Навистина се наоѓам во ситуација да не знам дали да плачам или да се смеам кога ќе видам дека луѓе кои не ни играле за репрезентација а уште помалку па биле на некое големо натпреварување да се смеат на некој што плаче по пораз и по победа на некој спортист.
Извинете вака, ама кој к*р си давате право да се смеете и коментирате на некој што искажува емоции по претрпен пораз/победа и да го нарекувате плачко? Ни јас ни вие не сме компетентни да го коментираме тоа.
Знаете ли што значи Гренд Слем турнир, финале на СП, награда за најдобар спортист или па спротивното од тоа, пораз во финале по толку желби, или па во случајов по 5 часовна игра? Сфаќате ли низ што треба да се помине за да се стигне до тоа и на крајот да се победи или да се изгуби? Овие спортисти не се како нашите, тие се откажуваат од многу работи за да бидат она што се. Прашајте го Иан Торп кога пливаше активно колку време се немаше видено асално со неговите дома. Прашајте го Горан Пандев како му е со по 2 тренинга на ден од по 3-4 часа и кога ќе се врати дома само креветот го гледа. Кога го прашаа од Мак.Спорт каде за Нова Година, знаете што одговори? Под јорган планина рече. На први јануари тренинг имал.
Ете тоа се светски спортисти, што се откажуваат од секакво земно задоволство само за да стигнат до својата цел.
На крајот од краиштата, и спортистите се луѓе. Како што има емоционални луѓе, така има и Робокап луѓе. Кристијано Роналдо, Елена Исинбаева, Федерер и многу други се очигледно од тие првите. И сега, очекувам по мојов пост да следи "Што ми е гајле какви луѓе има, важно Надал тепаше". Па и мене ми е тоа важно што Надал победи, како и на некои членови што постираа, ама вие се фативте како слеп за стап за тоа што Федерер заплакал.
Му честиташе Федерер на Надал за победата? Да? Епа тоа е едно морално правило во спортот кое чичко Пјер де Кубертен го воведе откако ги обнови ОИ и се вика драги фер плеј и не знам друго што очекувате од поразениот.
Типичен балкански менталитет.
Ако сакате на оваа тема да расправаме надолго и нашироко, има тука
друга тема.
Браво Надал, секоја чест, победи во лавовска битка, да даде Господ да гледаме што повеќе вакви мечеви и финалиња на Гренд Слем турнири. Ова вреди уште многупати да се гледа.
А како што ви пишав пред некој месец на темава дека ќе бришам мислења Федерер цар, Надал сељак како и обратно, така очекувам и вие да постирате нешто повеќе продуктивно на темава.