Регистрирање на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, имам едно прашање... Планирам да отворам сопствена компанија но немам време а ни простор во овие денови за да трчам по централен регистар и по шалтери. Некој да ми препорача добар адвокат со којшто претходно работел за истово?

Однапред Благодарам
 
Зашто да даваш еден куп пари на адвокат, за нешто што е бесплатно???
5 мин работа е тоа трчање по шалтери
 
Зашто да даваш еден куп пари на адвокат, за нешто што е бесплатно???
5 мин работа е тоа трчање по шалтери
Па не е баш 5 минути работа... процесот добро го познавам, само што во моментов поради патувања немам доволно време да ги завршам сите тие обврски. Во секој случај, веќе најдов адвокат на кој му дадов полномошно и процесот е скоро завршен, се чека само проценката. Има и други причини поради коишто ми треба адвокат... цената на адвокатот не беше нешто скапа колку што очекував (од разговори со други).

Ти благодарам за одговорот.
 
И уште едно прашање од мене, се надевам ќе можете да ми одогворите. Капиталот на фирмата ќе биде 20 000 евра. Е сега во изјавата треба да го пишува капиталот во евра или во денарска противвредност? Зошто 20 000 евра не е цел број во денарска противвредност и не е делив со сто како што пишува во законот.

И дали капиталот од привремената сметка треба да биде во денари или девизи? Во законот пишува денари, но ако капиталот е 20 000 евра во привремената сметка пак ќе има број којшто не е делив со сто.

Благодарам
 
Ќе го пишеш и во евра и во денарска противвредност, денарите можеш да ги заокружиш на 1.230.000.
Странски ли е капиталот па да ги уплаќаш во евра ?
 
Ми рекоа дека по ново можело да се отвори ДОО или ДООЕЛ со почетен влог од 500 евра? Исто така и дек а ТП можело да отвори вработено лице. Ај некој што знае точно нека одговори :)
 
Ми рекоа дека по ново можело да се отвори ДОО или ДООЕЛ со почетен влог од 500 евра? Исто така и дек а ТП можело да отвори вработено лице. Ај некој што знае точно нека одговори :)
Ти можеш и со 0 евра да основаш, ама како и да е сите 5000е мора да ги уплатиш во рок од 1 година.
А за ТП, во регистар ќе те регистрираат како ТП пошто не те проверуваат дали си вработен, ама после може да имаш проблем во завод, пошто веќе си пријавен како вработен на едно место.
 
Ја читам темава ама првите мислења се од 2007 година, па претпоставувам дека работите од тогаш се многу сменети.

Ќе може некој да ми го опише точниот процес за регистрирање на фирма, и давачките кои одат со тоа?
 
Последните неколку страни се тазе :)
 
Здраво,

Дали некој може да ми каже дали во ДООЕЛ се прави менаџерски догоор или договорот треба да се именува по друг начин?

Сопственикот е и управител на фирмата.

Поздрав
 
Ја читам темава ама првите мислења се од 2007 година, па претпоставувам дека работите од тогаш се многу сменети.

Ќе може некој да ми го опише точниот процес за регистрирање на фирма, и давачките кои одат со тоа?

Почекај некое време еве новина за бесплатно регистрирање со сметководители:
http://faktor.mk/archives/47137
 
Dali ke se plaka odredena suma pari sekoj mesec za smetkovoditelot???
 
Здраво на сите,

Имам неколку прашања и ве молам за побрз и секако попрецизен одговор:

1. Вработен сум (со постојан работен однос) имам понуда од странска фирма за дополнителна работа (надвор од работниот однос - приватно), од искуство знам дека во Македонија кога се работи за Македонски фирми тоа може да се регулира со Договор за дело во кој ќе се утврди дали фирмата или јас сам ќе си го платам персоналниот данок од 10%, при што со потврдата од фирмата во УЈП се поднесува годишна даночна пријава - ГДП.

но немам искусто со странкси фирми, дали некој има и/или знае како е процедурата?

2. Дали има ограничувања на нето приходот оставен од дополнителна-повремена дејност (пример максимум 1.000.000 ден и над тоа да мора да се регистрира фирма)?

3. Во продолжение е и моето второ прашање, некаде сретнав дека како физичко лице можам да испраќам фактура на странски фирми при што како даночен број ќе стои мојот матичен број потоа истата таа фактура треба да се приложи во УЈП за пресметка на персоналниот данок - дали е ова точно?

4. Вработен сум (со постојан работен однос) и размислувам да отворам и своја фирма (за работа со странски фирми - ИТ услуги), на форумов најдов дека порано било дозволено да основам фирма која ќе нема вработени, потоа со закон било предвидено да има минимум еден вработен но тој закон наводно паднал на уставен, дали некој ја има најновата информација за ова? т.е дали фирмата треба или не да има вработени?
- Планирам да оснивам фирма на која ќе бидам воедно и управител.

Ви Благодарам

--- надополнето: 15 мај 2013 во 14:35 ---

Здраво на сите,

Уште едно прашање поврзано со основачите/сопственици на фирми:
1. Дали осовачот/сопственик на фирма кој не е вработен во истата и има назначено управител да раководи со фирмата има право над финансиската добивка од фирмата и на кои се даноци подлежи?

Пример: фирмата има 2000евра, дали може да му исплати дел пример 1000евра на сопственикот и по кој основ, и на кои се даноци подлежат фирмата и соспственикот?

2. Дали сопственикот на фирма (споменат погоре) има право и одредени привилегии со плаќање на соодветни даноци да присвои/откупи имот од својата фирма или постапката е иста како и за секој “странец“ што сака да го купи имотот од фирмата.

Пример: Фирмата има дуќан (што не го користи - но тоа не е важно) и сосптевнокот го сака на свое име наместо на име од фирмата.

Логично (барем за мене) е сопственикот на фирмата да има одредени прифивлегии, зошто инаку би основал фирма ако нема корист?

Ви благодарам,
 
Здраво,​
Од маалски муабети слушнав дека секоја фирма од сега ќе треба да има своја електронска архива. Дали некој е запознат со случајот и во кој закон може да се прочита тоа.​
Фала​
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom