|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
Ајде пишете како/каде/колку?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали е во ред ако на рибата и давам еднаш дневно да јаде (навечер) и тоа и давам по 11-12 зрнца и мешам и од тоа џигерот и од таа другата храна......И дали треба еднаш од едната храна,а другиот пат од другата или може заедно?
Па и Дискусите се исто така скапи и треба голема грижа околу нив па сепак ги има во Македонија.![]()
Мене ме интересира колку е цената на еден аквариум ?
Дали повеќе се исплаќа да го направам од стакло или да го купам среден.
Да речеме ако е разликата 200-300 денари, побрзо би го купил, место да барам парчиња стакло, па поставување и сл.
Мојот аквариум подолу на сликата кој во последно време е прилично запоставен. Моментално нема зеленила во него ниту некои интересни работи освен рибите. Чекам да ми донесат природни растенија кои ми ги препорача еден дечко што има продавница за вакви работи овде во Струмица а и планирам и нови рипчиња да купам бидејќи моментално имам само 6. Оваа јапонката што се гледа на сликата ми е стара околу 4 години а белата ( мислам дека е некаков вид на слатководна ајкула која расте до 30-40 cm ) е околу година и пол две стара. Има уште 4 кои на сликата не се гледаат добро бидејќи го сликав ова со мобилниот, има уште 2 чистачи, 1 гупа и уште една портокалова која незнам каква раса е. Се надевам дека во скоро време ќе го средам како што треба и ќе биде како порано.
ПС: И светлото во аквариумот ми цркна пред некое време и моментално на сликава личи на "аквариум од пеколот":pos2:
ППС: Каде може да најдам "немо" рипчиња? Не им го знам името и затоа вака ги нарекувам :pos2:
Мислам на овие:![]()
Прегледај го приврзокот 37887

Море не ги мачи,дај ги на некој нека ги чува.Аквариумов ко контрационен логор ти е.
Море не ги мачи,дај ги на некој нека ги чува.Аквариумов ко контрационен логор ти е.
Чувањето на Немо (Clown fish, лат: Amphiprion ocellaris) не е исто како да чуваш слатководни риби, тоа е морска риба и чувањето на морски риби е доста поразлично од слатководните, а треба и искуство или помош од некој искусен, во продавницата Акватика (кај католичка) имаат моментално вакви риби, ако те носи патот наваму помини до продавницата и направи муабет со вработените околу чувањето на морски аквариум.
Гледам имаш многу измешано риби кои не одат заедно, а и риби кои не се чуваат во аквариум, пример ајкула во аквариум не оди, зошто за ајкула треба простор, треба да имаш многу голем простор, но ок, тоа не е до тебе, зошто незнаеш, обично продавачите лажат колку да продадат, па затоа би ти препорачал да прибереш информации претходно за некоја риба што сакаш да ја чуваш па потоа да ја купиш...
--- надополнето ---
Полека, уште е почетник, со тек на време ќе се научи, секако ако се интересира...
Читај, во последниве 2-3 месеци немав време да се грижам за аквариумот како порано и затоа го запоставив. Сликан е од мобилен телефон но не изгледа толку лошо како што го опиша ти. Иако не е во најдобра состојба за среќа ниту една рипка не ми умрела. Сепак не е лесно да се грижиш за аквариум со 200+ литри.
Благодарам за информацијата околу рибата кловн јас мислев дека ќе може да се чува во слатка вода. А во врска со ајкулата како што напишав во предходниот пост ја имам веќе околу 2 години и досега не сум имал проблеми со неа ниту пак со другите риби, немало тепачки, жртви и слично, ајкулата баш добро се прилагоди со останатите риби и се слагаат, и плус не е мал аквариумот, има таман место за ајкулата. Може на сликата изгледа мал но мислам дека е заради тоа што аквариумот е во триаголна форма, значи ми стои во кош и задниот дел не се гледа воопшто на таа слика. Има доволно место во него и некое помало дете да собере :pos2:
PS: Не сум почетник бе, веќе 4 години ми е овој аквариумот а пред тоа имав осмоаголен што бил на татко ми уште од пред 20-30 години. Некаде пред 7-8 години почнав да чувам риби во аквариум.
ХАХА шала беше:smir:
Знам дека не е лесно,јас чував 3 год. али мал околу 50 л. и богами мака мачев.Голема обврска се рипчиња ама сепак исплатлив е трудот.Кој и да дојдеше кај мене,се црта пред аквариум и пола саат "го нема"
Хехе не се разбираме, јас зборам за професионално чување риби (по пропис), правење на биотоп, пример: чување на риби само од едно место, на пример од Амазон и ги чуваме само тие риби не ги мешаме со некои од Азија или од Африка, или кога ги мешаме да гледаме да се согласуваат во аквариумот.
Околу ајкулата, ти немаш никаков проблем со неа, но како што кажав ајкулата не е риба за во аквариум, расте многу голема, во природа расте до 3 метри, но во аквариум ќе се мачи и едвај ќе порасне 20-30 cm, да ти појаснам, стави човек во затвор, во просторија 2 на 2 и ќе живее? Сигурно дека ќе живее, но он ќе си знае како. Така и кај рибите, 90% од продавачите ги продаваат и баш им е гајле дали ќе се мачат или не, гледаат да ги продадат (бизнис), истото го прават и со карасите што ги продаваат со кугли, тоа е исто многу погрешно...
Ако и даваш на рибата? Тоа значи дека чуваш кугла? Ако е така, најубаво ќе биде еднаш во денот и тоа по малку.
Пример: ставаш малку храна и чекаш да ја изеде за 1 минута, тоа што ќе остане е вишок на храна и само ќе ти ја загадува водата, претпазливо како храните, не претерувајте...
Во кугла е да...На секои 3-4 дена и ја мењавам водата.........И давам од фазла да си има ја па мислев јадат и и давам повеке просек од џигерот 5-6 зрнца и од тоа другата зрнеста храна исто толку......