Мислам дека во образованиево нема некој пишан закон што вика дека било каков близок контакт меѓу ученичка и професор е забранет, нормално, ако е со согласност на двајцата и ако ученичката е полнолетна. Ама сепак, од морално-етички аспект, ретко кој го оправдува тоа.
Ако е како случајот со 17годишната и 25 годишниот... Тоа и не е некоја огромна разлика во години, ама сепак, не за џабе викаат не се меша работа и задоволство.

Не за друго, во главном од причина што може да биде обвинет дека става оценки под влијание на „афективна логика”, односно пристрасно. Од таа страна не е коректно. Ама не го сметам за скандал на годината или за нешто ужасно и грев, секако, ако е пристојна разликата во години.
19 годишни студентки со 60 годишни професори како се е*ат за оценки, тоа никогаш нема да сфатам.

Иначе во основно имавме еден професор (уствари, наставник во тоа време) по историја, што беше апла педофил. Сите девојчиња кај него имаа петка, а машките ги мачеше со испрашувања цела година.

Имав една другарка, Ивана, на која посебно многу се палеше. Онака, оваа одговара, на типот очи ќе му излезат, ја мерка од глава до пети, се задржува на граден кош (она беше така понадаренка

), и дава комплименти за облеката, му светкаат очи, се смешка флертувачки... Уште лига некоја да му затече.

Се случуваше некоја од нас после час да викне во канцеларија, демек муабет на само, а уствари само не замараше со прашања од типот „Имаш ли дечко” и „Што правите вие со дечкото кога ќе излезете”.:icon_roll
А и сега во Орце, се ширеше глас дека една од професорките по германски (таа плавата

) имала секс во кола со еден од нејзините ученици од четврта, да не спомнувам имиња.

И тоа демек од сигурни извори, ама познавајќи ги луѓево, сигурно е трач. Ако е вистина, ете пример дека и професорки се „грешнички”, не само професори.
