Прилично контроверзна, па дури и шокантна и скандалозна, стратегија на UK за борба со ширењето на епидемијата на коронавирус, а очигледно и некои други држави (Шведска) се на истата линија на размислување. Утилитаризам на дело е работава, некои животи се преголем трошок за општеството, па подобро е тие луѓе да се остават да умрат, со цел цело општество побрзо да стекне колективен имунитет и животот да продолжи нормално. Освен што нема да продолжи нормално, не се знае доволно за вирусот за епидемиолозите да бидат сигурни дека тоа е изводлива стратегија.
Не знам само со кое лице ќе зборат понатаму за авторитарни политички системи и повреди на човекови права во други држави. Овде, државата практично ја претвара епидемијата во лотарија по системот “кој оди курбан ради природна селекција.... тоа е, али ќе ве памтиме по убаво“.
Не им ја ни разбирам логиката. Сите целат кон стекнување на колективен имунитет, “herd immunity“, како и да е. Не е дека Италија, Шпанија, Кина или Ј.Кореја се надеваат комплетно да го искоренат вирусот од својата популација. Поентата е да се намали слободното ширење на епидемијата и да се спречи настанување во краток временски период на голем пик на заболени на кои им е потребна хоспитализација или интензивна нега, а кои неколкукратно ќе го надминат капацитетот на здраствениот систем тоа да го овозможи. Да има неколку помали, менаџирани пикови, за здравствениот систем да не остане без ресурси, да може да пружа подобра нега и да добие на време. Ако го одложат тој пик подолго време, добиваат време за да се развијат подобри техники за лечење, поефективни лекарства или подобра грижа, па дури и да обезбедат колективен имунитет преку вакцина, и на тој начин да ја намалат смртноста. Колку што ја ги разбирам експертиве, сите држави го прават тоа, не пробуваат комплетно да го спречат ширењето.
Ликов, Sir Patrick Vallance, ќе биде запамтен или како генијалец, или како идиот кој предизвикал смрт на стотици илјади луѓе, која можела да се спречи.
https://www.theguardian.com/comment...st-britain-herd-immunity-coronavirus-covid-19
Ако ова backfire-не, и им се случи некоја голема криза па имаат големи бројки на заболени и мртви, можам да го замислам огромниот револт кој ќе биде насочен кон власта и политичките лидери. Уште од сега има луѓе кои се згрозени и се во неверување. Проценките се дека за стекнување на колективен имунитет, треба да заболат 40 милиони Британци, што потенцијално би резултирало со 400.000-1.200.000 мртви. Замислете да ги изгубите двајцата родители или брачен другар дијабетичар, или дете заболено од канцер бидејќи немало кој да им пружи нега, а неколку месеци после тоа се пронајде поефикасна терапија за болеста, која ја намалува смртноста
Иронијата е што, групава над 60 години која најжустро се бореше да го врати суверенитетот во свои раце, првата одлука на политичарите кои ги именуваа да носат одлуки во нивно име, е да ги дадат како жртва за останатиот дел од општеството.

Ако поентата им е да ја лимитираат економската штета, не знам каква разлика ќе им направи ова, кога цел свет околу нив ќе биде во карантин. Сигурно, квалитено инвестициско банкарство или сметководствени услуги, им се последната работа на памет на луѓето во карантин. Економијата во секој случај ќе ги претрпе тие последици.
Еве Италија денес пријави 368 нови мртви, за само 3 недели 1.800 мртви. Бројките на заболени растат, иако цела држава е под карантин. Како UK ќе ги изолира само ризичните категории на граѓани, не ми е јасно? Можеби ќе ги преземаат и они тие чекори кога ситуацијата ќе се влоши, ќе видиме. Меѓутоа, тогаш само губат време во моментов. Или може се вистина попаметни од сите останати, па нивната стратегија ќе биде поуспешна.
Кај нас нема ни М од економски мерки засега.
Најдобрата мерка во моментов им е да се молат.

Има некои мерки кои можат да ги преземет и сигурно ќе ги преземат, ама нивното дејство е ограничено. Голем дел од нашиот извоз е врзан со европската автомобилска и воопшто преработувачка индустрија, како полупроизводи. Се надевам само дека работите полека ќе се нормализираат со текот на времето.