Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Де факто, човек со диплома од медицински факултет што завршил пред 5 години и нема ден стаж - НЕ Е ЛЕКАР.
Тоа треба ти подобро од мене да го знаеш.Да не зборам сега за непотизми, пропорционално учкарско, пропорционално партиско вработување....„Добрите цифри“ на нашата епидемија се резултат на НЕТЕСТИРАЊЕ и ништо друго.
...дали си би во некоја болница во било кој град во провинција на МКД?
за кој град сакаш пример? еве за Кичево, дали знаеш дека прекрасна зграда седи така готова (ги крадат прозорците,вратите, мебелот) а здравствен персонал работи во простории како да кажам ме потсетува на катакомбите со тоа мирисот и староста, мене не ми се веруваше дека постои таква работа, прашање дали воопшто имаат нормална ординација, а не инфективно одделение, само да видиш во каква зграда ги вакцинираат децата мене не ми се верува и ден денес се крстам, да ги чува Господ... а нова зграда болница седи онака... и тука што се очекува за заштита на кичевчани од коронавирус, кога самите здравствени работници работаат во такви лоши услови еве @gjoko-mkd нека фотне некоја фотографија и нека каже, а што ми е најчудно коалицијата на власт скоро 20 години е токму од тој реон!
 
Доста радикални ставови има Вело Марковски ама му држат вода. Буквално најсподелуван лекар е на цел Балкан периодов, сеа пак го гледав на ТВ 24.
Некако премногу сме насочени на медицинска статистика, а се занемаруваат економските последици ако мислат на долг период да продужат со карантиниве и се затворено. Уште макс до крај на април вака може да се издржи, ќе крахира државава по сите основи.
Радикални ставови али некои работи кои ги кажа како на пример цитирањето на медицинското списание The Lancet, му беа неточни и шпекулативни.
 
Леле Вуќич драма изведува моментално. Ова е пута 10 од пропагандата на Груки со пунтото, а прашањата од новинарите на ниво од тие на Латас.

Дај да видиме што изведува будалата
 
Дај да видиме што изведува будалата

На Прва ТВ гледав, едночасовен говор имаше, сиот насолзен, а прашањата на новинарите ,,јел успете да преспавате неки сат преседниче?". Едвај една го потпраша нешто против, веројатно за да не е дотолку очигледно, демек зошто не носел ракавици и ја отера упм. :pos:
Катастрофално ја води ситуацијата, немаат ни колку нас тестови напревено, а да им ги видиш медиумите мислиш како Германија се справуваат.
 
Ако воведат забрана за движење како во Србија ќе биде леле мајко. Од пладне сабота до 5:00 понеделник. После не обесити, не пивски стомаци, сава зимски ќе се сториме
 
Интересно да се прочита, напишано на ниво
 
Good news comes from Gerald Gaß, head of the German Hospital Society. He told the Rheinische Post in Düsseldorf that the number of intensive care beds in Germany had increased by 12,000 to 40,000. According to Gass, 30,000 of them have a respirator.

:cuc: :cuc:

2613,w=468,c=0.bild.gif
 
Интересно да се прочита, напишано на ниво

Да многу интересно, стапката на смртност е иста како кај грип. :facepalm:

Не знам шо сакаат да постигнат со овие глупирања, затоа што врти сучи стапката на смртност под 1.5% нема да биди.

Инаку за Италија, Франција, Шпанија растура бројкава, а Трамп најавува 250.000 жртви.
 
Сите вие што тврдите дека коронавирусов е мачји кашаљ би ве ставила да работите на инфективно место сестрите и докторите, а пред се место хигиеничарите и тоа без никаква заштитна опрема. Пошто нели, паника е само, вирусот е полесен од кивавица, не знам што толку хистерија се прави. :tapp:
Патем да не се навраќам на конкретното мислење од @gigovit дека WHO не е кредибилна зашто ја воделе доктори од Пакистан, еве вака да те прашам зошто и како ти како стоматолог (значи не доктор по општа медицина туку стоматолог) од велелепниот Стоматолошки факултет Скопје, папокот на светот на науката и уметностите, сметаш дека си постручен да даваш критички мислења на тема заразни болести од луѓе кои целиот живот го посветиле на истражување во областа? Чисто од теоретски аспект, бидејќи толку самоуверено тврдиш дека ти си единствениот разумен од илјадници доктори, не за друго. Истово прашање е и за целата братија што го тврди истото, а особено за оние што се реферираат на “Имала је само шампон и мрсну косу, оно што је урадила оставиче вас без даха” српски видеа и статии.
 
Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за ‘зелени линии’ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови“,
објави Вархеји на Твитер.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Франкфурт помеѓу 8 и 9 часот сабајле БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС.
:cuc: :cuc::cuc: Нација се нек си ебе матер
 
Сите вие што тврдите дека коронавирусов е мачји кашаљ би ве ставила да работите на инфективно место сестрите и докторите, а пред се место хигиеничарите и тоа без никаква заштитна опрема. Пошто нели, паника е само, вирусот е полесен од кивавица, не знам што толку хистерија се прави. :tapp:
Патем да не се навраќам на конкретното мислење од @gigovit дека WHO не е кредибилна зашто ја воделе доктори од Пакистан, еве вака да те прашам зошто и како ти како стоматолог (значи не доктор по општа медицина туку стоматолог) од велелепниот Стоматолошки факултет Скопје, папокот на светот на науката и уметностите, сметаш дека си постручен да даваш критички мислења на тема заразни болести од луѓе кои целиот живот го посветиле на истражување во областа? Чисто од теоретски аспект, бидејќи толку самоуверено тврдиш дека ти си единствениот разумен од илјадници доктори, не за друго. Истово прашање е и за целата братија што го тврди истото, а особено за оние што се реферираат на “Имала је само шампон и мрсну косу, оно што је урадила оставиче вас без даха” српски видеа и статии.
Дискрецијата мислев дека треба да се одржува али ајде.
Што ако после еден месец излезе од СЗО етиопјанецот или пакистанецот и рече априлили, мала шала беше, како че се осечаш тек тад, а тоа е следното шо ќе се деси.
Кризата може да заврши само тогаш кога ќе реши СЗО, без разлика дали у Макединија ќе има 2-3, 200-300 или 2000-3000 заболени. И тогаш ќе кажат дека го победивме вирусот со голем напор и големи жртви и она што остана од него ќе го пратиме демек дали пак ќе рецидивира но и ако пак се појави веќе ќе имаме спремни вакцини. И толку.Владите ќе ги симнат сите забрани одеднаш и ќе се обидеме пак да продолжиме со животот.
 
Така и ќе испадне џабе потрошено 3 4 недели седејќи дома, миејќи раце и слушање на квази експерти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom