Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
знаеш како викаат. "говори српски да те цео свет разуме" :D
btw стварно не ве сваќам што ви смета тоа што збори на српски???
Ако знае нека збори. Во Србија е, ќе збори српски, во Англија англиски, Кина кинески ако знае. Стварно не ми е јасно зашто ви смета тоа :S
Кога доаѓа некој во Македонија, посебно од Србија, се мачи ли да зборува српски? Не!
Еве еден интересен муабет:
Пионерите на Беласица беа на турнир во Франција, и таму бил присутен и Ерик Кантона. Играше 5 години (ако не се лажам) во Манчестер Јунајтед, значи перфектно знае англиски, нели?
И, сакале децата да се сликаат со него, но бидејќи никој не го замолил на француски, не се сликал, иако на англиски го молеле човекот...
Србите обожаваат да се заебаваат на наша сметка, а јас ќе им се додворувам со тоа што им „причам српски“... Е затоа ми смета!
 
Па со тоа Тоше покажува колку си го цени јазикот.Не зборам јас за тоа што пее на српски,ако сака на хинду нека пее,I don't give a shit.Но поентата ми беше што не мора кога им е во емисија на нашите северни соседи да меле на српски.Тоа што го збори ќе се разбере и на македонски,а ако не разбираат,може да си викнат преведувач.
 
да и мене тоа ме нервира многу, нашите пеачи зборуваат српски а кога некој србин ке дојде во Македонија или општо земено кога збориш со србин тој си збори на свој јазик и вели дека не те разбира што зборуваш ако зборуваш на македонски јазик, упорно им ја правиме таа чест да зборуваме на српски, зошто тие не се потрудат да зборат македонски
 
Попогодно за него би било ако пее на македонски и на англиски за да се пробие во Европа и подалеку,а не да остане балканска ѕвезда.Во овие простори кој сака може да пропее и да стане ѕвезда.

Па и не е баш така. За Србија ај и вака и така, ама Хрватска и Словенија (Особено Хрватска) се поприлично затворени пазари и успех е некој однадвор да влезе во нивниот пазар, така да голем успех Тоше постигна во Хрватска и баш пред некој ден прочитав дека бил прогласен за најслушан изведувач во Хрватска.

Меѓутоа се согласувам со тебе,дека сега треба да се концентрира на својата европска/светска кариера, иако е малце потешко изводливо сепак сметам дека има шанси да се пробие затоа што има одличен глас.
 
да и мене тоа ме нервира многу, нашите пеачи зборуваат српски а кога некој србин ке дојде во Македонија или општо земено кога збориш со србин тој си збори на свој јазик и вели дека не те разбира што зборуваш ако зборуваш на македонски јазик, упорно им ја правиме таа чест да зборуваме на српски, зошто тие не се потрудат да зборат македонски

Тоа што викаат дека не разбираат македонски е поради тоа што стварно не разбираат некои луѓе. Македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот не знам дали сте знаеле. Ние го разбираме нормално затоа што сме биле во Jugoslavija во која официален јазик бил српскиот а не македонскиот.
Мене искрено не ми смета некој кој знае повеќе јазици и кога иде во таа држава да го збори нивниот јазик доколку го знае.
 
Па и не е баш така.За Србија ај и вака и така,ама Хрватска и Словенија(Особено Хрватска) се поприлично затворени пазари и успех е некој однадвор да влезе во нивниот пазар,така да голем успех Тоше постигна во Хрватска и баш пред некој ден прочитав дека бил прогласен за најслушан изведувач во Хрватска.
Јас мислев за Босна,МКД,Бугарија,Србија,ова-она ама добро нема врска.Ме сфати:helou:.
 
Тоа што викаат дека не разбираат македонски е поради тоа што стварно не разбираат некои луѓе. Македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот не знам дали сте знаеле. Ние го разбираме нормално затоа што сме биле во Jugoslavija во која официален јазик бил српскиот а не македонскиот.
Мене искрено не ми смета некој кој знае повеќе јазици и кога иде во таа држава да го збори нивниот јазик доколку го знае.

Колку само со болдираново не се согласувам. Бугарски не можам ни 3 збора да разберам додека српски пак колку толку повеќе се снаоѓам.
 
Па и не е баш така.За Србија ај и вака и така,ама Хрватска и Словенија(Особено Хрватска) се поприлично затворени пазари и успех е некој однадвор да влезе во нивниот пазар,така да голем успех Тоше постигна во Хрватска и баш пред некој ден прочитав дека бил прогласен за најслушан изведувач во Хрватска.

еве и доказ за тоа

Тоше најслушан во Хрватска
Песната „Срце није камен“ со гласот на Тоше Проески е најслушана во 2006 година во Хрватска, соопштија директорите на службата за Заштита на авторски музички права при Хрватското друштво на композитори (ЗАМП), Томислав Радочај и Ненад Марчец.
Направени се истражувања за емитување на хрватската музика на вкупно 120 радио и ТВ-станици, од кои ЗАМП Хрватска за минатата година заработила 71 милиони куни. Според нивниот извештај, минатата година најмногу се слушале Тоше и Џибони. Во извештајот се опфатени 130.000 музички дела и 30.000 автори.
Листата на најизведувани песни во 2006 година очекувано ја предводи Тоше Проески со песната „Срце није камен“, а следуваат „Права љубав“ со Лука Нижетиќ и Лана Јурчевиќ. На истата листа се најдоа и Тони Цетински, групата „ЕТ“ и други. Што се однесува до најпродавани албуми, најдобар резултат има албумот „Унца Фибре“ на Џибони. Песната „Штикла“ со Северина е најбарана мелодија за мобилните апарати.
Хрватски ЗАМП објави и попис на најизведувани хрватски автори, на кои на прво место е авторот на Тоше, Миро Буљан, а Џибони е на деветтото место на овој список, на која се најдоа и Арсен Дедиќ, Тончи Хуљич, Зденко Руњич и други.

:helou: :helou: :helou: :helou: :helou:
 
:vozbud:
 
Балканска! И српска нормално ама не само српска. Во Хрватска е моментално најпопуларен.
 
за мене , искрено најмногу ми се свиѓа "Громови на душа"
 
онаа „Feeling Good„
ако е негова, ако зш не сум сигурен дали е негова или ја имат препеано
без разлика супер е песната
 
Ќе ти кажам кога ќе ми пројде шокот, сега сите ми се убави...:nesum:
 
ауу,од секој албум има по некоја
ја сакам `Громови на душа` , `Никој како тебе не бакнува` , `Кој ли ти гризе образи` , `Зајди,зајди јасно сонце`, `Игри без граници` , `Тајно моја` , `Илузија` , `Душа остана` , `Боже чувај ја од зло`....ма сите..не можам да одвојам
 
Громови на душа ми е не знам...една од општо земено најомилените песни и дефинитвно од Тоше најомилена

Игри без граници и пред да се случи трагедијава ми се допаѓаше...многу моќна песна според мене.

Зајди, зајди - иако не е оригинално негова, кога ја пееше..останував без воздух и се ежев целата.

Сонце во твоите руси коси - Без коментар за песнава

Ова се моите топ 4. Ми се допаѓаат многу негови песни...ама овие четири ме гаѓаат во болна точка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom