Репрезентацијата се враќа во Струмица
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација по шестгодишен континуиран настап како домаќин на квалификациските и пријателските натпревари на Градски, го напушта Скопје. Македонија и' се враќа на Струмица, на 14 ноември кога за противник во пријателки натпревар ќе ја има селекцијата на Канада. Ваквата одлука ќе биде официјализирана во текот на наредната недела, кога треба да биде известен и противникот каде ќе се игра натпреварот. Струмица е родниот град на новиот македонски фудбалски лидер Горан Пандев, кој по заминувањето на печалба во Италија во 2001 година за првпат ќе настапува пред своите сограѓани.
Македонската селекција, во 1995 година без тогашните интернационалците имаше деби настап во градот под Цареви кули против Бугарија (0-0). Тоа беше вториот натпревар што најдобрата македонска репрезентација го одигра на стартот од осамостојувањето надвор од Скопје. Првиот беше во 1994 година, во Тетово против Албанија (5-1).
По Скопје, Тетово и Струмица како домаќини на најдобрата селекција досега биле и Куманово и Прилеп. Кумановци им се радуваа на „црвено-жолтите“ против Египет (2-2), а прилепчани дури четирипати ги видоа најдобрите репрезентативци на мегданите со Малта (1-0), двапати Албанија (1-0 и 3-1) и Финска (1-0). Најдобрата македонска репрезентација последен пат како домаќин надвор од Скопје одигра тест натпревар во 2003 година во Прилеп, против Албанија. Оттогаш Скопје е главната дестинација за репрезентативниот фудбал.
Во Струмица, Прилеп и Чаир со пари од хет-трик и гол-програмите на УЕФА и ФИФА се изградени само трибини, но не и стадиони кои можат да добијат дозволи за настапи на најдобрата селекција. За настапите на младите селекции овие стадиони не се спорни. Струмица веќе наредниот викенд ќе биде домаќин на квалификациски турнир од ЕП за играчи до 17 години.
па ај со среќа во струмица можи и во други градови ќе ги видиме нашите репрезентативци кога ќе има повторно изборно собрание
на хари да му го ебам коренот селски сега му текна да ги извади надвор од ск можи и други стадиони ќе му текни да поправа сега
