Како да поврзам двоен прекидач и единечен штекер?

  • Креатор на темата Креатор на темата TdmPlay
  • Време на започнување Време на започнување
За штекерот треба кабел 3Х2,5 кој се штити со осигурувач од 25А. За сијалицата треба кабел 2Х1,5 (претпоставувам дека е таков) кој се штити со осигурувач од 16А. И сега???
Кај 2.5 не треба повеќе од 16 ампери осигурач, освен во специални случаеви, па и тогаш подобро е да се оди со Ц категорија осигурачи.
Кај 1,5 не треба повеќе од 10 ампери осигурач.
25 ампери вчече цело парно греење, не смее и не може 2.5 да се штити со 25 ампери осигурач.
 
Не е безбедно како што си ги поврзал, треба фазата да ја запираш кај прекидачот, а нулата(плавата) да ти иде директно.
грешни му се употребените бои но во легенда ги кажува дека црвено му е нула а плава фаза :D
 
Кај 2.5 не треба повеќе од 16 ампери осигурач, освен во специални случаеви, па и тогаш подобро е да се оди со Ц категорија осигурачи.
Кај 1,5 не треба повеќе од 10 ампери осигурач.
25 ампери вчече цело парно греење, не смее и не може 2.5 да се штити со 25 ампери осигурач.
Осигурувачот се постава за да го заштитува кабелот, не потрошувачот. Квадратен милиметар бакарен проводник се заштитува со 10 амперски осигурувач. Затоа не е дозволено штекер и светилка да бидат на ист осигурувач.
 
Ставање инсталација во ѕид со жила помала од 1.5мм и ставање осигурач поголем од 16А е тотално непрофесионално за домови.
 
За кабел потенок од 1,5 мм се согласувам. Впрочем јас не сум ни видел таков кабел за во ѕид.
Но за осигурувачите не се согласувам. Прописите (барем кога јас ги учев) кажуваат кој кабел со каков осигурувач се заштитува. Што ќе правиме ако на пример треба да ја поправиме оградата на балконот? Каде ќе го приклучиме апаратот за заварување? 16 амперски осигурувач нема да издржи.
 
Финтата односно принципот на работа на апарат за заварување е мала влезна амапеража да ја трансформира во висока излезна и така ги топи металите. 16А на 220V се околу 3,5kW па реално се екстремно ретки таквите монофазни потрошувачи. На повеќето апарати за заварување внатрешниот осигурач му е 16А. Еден бојлер по правило треба да е самостоен на осогурач или шпорет исто така. А ни тие не се 3,5kW.
 
Пробај со појак апарат за заварување да работиш со електрода 3,25, па ќе видиш дали издржува 16 амперски осигурувач.
Дури и електричен шпорет (монофазно поврзан) ако се вклучи рерната и најјаката рингла не ќе издржи.
Ќе заборавев. Секој потрошувач треба да е на самостоен осигурувач...
 
Ok, можеби нивото на заштита според прописи се намалило од времето кога јас учев ел. инсталации пред 20 години во средно па сега во ред е да се ставаат поиздржливи осигурачи. Сепак правиме маубет за стандарден објект за живеење а не работилница, ресторан, пекарница или слично. Крај краева токму заради тоа некој ја измислил трофазната струја да сето оптеретување се подели на три еднакви делови. Така треба да е испланирана и инсталацијата според тоа какви потрошувачи ќе има поврзано на секој осигурач следствено и секоја фаза.
 
Ok, можеби нивото на заштита според прописи се намалило од времето кога јас учев ел. инсталации пред 20 години во средно па сега во ред е да се ставаат поиздржливи осигурачи.
Напротив!
Можеби нивото на заштита се зголемило од времето кога јас учев.
Мислам дека ја узурпиравме темата. Друг беше нејзиниот наслов.
 
За штекерот треба кабел 3Х2,5 кој се штити со осигурувач од 25А. За сијалицата треба кабел 2Х1,5 (претпоставувам дека е таков) кој се штити со осигурувач од 16А. И сега???
Штекерот ми е за полнач за телефон ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom