Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно шо е работава со Италија? Зошто има волкав процент на смртност кај заболените? Недоволна нега на пациентите и посветеност на здравствените работници?

Не ја сватија заканата премногу сериозно, граѓаните и институциите го подценија вирусот, акциите им беа презадоцнети. Не помага ни фактот што беа први каде се случи поголема појава на истиот.
 
Јапан е синоним за дисциплина, да видиме како ќе се справи.
 
Не е работата дека ќе снема некој производ, туку не сакаат често да одат да пазарат со што ќе имаат поголеми шанси да го зачат вирусов ако ситуацијата ескалира.
Има логика твоево ама Македонецот е поучен од кризите во Југославија и мисли дека ќе снема.
 
Германија има поголем % од населението во категориите што се најризични 55-65+ па многу помала смртност
Германија нема епидемија, сеуште. Смртноста во Европа ќе биде горе - доле како италијанската.
 
Синеплекс 14 дена нема да работи.
Мора да се затвараат фирми, претпријатија кои на дневна база генерираат голем проток на луѓе.
Маркети според мене со намалено работно време (намален број на персонал).
 
Не се лоши бројките, ако се преслика и кај нас, ама најверојатно нема да е исто, бидејќи не сме дисциплинирани. Италија е пример на распуштено однесување за време на епидемија, ние нема да сме многу различни - гарант
Не не споредувајте со Италија. Со сите проблеми што ги има, Италија е друг свет за нас. Огромна држава со огромна економија (8ма најголема во свет) и многу ресурси. Регионот Ломбардија, каде епидемијата удри најјако, е богат регион на европско ниво, со одличен здраствен систем.
Ако кај нас и другите земји во околината, до толкав степен се прошири епидемијата како во Северна Италија, последиците можат да бидат потенцијално уште полоши. Потребни се неколку стотина заболени за комплетно да го преплават нашиот здраствен систем. После тоа е веќе пишанката.
Уште не ја разбираме комплетно опасноста изгледа, затоа луѓето се немарни.

Еве, последно Италија пријави скоро 200 нови умрени и повеќе од 2000 нови заболени. Страшна работа. За скоро 2ипол недели 820 починати.
 
Едвај чекам во петок пензионерите да не слушнале дека им е укинат безплатниот превоз и пак да се возат цел ден. :love:

Огромен пропуст е што нема постојани известувања за мерките како оваа по цел ден на телевизија.Пензионерите не се многу свесни за ситуацијата и претежно гледаат со потсмев
 
У меѓувреме, у Македонија, после идиотската одлука на директорката да оди на работа и да се затвори цела клиника ради неа, плус 200 луѓе у изолација, денес ги имаме ЈСП со скоро исто глупа одлука, да се редуцираат автобусите, за да може кога одат и се враќаат луѓето од работа да се прави поголема гужва. Денес од сабајле беше малку порастеретено пошто немаше ученици и студенти, али од утре пак ќе биде хаос поради идиотите у ЈСП.
Бонус. Искочи инфо дека наставничките што славеле 8-ми март у Италија, во понеделникот си отишле на настава.
 
Чисто за споредба кога ја отворив темата на 24 Јануари имаше 800 заразени и 26 лица починати во Кина. И имаше малку заразени во Европа баш тогаш почна со 2ца заразени во Франција. Во тоа време памтам никој во светот освен Кина од каде и почна вирусот не се замараше особено па овде во Македонија и насекаде се натпреваруваа кој ќе направи подобар виц за вирусот и тоа доволно кажува за свеста на човекот. На експертите побитно им беше да вадат статистики колку умирале од сезонски грип(општо зборувам да не се навреди некој од форумот).Ама затоа заради таа неодговорност и сеуште има што не се замараат како резултат на се тоа еве сме сега после 2 месеца со падемија за жал и вирусот раширен низ цел свет.
The coronavirus COVID-19 is affecting 121 countries and territories around the world.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom