Група А (CRO, SRB, MNE, BLR) - Грац

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе ја поминат групата

  • Хрватска

    Гласови: 32 100,0%
  • Србија

    Гласови: 11 34,4%
  • Црна Гора

    Гласови: 5 15,6%
  • Белорусија

    Гласови: 13 40,6%

  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.417
Поени од реакции
7.110
Ова ќе биде прво ЕП на кое ќе учествуваат сите 6 ex-Yu држави. 3 од нив се паднаа ви иста група и ќе имаат можност да го отворат првенството. Група со еден изразит фаворит и 3 екипи кои релативно изедначено влегуваат во битка за пласман во втората фаза. Левата страна од ждрепката (групите A,B и C) е прилично поволна, што овозможува некои од овие репрезентации да стигнат и далеку на првенството иако главно екипите од група А ги обвива песимизам и надолен тренд на настапи.

Одиме со ред

Хрватска

Очекуван состав:

GK: Sego / Asanin
LW: Mandic / Ravnic
RW: Horvat / Matanovic
P: Maric / Sipic / Musa
LB: Mamic / Hrstic / Sarac
CB: Cindric / Duvnjak / Karacic
RB: Stepancic / Martinovic

Хрватска како и секогаш ќе влезе со амбиции за медал (особено што европското злато е единствено кое им недостига во колецијата). Но прашање е колку амбициите и историјата имаат пресек со сегашноста. Главните 3 ѕвезди играат на истата позиција и практично е невозможно сите 3 да бидат истовремено во составот. Целосно може да се очекува дека скоро целата минутажа на лев и среден бек ќе се подели меѓу Циндриќ, Дувњак и Карачич - останатите леви бекови се во составот само за одбрана, искуство и специфични ситуации. Од една страна реалноста на ростерот веројатно не е каква што навикнале хрватите. Од друга страна, ждрепката широко им го отвора патот кон полуфиналето. Некако се подзаборевени на ова првенство, што ги прави многу опасни, особено со оглед дека за разлика од минатите неколку сезони се главно здрави. Доста се пишуваше за отсуствата на лево крило - лично не сметам дека е тоа проблем, Mandic и онака ќе беше прва опција бидејќи е одличен дефанзивец на 5ка што овозможува да се скрие Cindric на 6ка. Stepancic е во подобра форма од минатото. Имаат одличен разновиден избор на пикер - класичен офанзивец во Sipic, одличен дефанзивец во Musa - кој патем многу напредуваше офанзивно последните години и според мене е еден од најдобрите играчи на Хрватска во моментот и поуниверзалниот Maric кој е добар во напад, но знае да биде доста корисен и во одбрана на нецентралните позиции (особено во 3-2-1 или 5-1 варијанта, а хрватите сигурно ќе играат повремено ваква одбрана со Дувњак напред). Horvat и натаму е светска класа крило. Како и секогаш, многу работи ќе зависат од голманите кои стандардно им се најслаба алка во екипата. Ќе видиме, но мене ми се чини дека можат хрватите да имаат доста добро првенство и да изненадат некои кои предвреме ги отпишаа. Некако ми се допаѓа како е скоцкан тимот и ако Cervar добро ја склопи тактиката, може да стигнат далеку.

Србија

Очекуван состав:

GK: Cupara / Ivanisevic
LW: N.Ilic / V.Ilic
RW: Radivojevic / M.Djukic
P: Marsenic / Nikolic / Pesic
LB: Mosic / Pusica / Sretenovic
CB: Kukic / Vujic / Kolakovic
RB: Zelenovic / Crnoglavac

По смената на генерации, србите доживуваат пад последните години и би рекол среќна околност е што колку толку одржаа континуитет на настапи на големите натпреварувања. Колку таа смена на генерации беше заради внатрешни кавги, колку заради објективната потреба од подмладување може да се дебатира, но од денешна перспектива би рекол единствениот кој реално отсуствува е виртуозот Петар Ненадиќ - сите останати бивши ѕвезди се или веќе пензионирани или на последни нозе се ближат кон пензија. Ова е горе долу реалниот состав на Србија, имаат сега дечките и одредено искуство зад себе, така што веројатно може да се очекува малку подобар настап. Проблем е капацитетот. На голман се добро покриени и покрај отсуството на Милосављев. Крилата се солидни. Проблемот е во бековската линија, слично како што ќе биде и кај нас по пензијата на Лазаров. Ќе мора да повлече најискусниот Зеленовиќ, но ќе мора сите да играат, Зеленовиќ е солиден играч но не е калибар за сам да ја носи репрезентацијата на свој грб. Се на се непредвидлива екипа, но и екипа која многу игра на емоции, па исклучително значајно е како ќе тргне првенството за нив.

Црна Гора

Очекуван состав:

GK: Simic / Mijuskovic
LW: Bakic
RW: Radovic / Lasica
P: Grbovic / Kankaras / Simovic
LB: Bozovic / Sevaljevic / Vujovic
CB: Andjelic
RB: Cavor / Lipovina / Vujovic

Црна Гора веќе подолго време е пристојна селекција која нема баш капацитет за повисоки дострели, но знае да си ги искористи шансите кои и се укажуваат. Борозан сеуште не игра, што е ненадоместливо отсуство со оглед дека тој е единствената ѕвезда во тимот. Згора на тоа имаат проблеми и на лево крило по повредата на Вујовиќ неколку дена пред првенството. Но имаат солидни опции на повеќето позиции и добар тимски дух што ќе ги направи опасен противник на сите натпревари. Лидери би требало да бидат десните бекови (сите 3 се квалитетни играчи, иако Чавор и Липовина веројатно ќе добијат минутажата). Меѓу главните адути би требало да бидат и голманот Симиќ и левиот бек Божовиќ.

Белорусија

Очекуван состав:

GK: Matskevich / Saldatsenka
LW: Yurinok / Brouka
RW: Vailupau / Baranau / Aliokhin
P: Karalek / Shumak / Bokhan / Lukyanchuk
LB: Kulesh / Pukhouski / Gaydachenko
CB: Nikulenkau / Padshyvalau / Kulak
RB: Shylovich / Astrashapkin

Според мене можеби најпотценетиот тим на целото првенство. Некои сметаат дека се во рамноправна битка со Србија и Црна Гора. Други, за мене шокантно, ги сметаат за аутсајдери. Мене белорусите ми личат на состав кој е зрел не само да мине во втората фаза туку да биде закана и за некој од фаворитите ако ги потценат. Комплетен тим, добро се покриени на сите позиции. Одличен микс на младост (Кулеш и Каралек) и искуство (Пухуски и Никуленков), зачинети со сосема сигурно откровението на сезоната Микита Вајлупов. Најдобар играч на Мешков Брест оваа сезона, немилосрден реализатор, игра и на десно крило и на десен бек (повеќе го водат како крило, но мене нема да ме зачуди ако игра доста и како бек на ЕП). Кулеш е сигурно играчот со најголем потенцијал во екипата, а Каралек импресионира со континуираниот напредок и развој - во моментов е еден од подобрите пикери во два правци во светот. За мене фаворит за втората позиција во групата, ќе видиме дали ќе го потврдат мојот оптимизам или ќе разочараат во стил во кој прогнозираат некои други.

Се на се ова може да биде интересна група, со доста емотивен културно-историски набој, но и интересни и неизвесни дуели. Изненадувања се можни, но лично очекувам Хрватска и Белорусија да ги видиме во вториот круг.
 
истото го мислам и јас за Белорусија, мислам дека ке ги победи и србите и црногорците, она малку јас што го пратам во ракометот ми вели дека ќе бидам во право
 
Па реално Србиве да не им беа голманиве саглам ке го јадеа од сиве по мене најслаба репрезентација во групава ако ги извадат на првенствово ЦУпара и Иванишевиќ остало е багра тотална мислам дека ке го попијат од сите овде и дека Црна Гора и Белорусија ке се борат за 2ро место ако и Хрвативе не кикснат не се на некое ниво тие али ипак над сиве овие една класа во моментов се сигурно
 
Има најави дека и Божовиќ ќе биде аут кај Црногорциве, ако е вистина, по отсуствата на Борозан и М.Вујовиќ мислам тешко ќе можат да преживеат и веројатно ќе бидат последни.
 
Bas me interesira Belorusive do kaj ke stignat na prvenstvoto, imaat odlicen roster.
Megusebnata presmetka so Srbija ke e klucna za dvete selekcii.
Автоматски споено мислење:

Isklucuvanjata gi zaebaa belorusite, ama zacuvaa prednost od 1 razlika na poluvreme, ne ocekuva golema neizvesnost do krajot.
 
Последно уредено:
Овој Салдатсенка незнам како не брани во некој поголем клуб,на секое првенство блеска и пак неможе трансфер да напраи.
Многу потценет голман...
 
Србија има многу слаб состав. Не дека Белорусија е нешто (ми беа втори по шанси за одење понатаму). Верувам ќе ги тепаме во втор круг. Очекував повеќе од Србија, ама со тој тим што го имаат и ова е доста.
 
Go izbrisaa podot so Srbija :)
 
коа пивот ке ти закачит 10 гола посери и се на та одбрана Србиве се глеат дек се дојдени ради-реда моментот беше коа овој коментаторов упорно го викаше Црноглавац - Црногорац :pos:
 
Ocekuvav potesko da tepaat Belorusive, ama i Srbive lesno se predadoa. Dobar golman e Saldatsenka..
 
Ajde Lipovina da gi torperdira vo vtoro :)
 
После прво коло во групава јас не сум изненаден.
Србите очекував да изгубат,катастрофа им беа припремите,постојано имаат несогласувања во федерација со таков пристап тешко дека ќе дојдат до некој подобар резултат и во иднина.
Белорусите од друга страна стварно солидно изиграа,одлично се пополнети на сите позиции имаат млади играчи како Кулеш,Ваилупов,Каралек(9 гола даде :cuc: )плус искусни како Никуленков,Пуковски,Шилович итн,Салдатсенка одличен беше на гол,мислам дека можат да дотуркаат доста на првенствово пошто вкрстувачката група им е по мерка(нашата)со малку среќа може ова да бид одлично првество за нив.

На другиов натпревар сосема очекувано Хрватите го избришаа подот со Црногорците,разлика во квалитет е тука...
Прво полувреме се држеа некако Црногорците ама во второ тотален распад,доста борбено изиграа тоа е за пофалување,ќе си ја бараат шанста против Србија и Белорусија,според мене ептен тешко да ги тепаат двете ама сепак да не им ја одземаме шансата.
Хрватите очекувам да се прошетаат во групава,за една класа се подобри од другите,за нив Евро почнува во втора фаза(ако не упрска нешто чиката).

Тоа е тоа,можеби многу работи се решија уште во прво коло во групава,ама сепак ќе има интересни натпревари посебно Србија-Хрватска.:kafence:
 
Хрвативе колку сакам да ги чукне некој, ама некој од рангот на Србија. Каков ќеф ќе ми биде.

Ради чиката ли, ради нивното просеравање пред првенството уз фазонот ми чемо до медаљу ли, не знам, ама тешко одвратна репка и нација ми се.
 
Хрвативе колку сакам да ги чукне некој, ама некој од рангот на Србија. Каков ќеф ќе ми биде.

Ради чиката ли, ради нивното просеравање пред првенството уз фазонот ми чемо до медаљу ли, не знам, ама тешко одвратна репка и нација ми се.
Имаа среќа со ждребот, да беа на другата “страна“ немаше ни трети да бидат во втората фаза.
И не знам што толку им се свиѓа Червар. Човекот го троши Дувњак за натпревари против Црна Гора и Србија, и кога ќе треба да играат за висок пласман против Шпанија, Германија итн. не ќе има сила за повеќе од 20 минути. :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom