ice_screenshot_20201222-192406.jpeg

односно зависно од возраста интервалот на референтната вредност за седиментација:

ice_screenshot_20201222-192457.jpeg

и по правило би требало во полето на резултат за седиментација да стои ваков интервал на референтната вредност според возраста на пациентот!

ice_screenshot_20201222-192559.jpeg

И возраста било дијагноза, ахам.
ти си ја кажуваш како „дијагноза“ јас реков причина на покачена седиментација на членката е токму возраста и е во референтен интервал, што значи нормална вредност, тоа што ТИ кажуваш дека „возраста е дијагноза“ тоа ти ми наметнуваш зборови што ти одговорив дека ДА понекогаш докторот се служи со „возраста“ за нерешливи здравствени проблеми или неразјасната причина за болеста, но не во овој случај за седиментација што сакаш да ми го превртеш и зборот и смислата, ваков обид е само некоретно твое однесување кон мене и ништо друго,
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Упатства за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на
КОВИД-19 инфекција

Ова упатство е наменето за лицата со суспектна или лабораториски потврдена инфекција со КОВИД-19 и се на домашно лекување, како и за членовите на семејството кои доаѓаат во контакт со сомнителен или потврден случај на ова заболување. Најголемиот број пациенти со COVID-19 имаат некомплицирана или полесна болест (81%), некои развиваат тешка болест со потреба за кислородна терапија (14%), и околу 5% имаат потреба од третман во единица за интензивно лекување и нега. Пациентите со лесна форма на болест, не мора да се хоспитализираат доколку нема опасност за брзо влошување, при што приоритет треба да се даде на нивната изолација.
Поради оваа причина, пациентите со благи симптоми кои немаат некое посериозно хронично заболување, како што се белодробни или срцеви заболувања, бубрежна инсуфициенција или имунокомпромитивни состојби, може да бидат згрижени и во домашни услови.
Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот.
Јавете се на вашиот матичен лекар, доколку веќе не сте го известиле дека сте на домашно лекување.

Препораки за членови на семејството на пациентот во домашна нега

1. Во периодот на домашна изолација и лекување строго се забранети посети во домот на пациентот!

2. Пациентот да се негува во посебна и добро проветрена просторија.

3. По можност да се одреди едно лице кое ќе биде одговорно за грижа за пациентот. Лицето треба да е во добра здравствена состојба.

4. Членовите на семејството треба да останат во друга просторија или, ако тоа не е можно, да одржат растојание од најмалку 1,5 -2м од болното лице (на пр. спиење во посебен кревет).

5. Исклучок може да се смета мајка што дои. Со оглед на бенефитот од доењето и незначителната улога на мајчиното млеко во пренесувањето на респираторни вируси, мајката може да продолжи со доењето. Мајката треба да носи медицинска маска кога е во близина на своето бебе и да практикува хигиена на рацете пред близок контакт со бебето. Исто така ќе треба да ги примени и другите хигиенски мерки опишани во ова упатство.

6. Да се ограничат движењето на пациентот и да се минимизира користењето на заедничкиот простор. Да се обезбеди добра проветреност така што прозорците на заедничките простори ќе ги чувате почесто отворени (на пр. кујна, купатило).

7. Лицето кое го негува пациентот, треба да носи обична медицинска маска прицврстена на лицето кога е во иста просторија со заболеното лице. За време на употребата, маските не треба да се допираат. Ако маската се навлажнува или се извалка со секрети, веднаш треба да излезете од просторијата на заболениот и да ја промените со нова. Употребената маска правилно се отстранува, веднаш се фрла во ќеса и корпа со отпадоци со капак. По вадење на маската веднаш се мијат рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди.

8. Да се мијат рацете со сапун и вода по секој контакт со заболено лице или по контакт со предмети од нивната непосредна околина. Исто така, да се мијат рацете пред и по подготвување на храна, пред јадење, после употреба на тоалетот. По потреба може да се употреби дезинфекциско средство со алкохолна основа за чистење на раце.

9. Кога се користи сапун и вода, пожелно е користење на хартиени брисачи. Ако не се достапни, да се користат крпи/пешкири кои треба да се менуваат најмалку еднаш дневно. Секој член од семејството треба да користи сопствен пешкир/крпа.

10. Респираторната хигиена треба да ја практикуваат сите во домот, а особено заболените лица во секое време. Респираторната хигиена се однесува на покривање на устата и носот за време на кашлање или кивање со употреба на медицински маски, маски од ткаенини, проследено со миење на рацете. Доколку во моментот немате маска или шамивче устата и носот да се покријат со внатрешната страна од лактот!

11.По кашлањето и кивањето медицинските маски треба да се правилно да се отстранат како што е наведено во точка 7. Ако се користат платнени маски и шамивчиња за да се покријат устата или носот потребно е да се отстранат во посебна корпа и да се исперат со детергент на температура од 60-90 степени.

12. Да се избегнува директен контакт со телесни течности, особено орални или респираторни секрети и столица. Да се користат ракавици за еднократна употреба при грижа за заболеното лице и при контакт со столица, урина и отпад. Да се измијат рацете пред и по отстранувањето на ракавиците.

13. Ракавиците, маските и отпадот треба да бидат сместени во посебна корпа и посебна ќеса за отпадоци во просторијата на заболеното лице пред да бидат отстранети со другиот отпад од домаќинството.

14. Да се избегнува допир со контаминирани предмети во непосредна околина на заболеното лице (на пр. избегнувајте споделување на четки за заби, цигари, прибор за јадење, садови, пијалоци, пешкири или постелнина).

15. Приборот и садовите за јадење треба да се чистат со сапун или детергент и вода после употреба и може повторно да се користат наместо да се исфрлаат.

16. Секојдневно да се чистат и дезинфицираат честопати површините кои се допираат, како што се масите и другиот мебел во собата на заболеното лице со вообичаено средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.

17. Да се чистат и дезинфицираат површините во бањата и тоалетот барем еднаш дневно со редовно средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.

18. Да се пере облека, постелнини, пешкири на заболени лица со машина за перење на 60-90°C со детергент и темелно да се исушат.

19. Да се избегнува тресење на облеката и постелнините од заболеното лице поради можен директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали.

20. Заболениот треба да остане дома најмалку 14 дена од почетокот на домашното лекување или сè додека не се опорави, а тоа да се утврди после спроведени клинички прегледи или лабораториски наод (два негативни тестови направени со растојание од најмалку 24 до 48 часа).

21. Сите членови на семејството треба да се сметаат за контакти и нивното здравје треба да биде под постојан надзор.

22. Бидејќи членовите на семејството не смеаат да излегуваат од домашната изолација, потребните намирници за семејството кое живее со пациентот треба да се достават пред врата од трето лице (пријател, роднина, соседи и сл.), или Црвен крст. Алтернативно може да се врши нарачка и преку „online“ сервисите за достава

Последно уредено:

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Дечки, во Ноември прележав Ковид со средни накај тешки симптоми. Од тогаш до сега и моментално , на секој 3-4 недели имам покачена температура и пореметен осет за мирис. Плус, вакциниран сум со две дози.
Некој друг со слично искуство?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Упаства за кислородна терапија при хипоксемија кај пациенти болни од COVID-19

Хипоксемијата може да се појави како резултат на нарушени респираторни функции од КОВИД-19. Третманот со додаток на кислород може да ја поправи хипоксемијата, олеснувајќи го оштетувањето на секундарните органи предизвикани од респираторен дистрес и хипоксемија.

Кислородна терапија:

1. Континуирано следење на кислородната сатурација за време на терапијата со кислород.
Некои пациенти немаат нарушени оксигенациски функции на почетокот на инфекцијата, но може да манифестираат брзо влошување на оксигенацијата со текот на времето. Затоа, се препорачува континуирано следење на заситеноста на кислородот пред и за време на терапијата со кислород.

2. Кислородна терапија најбрзо што може.
Кислородната терапија не е нужна за пациенти со сатурација (SpO2) поголема од 93% или за пациенти без очигледни симптоми на респираторен дистрес без кислородна терапија. Кислородната терапија се препорачува за пациенти со симптоми на респираторно влошување. Треба да се напомене дека некои тешко болни пациенти со PaO2/FiO2 < 300 не манифестираа симптоми на респираторен дистрес.

3. Цел на кислородната терапија.
Целта на кислородната терапија е да ја одржува заситеноста на кислородот (SpO2) на 93%-96% кај пациенти со хронично пулмонарно заболување (ХОББ) и на 88%-92% кај пациенти со хронични респираторни нарушувања тип II. Особено, концентрацијата на кислород треба да биде зголемена на 92%-95% кај пациентите чија SpO2 често паѓа на 85% во текот на вршењето на секојдневните активности.

4. Контролирање на кислородната терапија
PaO2/FiO2
(Partial pressure of oxygen/The fraction of inspired oxygen) е чувствителен и прецизен показател за оксигенациските функции.Стабилноста и можноста за следење на FiO2 се многу важни кај пациентите кај кои се развива болеста а PaO/FiO2 се под 300 mmHg. Во вакви случаи најпосакуван третман е терапијата со кислород.

images.jpgiop.jpg 20160524-respiratory.jpg

- Кислородна терапија со носна канила со висок проток (HFNC- high flow nasal cannula ) се препорачува кај пациенти со: SpO2 < 93%; PaO/FiO2 < 300 mmHg (1 mmHg = 0.133 kPa), респираторна стапка > 25 пати во минута при лежење во кревет; или пак забележителна прогресија на рентгенски снимки. Пациентите треба да носат хируршка маска за време на третманот со HFNC. Протокот на воздух при HFNC кислородна терапија треба да започне на ниско ниво и постепено да се зголемува до 40-60 L/min кога PaO2/FiO2 е меѓу 200-300 mmHg за пациентот да не почувствува стегање во градите и губење на здивот. Првичен проток од најмалку 60 L/min треба веднаш да се даде на пациенти со очигледни респираторни пречки.

- Ендотрахеалната интубација зависи од напредувањето на болеста, системскиот статус и компликациите кај пациентите во стабилна состојба, но со низок индекс на оксигенација (<100 mmHg ). Оттука, особено е важно да се направи детална проценка на клиничката состојба кај пациентите пред да се донесе каква било одлука. Ендотрахеална интубација треба да се изврши во прва можна прилика кај пациенти со индекс на оксигенација под 150 mmHg, влошување на симптомите на респираторни пречки или дисфункција на повеќе органи во рок од 1-2 часа после висок проток (60 L/min) и висококонцентрирана (> 60%) HFNC кислородна терапија. Постарите пациенти (> 60 годишна возраст) со повеќе компликации или PaO2/FiO2 под 200 mmHg треба да бидат лечени на Интензивна нега.

la-posicion-boca-abajo-mejora-la-evolucion-de-los-pacientes-con-covid-grave-7855.jpg

Механичка вентилација

1. Неинвазивна вентилација (НИВ)

НИВ не се препорачува кај пациенти со КОВИД-19 кај кои не успеал третманот со HFNC (high flow nasal cannula). Некои тешки пациенти брзо напредуваат кон ARDS (Acute respiratory distress syndrome). Прекумерниот притисок од инфламација може да предизвика гастрична дистензија и интолеранција што може да доведе до белодробна аспирација која ќе ја влоши состојбата на белите дробови. Краткорочната (помалку од 2 часа) употреба на НИВ може внимателно да се следи ако пациентот има акутна лево-срцева слабост, хронично опструктивно пулмонално заболување (ХОББ) или е имунокомпромитиран. Треба да се изврши интубација што е можно порано доколку не се забележи подобрување на симптомите на респираторниот дистрес или PaO2/ FiO2. Се препорачува двосистемска НИВ. Треба да се постави вирусен филтер меѓу маската и вентилот за издишување кога се врши НИВ со една цевка. Треба да се одберат соодветни маски за да се намали ризикот од ширење на вирусот преку истекување на воздухот.

full-tpmd200796f1.jpg

Инвазивна механичка вентилација

1. Принципи за инвазивна механичка вентилацицја кај критично болни пациенти.

При лечењето на пациенти со COVID-19, потребно е да се напраи баланс помеѓу потребите од вентилација и оксигенација и ризикот од механичка повреда на белите дробови поврзани со вентилацијата.

• Дишниот волумен (tidal volume- TV), треба да биде наместен точно на 4 - 8 ml/kg. Во принцип, колку е помала комплијансата на белите дробови, толку треба да биде помал дишниот волумен.

• Одржувајте го притисокот на платформата < 30 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) , како и покренувачкио притисок <15 cmH2O.

• Наместете го PEEP (Positive end-expiratory pressure) согласно протоколот за ARDS.

•Фреквенција на вентилирање: 18-25 пати во минута. Дозволена е умерена хиперкапнија.

• Администрирајте седација, аналгезија или мускулна релаксација ако дишниот волумен, притисокот на платформата и покренувачкиот притисок се премногу високи.

2. “Recrutemant” маневар
маневарот кој ја подобрува хетерогената дистрибуција на белодробните лезии кај пациенти со ARDS. Сепак, може да резултира во сериозни респираторни и циркулаторни компликации и затоа обично не се препорачува. Проценка за растегливост на белите дробови треба да се изврши пред примена на овој маневар.

portada-post-decubito-prono.jpeg

3. Вентилација во “прон” (лежење на стомак) позиција
Повеќето критично болни пациенти со КОВИД-19 добро реагираат на “прон” вентилацијата, со брзо подобрување на оксигенацијата и механиката на белите дробови. Вентилација при лежење на стомак се препорачува како рутинска стратегија за пациенти со PaO2/FiO2 < 150 mmHg или со очигледни манифестации видливи на снимките без контраиндикации. Препорачливо времетраење на вентилацијата при лежење на стомак е подолго од 16 часа секој пат. Може да се престане со вентилацијата при лежење на стомак штом PaO2/FiO2 останува поголем од 150 mmHg подолго од 4 часа кога пациентот лежи на грб. Во будна состојба, “прон” позиција за вентилација може да се проба кај пациенти кои не биле интубирани или не демонстрираат очигледни респираторни потешкотии но се со нарушена оксигенација или пак имаат гравитациони консолидации во зависност од позицијата на белите дробови при снимањето. Се препорачува во времетраење од 4 часа секој пат. Оваа позиција може да се применува неколку пати дневно во зависност од ефектите и толеранцијата.

4. Спречување на регургитација и аспирација
Гастричниот резидуален волумен и гастроинтестиналната функција треба рутински да се проверуваат.Соодветна ентерална исхрана се препорачува што е можно порано. Се препорачува назоинтестинално хранење и континуирана назогастрична декомпресија. Ентералната исхрана треба да се одложи и да се направи аспирација со 50 mL шприц пред преносот. Доколку не постојат никакви контраиндикации, се препорачува полуседечка положба од 30 °.

5. Справување со течностите
Преголемото оптоварување со течности ја влошува хипоксемијата кај пациенти со КОВИД-19. За да се намали пулмоналната ексудација и да се подобри оксигенацијата, количината на течностите (рестриктивна флуидо-терапија) треба строго да се контролира истовремено обезбедувајќи перфузија на пациентот.

6. Стратегии за спречување на вентилатор-асоцирана пневмонија (VAP)

Стратегиите за VAP (ventilator-associated pneumonia) треба строго да се следат:
- Изберете соодветен број на ендотрахеален тубус ;
- Користете ендотрахеален тубус со субглотична аспирација (еднаш на секои 2ч, секогаш аспирирајте со 20 ml празен шприц);
- Поставете го ендотрахеален тубус на вистинската позиција и точна длабочина, прицврстете го правилно и избегнувајте влечење;
- Одржувајте го притисокот на кафот на 30 - 35 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) и проверувајте го секои 4 часа;
- Следете го притисокот на кафот и обрнете внимание на кондензатите при промена на позицијата (две лица работат заедно за фрлање и истурање на кондензатите во затворен сад кој содржи претходно изработен хлорен раствор за дезинфекција); отстранете ги секретите акумулирани во балонот;
- Навремено чистете ги секретите од устата и носот.

7. Одвикнување од механичка вентилација
Седативите се намалуваат и прекинуваат пред будење на пациентот кога PaO2/FiO2 е над 150 mmHg. Екстубацијата треба да се изведе најрано што може доколку е дозволиво. HFNC или NIV се користи за респираторна поддршка после екстубација.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154

Прегледај го приврзокот 307309 Прегледај го приврзокот 307313

- Кислородна терапија со носна канила со висок проток (HFNC- high flow nasal cannula ) се препорачува кај пациенти со: SpO2 < 93%; PaO/FiO2 < 300 mmHg (1 mmHg = 0.133 kPa), респираторна стапка > 25 пати во минута при лежење во кревет; или пак забележителна прогресија на рентгенски снимки. Пациентите треба да носат хируршка маска за време на третманот со HFNC. Протокот на воздух при HFNC кислородна терапија треба да започне на ниско ниво и постепено да се зголемува до 40-60 L/min кога PaO2/FiO2 е меѓу 200-300 mmHg за пациентот да не почувствува стегање во градите и губење на здивот. Првичен проток од најмалку 60 L/min треба веднаш да се даде на пациенти со очигледни респираторни пречки.

- Ендотрахеалната интубација зависи од напредувањето на болеста, системскиот статус и компликациите кај пациентите во стабилна состојба, но со низок индекс на оксигенација (<100 mmHg ). Оттука, особено е важно да се направи детална проценка на клиничката состојба кај пациентите пред да се донесе каква било одлука. Ендотрахеална интубација треба да се изврши во прва можна прилика кај пациенти со индекс на оксигенација под 150 mmHg, влошување на симптомите на респираторни пречки или дисфункција на повеќе органи во рок од 1-2 часа после висок проток (60 L/min) и висококонцентрирана (> 60%) HFNC кислородна терапија. Постарите пациенти (> 60 годишна возраст) со повеќе компликации или PaO2/FiO2 под 200 mmHg треба да бидат лечени на Интензивна нега.

Прегледај го приврзокот 307311

Механичка вентилација

1. Неинвазивна вентилација (НИВ)

НИВ не се препорачува кај пациенти со КОВИД-19 кај кои не успеал третманот со HFNC (high flow nasal cannula). Некои тешки пациенти брзо напредуваат кон ARDS (Acute respiratory distress syndrome). Прекумерниот притисок од инфламација може да предизвика гастрична дистензија и интолеранција што може да доведе до белодробна аспирација која ќе ја влоши состојбата на белите дробови. Краткорочната (помалку од 2 часа) употреба на НИВ може внимателно да се следи ако пациентот има акутна лево-срцева слабост, хронично опструктивно пулмонално заболување (ХОББ) или е имунокомпромитиран. Треба да се изврши интубација што е можно порано доколку не се забележи подобрување на симптомите на респираторниот дистрес или PaO2/ FiO2. Се препорачува двосистемска НИВ. Треба да се постави вирусен филтер меѓу маската и вентилот за издишување кога се врши НИВ со една цевка. Треба да се одберат соодветни маски за да се намали ризикот од ширење на вирусот преку истекување на воздухот.

Прегледај го приврзокот 307315

Инвазивна механичка вентилација

1. Принципи за инвазивна механичка вентилацицја кај критично болни пациенти.

При лечењето на пациенти со COVID-19, потребно е да се напраи баланс помеѓу потребите од вентилација и оксигенација и ризикот од механичка повреда на белите дробови поврзани со вентилацијата.

• Дишниот волумен (tidal volume- TV), треба да биде наместен точно на 4 - 8 ml/kg. Во принцип, колку е помала комплијансата на белите дробови, толку треба да биде помал дишниот волумен.

• Одржувајте го притисокот на платформата < 30 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) , како и покренувачкио притисок <15 cmH2O.

• Наместете го PEEP (Positive end-expiratory pressure) согласно протоколот за ARDS.

•Фреквенција на вентилирање: 18-25 пати во минута. Дозволена е умерена хиперкапнија.

• Администрирајте седација, аналгезија или мускулна релаксација ако дишниот волумен, притисокот на платформата и покренувачкиот притисок се премногу високи.

2. “Recrutemant” маневар
маневарот кој ја подобрува хетерогената дистрибуција на белодробните лезии кај пациенти со ARDS. Сепак, може да резултира во сериозни респираторни и циркулаторни компликации и затоа обично не се препорачува. Проценка за растегливост на белите дробови треба да се изврши пред примена на овој маневар.

Прегледај го приврзокот 307312

3. Вентилација во “прон” (лежење на стомак) позиција
Повеќето критично болни пациенти со КОВИД-19 добро реагираат на “прон” вентилацијата, со брзо подобрување на оксигенацијата и механиката на белите дробови. Вентилација при лежење на стомак се препорачува како рутинска стратегија за пациенти со PaO2/FiO2 < 150 mmHg или со очигледни манифестации видливи на снимките без контраиндикации. Препорачливо времетраење на вентилацијата при лежење на стомак е подолго од 16 часа секој пат. Може да се престане со вентилацијата при лежење на стомак штом PaO2/FiO2 останува поголем од 150 mmHg подолго од 4 часа кога пациентот лежи на грб. Во будна состојба, “прон” позиција за вентилација може да се проба кај пациенти кои не биле интубирани или не демонстрираат очигледни респираторни потешкотии но се со нарушена оксигенација или пак имаат гравитациони консолидации во зависност од позицијата на белите дробови при снимањето. Се препорачува во времетраење од 4 часа секој пат. Оваа позиција може да се применува неколку пати дневно во зависност од ефектите и толеранцијата.

4. Спречување на регургитација и аспирација
Гастричниот резидуален волумен и гастроинтестиналната функција треба рутински да се проверуваат.Соодветна ентерална исхрана се препорачува што е можно порано. Се препорачува назоинтестинално хранење и континуирана назогастрична декомпресија. Ентералната исхрана треба да се одложи и да се направи аспирација со 50 mL шприц пред преносот. Доколку не постојат никакви контраиндикации, се препорачува полуседечка положба од 30 °.

5. Справување со течностите
Преголемото оптоварување со течности ја влошува хипоксемијата кај пациенти со КОВИД-19. За да се намали пулмоналната ексудација и да се подобри оксигенацијата, количината на течностите (рестриктивна флуидо-терапија) треба строго да се контролира истовремено обезбедувајќи перфузија на пациентот.

6. Стратегии за спречување на вентилатор-асоцирана пневмонија (VAP)

Стратегиите за VAP (ventilator-associated pneumonia) треба строго да се следат:
- Изберете соодветен број на ендотрахеален тубус ;
- Користете ендотрахеален тубус со субглотична аспирација (еднаш на секои 2ч, секогаш аспирирајте со 20 ml празен шприц);
- Поставете го ендотрахеален тубус на вистинската позиција и точна длабочина, прицврстете го правилно и избегнувајте влечење;
- Одржувајте го притисокот на кафот на 30 - 35 cmH2O (1 cmH2O = 0.098 kPa) и проверувајте го секои 4 часа;
- Следете го притисокот на кафот и обрнете внимание на кондензатите при промена на позицијата (две лица работат заедно за фрлање и истурање на кондензатите во затворен сад кој содржи претходно изработен хлорен раствор за дезинфекција); отстранете ги секретите акумулирани во балонот;
- Навремено чистете ги секретите од устата и носот.

7. Одвикнување од механичка вентилација
Седативите се намалуваат и прекинуваат пред будење на пациентот кога PaO2/FiO2 е над 150 mmHg. Екстубацијата треба да се изведе најрано што може доколку е дозволиво. HFNC или NIV се користи за респираторна поддршка после екстубација.
Што е работава со прирачникот, го добивте сите доктори или сакаш овде дотичните експерти од медицина да ги научиш?

Прирачникот требаше оддамна да го штампаат во најголем формат, 2 на 2 метри и ко тапет да го излепеа на зидови во сите болници.
Многумина умреа и умираат токму поради незнаење како да приклучат пациент...им брцаат цевки во желудник наместо во плуќа, пуштаат силен притисок и им ги распукуваат белите дробови како балон кога пука...
Контрола треба да им се направи на докторите, но некои стручни лица, дојдени од друга држава.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Што е работава со прирачникот, го добивте сите доктори или сакаш овде дотичните експерти од медицина да ги научиш?Прирачникот требаше оддамна да го штампаат во најголем формат, 2 на 2 метри и ко тапет да го излепеа на зидови во сите болници. Многумина умреа и умираат токму поради незнаење како да приклучат пациент...им брцаат цевки во желудник наместо во плуќа, пуштаат силен притисок и им ги распукуваат белите дробови како балон кога пука... Контрола треба да им се направи на докторите, но некои стручни лица, дојдени од друга држава.
...што да ти речам, ќе погрешам, затоа подобро да не коментирам, барем вака да имаме некое инфо, МКД нема пишан унифициран прирачник за превенција и третман на пациенти од болеста COVID-19, барем не транспарентен и така како треба да биде,

maskdemo_032120.jpg

...наједноставен пример, не приметив кај нас да применуваат кај пациентите кои се на кислородна подршка преку назален катетер, па и преку оксиген маска да им се постават одозгора дополнително хирушка заштитна маска, како што е препорачано во прирачникот, а пак не примените на сите фази во контролирање на оксигената терапија,
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
...што да ти речам, ќе погрешам, затоа подобро да не коментирам, барем вака да имаме некое инфо, МКД нема пишан унифициран прирачник за превенција и третман на пациенти од болеста COVID-19, барем не транспарентен и така како треба да биде,

