Регистрирање на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде и јас да поставам едно прашање.
Имам дуќан. Живеам во зграда на приземје и сакав дел од станот да го преадаптирам во деловен простор. Но во општина ми рекоа дека немам потреба за преадаптација, едноставно да соберам документи што ми требаат и да си отворам. Многу адвокати, стоматолози работат на тој начин, зема стан под кирија и отвара фирма и работи.
Знае ли некој кој и што документи требаат за тоа ?
Фала однапред на одговорите.
 
Ај ако има некој што се занимава со регистрација, промени во ЦРМ нека ми пише во ПП. Ми треба стручна помош околу една фирма.
 
Ај ако има некој што се занимава со регистрација, промени во ЦРМ нека ми пише во ПП. Ми треба стручна помош околу една фирма.

а да одиш кај адвокат за се да ти биде како што треба?
 
а да одиш кај адвокат за се да ти биде како што треба?

Адвокат ни за жива глава. Влегуваш кај него во канцеларија, му викаш Добар ден, и одма треба да платиш 100 ЕУР. :)
 
Може ли да издавам фактура како физичко лице?
 
Може ли некој да ми ги пише предностите/мааните на ТП, и на ДООЕЛ?

Не за друго, на сајтот на ЦРМ има само генералии за уписот, а ме интересира која од овие опции е поповолна во однос на месечни давачки, даноци и сл.
Некој погоре пиша дека маана на ТП е што не може да врши увоз-извоз, ниту пак да работи на друго место, а да биде регистриран истовремено и како ТП. Исто така, слушнав дека ТП биле ослободени од даноци, точно ли е ова?
 
Наједноставно ќе се обидам да ти објаснам. Трговец поединец кога ќе заглави одговара неограничено со целиот свој имат. Пример иде ујп ти става казна на ТП и ти ја зема и од приватни сопствени ствари на твое име. При Дооел одговараш во висина на внесениот капитал за формирање (за да основаш почетен влог е 5000евра). И да направиш дупка у фирма одговараш до 5000 наведени во основачкиот долг. Друго неможат ништо да ти земат. Ме сфаќаш? :)
 
Ако е стекнато незаконски а без малверзации не се стекнува туку така капитал,можат и тоа без око да им трепне било како да се регистрираш.
 
Казните што сега ги пишува УЈП се поголеми за ДООЕЛ, а помали за ТП.
Пример 3250 евра е за ДООЕЛ за 700 евра за ТП.
 
Казните што сега ги пишува УЈП се поголеми за ДООЕЛ, а помали за ТП.
Пример 3250 евра е за ДООЕЛ за 700 евра за ТП.

И според ова, подобро е да основаш ТП ?
Па ако уште од старт планираш незаконски да работиш, зошто воопшто да отвараш фирма, работи си на диво.
 
И според ова, подобро е да основаш ТП ?
Па ако уште од старт планираш незаконски да работиш, зошто воопшто да отвараш фирма, работи си на диво.

Па изгледа подобро е ТП, гледам последно време многу се пререгистрираа од ДООЕЛ на ТП.

А за казни кога и да секој ќе крка, немора да работи на диво, ќе ти најдат овие нешто ако сакаш биди 100% чист освен ако не си врзан со мафијата (владата).
 
Ај вака, пререгистрација од ДООЕЛ во ТП не постои, може мислиш избришале ДООЕЛ па после основале ТП. И не е работата како да поминеш поефтино, него да видиш што ти нудат двете опции. ТП е доста ограничен во поглед на предмет на работење (шифра на дејност според НКД), немаш општа клаузула за бизнис, која кај ДООЕЛ ја имаш, освен тоа ограничен си во трговијата,односно немаш надворешен промет(увоз- извоз). И најбитно, за обврските на трговецот поединец ОДГОВАРАШ ЛИЧНО И НЕОГРАНИЧЕНО СО СИОТ СВОЈ ИМОТ. Кај ДООЕЛ или ДОО одговараш само во висина на влогот кој го имаш во друштвото.Тука имаш опција за уплата на непаричен влог, значи не заглавуваш пари, него правиш проценка на ствари/предмети ( било какви) која сеа е 6000 ден, пред некое време беше 2000. Значи освен помали давачки за фирмарина на годишно ниво(50тина евра разлика) ТП нема никаква предност пред ДООЕЛ/ДОО.
 
Се слагам потполно друже, само зборот ми беше дека моментално казниве што ги изрекуваат УЈП се помали за ТП :)

Инаку и јас имам фирма и е ДООЕЛ, јасни ми се горе доле работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom