Тужба до Македонски Пошти

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Све им е успорено заради Короната.
Припреми се, ако се решиш да тужиш, адвокатот ќе ти го бара тракинг бројот

Нормално дека го имам тракинг бројот и нормално е дека проверив до каде е нарачката.
 
Нормално дека го имам тракинг бројот и нормално е дека проверив до каде е нарачката.
нека ти вратат парите па нарачај пак, а може и од друг Селер да нарачаш...
 
Нормално дека го имам тракинг бројот и нормално е дека проверив до каде е нарачката.
estimated delivery ti pishuva do 7mi Mart, a denes sme 5ti. Napravi Despute za taa naracka da ne te boli glavata. Poz
 
Нормално дека го имам тракинг бројот и нормално е дека проверив до каде е нарачката.
Епа пиши го овде бројот ако ги имаш што се правеш мутав ? Копирај го тракинг бројот постирај го воде во темата не ли разбираш Македонски ?

Тоа "In Transit" ти е широк поим.. Од каде ти заклучи дека овде ти е пратката? За да биде овде престигната пратката мора тракинг бројот да го пишеш на Македонски Пошти веб страницата и ако го дава таму бројот значи стигната е овде.
 
Имам нарачано 4 пратки од кина пред месец и пол. 3 од нив ми пристигнаа, но 4-тата и најважната не ми стигна. А рокот што го пишува на AliExpress е до 07.04.2020.
Ова ми се случува трет пат да имам проблем со поштата. Па сега дури и размислувам за тужба до поштата.
Прегледај го приврзокот 236311

Не верувам дека денес или утре би пристигнала, бидејќи бев пред 2 дена да прашам за пратката и ми рекоа дека не е стигната.
Ваш совет?
Дали да одам со тужба и адвокат или да почекам да помине некој период па после тоа да ги средам?

Пратката ми е многу битна.
Тужи баце до даска, до корен. Крадат од пошта и не е прв пат да крадат.
 
Истото ми се има случено. Стоката беше луксузна козметика.
Ефтината стока стига, а луксузната стока си ја земаат во пошта. Кражба!!
Дури двапати ми ја испратија од LookFantastic, ниту едниот пакет не стигна. Среќа страницата е фер па ми рефундираа пари.

Крадци!!
 
може да ја тужи пошта поради доцнење, еве го дојде 8 март а подароците за девојката ИН ТРАНСИТ
 
Бев до пошта пред малце. Пепел се направивме со тој на шалтер. Нарачката била во пошта од 01.03.2020.
Поштарот си земал одмор, а го заменил друг поштар. Тој не им ги доставил пратките на цела улица каде што живеам.
Ги отерав упм.
Дури се бранеше дека е независен од поштарот и него не го интересирало дали е доставена пратката.

Заради вакви случки им ги палат поштите. Све да изгорат. :mad:
 
Е се спасија од тужба значи, убоо си им го рекол.
 
Го шрочитав целиот досегашен разговор и јасно ми е дека веќе случајот е решен.
Само сакам да разјаснам некои работи од правен аспект:
И да е по вина на поштата (украдена или загубена пратка) не можеш да ја тужиш поштата ТИ. Испраќачот, односно продавачот е сопственик на пратката (пакетот) до оној момент додека курирската служба (поштата) не ти ја предаде тебе (на купувачот). Од тие причини ти немаш никаков однос со поштата, нити пак е твоја работа да го бркаш курирот, тоа е законска обврска на продавачот и тој е правно легитимиран да поднесе тужба против поштата (тој е активно легитимирана странка, независно што поштарината ти е тебе наплатена).
Доколку, хипотетички, не ја добиеше пратката ти имаш однос со продавачот, а не со курирската служба, па дури и да имаш валиден тракинг број тебе во суд тоа ништо не ти значи. И да поднесеш ти тужба, истата ќе ти биде отфрлена и судот нема да решава по неа бидејќи не си активно легитимиран за поднесување на таква тужба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom