Eve primer kolku e "cista" nashata Makedonija bez nuklearki iako onaa vo Kozloduj e "neposredna" opasnost za site nas.
-"Бараме веднаш да се престане со неконтролирано испуштање на отровните гасови во атмосферата. Бараме одговорност од Министерството за животна средина за неговата досегашна работа и лажните резултати, и кривична одговорност од инспекторот за издавање дозвола на Окта за работа, без да има секција за зафаќање на сулфурот и сулфурдиоксидот. Бараме да се направи проценка за штетите врз здравјето на луѓето и врз животната средина направени од Окта во последниве две години, и отштета од Окта за претрпените последици", вели Миливое Станковски, претседател на координативното тело кое ги организираше вжерашните протести.
Мештаните од селата Мршевци, Бујковци, Миладиновци, Дељадровце и Текија се најпогодени, бидејќи нивните куќи се непосредно до рафинеријата. тие велат дека откако "Окта" почнала да произведува еколошко гориво во воздухот испушта сулфур и сулфурдиоксид без да ги филтрира.
"Кога ќе дојдат инспекторите ја гасат секцијата 800 за да не се види што испуштаат. Последниве две години децата постојано се разболуваат од неоткриени алергии, а имаме и проблем со очите, постојано не печат и болат. Лекарите ни велат дека за појава на овие болести во воздухот мора да се испуштаат 7 единици на сулфурдиоксид, а според нормативите дозволени се 003 единици", вели Станковски.
Жителите на општина Илинден се закануваат дека ќе бараат колективна оставка од Министерството за животна средина, ако се потврди дека на "Окта" и дале дозвола за работа без да стави филтри за испуштање на сулфурот.