Копнена операција против Иран не очекувам оти би требало да довлечкат милион војници и пак нема да има којзнае каков ефект.
Би можеле да се истоварат во морските градови, ама тоа би била лимитирана област која секојдневно ќе биде под напади и не би имало импакт на целта Иран да се откаже од нуклеарната програма.
Како што можеме да видеме од заканите и распоредувањето на авијациска сила, можно е Трамп стварно да ги рокне нуклеарните постројки,
онаа цивилната електрана Боучехр (како и да се изговара) би била лесна цел, ама пак не го решава нуклеарниот проблем, Натанз е главниот центар кој е под земја и со конвеционално оружје тешко дека ќе се уништи, значи ќе се користи нуклеарка, што и не би било погрешно кога секако рокаш нуклеарна централа која секако ќе емитува радиоактивност кога ќе ја средеш.
Прашањето не е дали би го уништиле, туку што потоа, повеќе од сигурно е дека Иран ќе ги напаѓа америчките инсталации во Персискиот залив, сигурно ќе го затвори и Хормутскиот теснец, можеби не 100% ефективно ама кога Хутите имаат сила овие имаат многу повеќе, би требало русите да и достават противбродски проектили (можеби веќе ги имаат доставено) и да гледаме како потонуваат носачите, сигурно и Кина ќе помогне со воена опрема, барем тоа нема да и фале.
Во претходните години се зборуваше дека русите и доставувале против воздушни системи, плус Су-35ки, можеби се тие што требаше да бидат продадени на Египет, па ги шитнале на Иран, имаше видеа како слетуваат сухоите, ама се збореше дека се за тренинг, а не дека се продадени, така да незнам што е вистина.
Сума сумарум, американците го пропуштија времето за да го средат Иран воено, до кај 2005 кога имаа стотици илјади воници во Ирак и Авганистан ќе можеа можеби, сега тешко, можат да ја рокнат Натанз и да направат поголем хаос, нафтата се знае дека ќе лета угоре и дека лошата Русија пак ќе лапа трилијарди.