Се далеку покомплицирани, треба да спремиш специфична програма за секоја општина посебно со предлози за доста оштинско специфични проблеми. Не можеш да копираш освен едно 10-15% од решенијата. Треба да спремиш 80 листи на кој треба да пазиш до пола листа кој ставаш зошто советници цело време си враќаат мандати и за крај треба да најдеш и десетици кандидати кои се релевантни за општините во кои ги кандидираш и се способни да излезат на дебата. Сите овие кандидати треба да ги спремиш и за секоја општина треба различна и посебна кампања да водиш. И најголемиот проблем, треба да калкулираш дали во некое место некој поспособен повеќе ќе донесе како кандидат за градоначалник иако знае дека ќе изгуби или како советник за 4 години мандат.
За споредба парламентарни избори се далеку далеку полесни за организација. 120 кандидати, од кои реално 10-15 треба да ги пазиш на која позиција се. 80% од кампањата е на централно ниво и се повторува во сите ИЕ, 20% е специфична за таа изборна единица. Многу многу поедноставно за организирање.
Да бидам искрен и мене ме нервира што не работат побрзо и искрено мислев дека до средина на јули се треба да биде објавено али тоа е што е. Во секој случај кандидати ќе има.