Прегледај го приврзокот 307327

...наједноставен пример, не приметив кај нас да применуваат кај пациентите кои се на кислородна подршка преку назален катетер, па и преку оксиген маска да им се постават одозгора дополнително хирушка заштитна маска, како што е препорачано во прирачникот, а пак не примените на сите фази во контролирање на оксигената терапија,
Очигледно душо дека ти не дежураш на ковид одделенија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Не, но знам што се прави, како се прави, кој греши ...се знам.
Катастрофи.
... прашање дали се знае или гледа кога нема никој одстрана во тие ковид центри како се постапува, посебно кога ненајавена контрола ќе им влезе, а тие уште од раното цакум пакум спремни, све по протокол, без посета, милина дезинфицирано и чисто,
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
... прашање дали се знае или гледа кога нема никој одстрана во тие ковид центри како се постапува, посебно кога ненајавена контрола ќе им влезе, а тие уште од раното цакум пакум спремни, све по протокол, без посета, милина дезинфицирано и чисто,
Кога имало ненајавена контрола!?
Можеби некад било милина, чисто, дезинфицирано....кој да прави визита на ковид болни пациенти, психијатар на дежурниот физијатар или очен доктор,!?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
ПРИРАЧНИК ЗА ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА НА COVID-19

Дијагноза и клиничка класификација на COVID – 19

- раната дијагноза, третманот и изолацијата треба да се спроведат секогаш кога е можно, динамичното мониторирање на РТГ снимки на бели дробови, оксигенацискиот индекс, нивото на цитокин се препорачливи за рана идентификација на пациенти кои може да се развијат тешки симптоми,

- тестирање и позитивен резултат на SARS – CoV-2 е стандард за дијагноза на COVID–19, но можноста од лажно негативни детекции, карактеристичните манифестации на сомнителните случаи на КТ скенови може да се третираат како потврдени случаи дури и доколку тестот за SARS – CoV-2 е нагативен, така да изолација и продолжено тестирање треба да се применат во вакви случаи.

Дијагностичките критериуми ги следат Протоколите за Дијагноза и третман на КОВИД-2019, пациентот се потврдува дека е позитивен врз основа на епидемиолошката историја (вклучително и трансмисија во кластери), клиничките манифестации (треска и респираторни симптоми), РТГ снимката од белите дробови и резултатите од откривање на нуклеинска киселина SARS-CoV-2 и специфични серумски антитела.

Клиничка класификација:

1. Лесна форма

Клиничките симптоми се благи и снимките не покажуваат манифестација на пневмонија.

2. Умерена форма
Пациентите пројавуваат симптоми на треска, отежнато дишење, а на снимките има видливи манифестации на пневмонија.

3. Тешка форма
Возрасни лица кои исполнуваат било кој од следниве критериуми:

- респираторна стапка ≥ 30 респирации/минута;
- кислородна сатурација ≤ 93% при мирување;
- парцијален артериски притисок на кислородот (PaO2)/концентрација на кислород (FiO2) ≤ 300 mmHg.
Пациентите кај кои на белодробните снимки се забележува > 50% прогресија на лезии во рок од 24 до 48 часа, треба да се третираат како тешки случаи.

4. Критична форма
Пациенти кои одговараат на барем еден од следниве критериуми:

- појава на респираторна слабост која бара механичка вентилација;
- присуство на шок;
- друга слабост на органите што бара набљудување и третман на интензивна.

Критичните случаи се дополнително класифицирани во рана, средна и доцнежна фаза според индексот на оксигенација и состојбата на респираторниот систем:

• рана фаза:
100 mmHg < индекс на оксигенација ≤150 mmHg; комплијанса на респираторниот систем ≥30 mL/cmH2O; без слабост на други органи освен белите дробови. Пациентот има големи шанси за заздравување преку активна антивирусна, антицитокинска интензивна терапија и придружна симптоматска терапија.

• средна фаза: 60 mmHg < индекс на оксигенација ≤100 mmHg; комплијанса на респираторниот систем ≥15 mL/cmH2O; може да дојде до компликации предизвикани од блага или умерена дисфункција на други органи.

•доцна фаза: индекс на оксигенација ≤60 mmHg;
комплијанса на респираторниот систем ≥15 mL/cmH2O; дифузна консолидација на белите дробови за што е потребно да се употреби екстракорпорална мембранска оксигенација (ECMO); или пак откажување на други витални органи. Ризикот од смртност е значително зголемен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom