Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
Во кугла е да...На секои 3-4 дена и ја мењавам водата.........И давам од фазла да си има ја па мислев јадат и и давам повеке просек од џигерот 5-6 зрнца и од тоа другата зрнеста храна исто толку......

Еве еден информативен текст околу куглите: Кугли и мини аквариуми

--- надополнето ---

Тоа можеби е така не велам не, значи не сум некој голем експерт за риби во аквариумот туку ова ми е чисто како хоби, занимација. Инаку ми има објаснето и покажано и продавачот од каде што ја купив ајкулата дека има треба поголем простор за живеење ( односно аквариум ) и дека ги напаѓаат многу чудни болести. Имаше тој една негова само црна и беше некаде околу 45cm можеби и повеќе но беше сама во аквариумот бидејќи имала некоја болест. Целата беше покриена со некои си израстоци по телото кои ми личеа на некои прачки, дрвца или незнам како да ги наречам, гадна беше таа ама кога ги видов малите ептен ми се допаднаа и решив да си земам една да пробам и да видам како ќе се прилагоди.

За жал тоа е поради негрижа и веќе објаснив, просторот е многу битен фактор за здравјето на рибите... ;)
 
Хехе не се разбираме, јас зборам за професионално чување риби (по пропис), правење на биотоп, пример: чување на риби само од едно место, на пример од Амазон и ги чуваме само тие риби не ги мешаме со некои од Азија или од Африка, или кога ги мешаме да гледаме да се согласуваат во аквариумот.
Околу ајкулата, ти немаш никаков проблем со неа, но како што кажав ајкулата не е риба за во аквариум, расте многу голема, во природа расте до 3 метри, но во аквариум ќе се мачи и едвај ќе порасне 20-30 cm, да ти појаснам, стави човек во затвор, во просторија 2 на 2 и ќе живее? Сигурно дека ќе живее, но он ќе си знае како. Така и кај рибите, 90% од продавачите ги продаваат и баш им е гајле дали ќе се мачат или не, гледаат да ги продадат (бизнис), истото го прават и со карасите што ги продаваат со кугли, тоа е исто многу погрешно...

Чекај...тоа е вистинска ајкула?OMG еден другар имаше 30 см долга.24\7 пливаше лево десно,од крај до крај на аквариумот.Ваљда сакала да не ручка :D.Ако чукнеш на аквариумот бетер се збрлавува.Јас мислев дека ова е некој вид на ајкула (аквариумски) и дека толкави се 20-30 см.Goch значи иста ваква од аквариум може да порасне во природа до 3 м?Нели едино само Замбези ајкулата живее во слатка вода?Додуша и личи ко оваа од аквариум:
zam9.jpg
 
Ve molam pomognete

Имам 14 рипчиња,мене проблемот ми е што на 2 црни караси,и на 3те ајкули им се појавуваат како бели точки,едната и лежи доле на песокот и само дижи,а другите се движат.Ве молам кажете ми што да направам за да ги спасам ајкулите и карасите!
 
Прегледај го приврзокот 37956

Абе ало тие се аквариумски и од 40-50 цм поеќе не растат не ги мешајте оваа е бела ајкула живее во големо пространство кога ќе се роди малото бело ајкулче е големо 1 метар , а овие аквариумските се големи 5 сантима кога ќе се родат :toe:
 
Имам 14 рипчиња,мене проблемот ми е што на 2 црни караси,и на 3те ајкули им се појавуваат како бели точки,едната и лежи доле на песокот и само дижи,а другите се движат.Ве молам кажете ми што да направам за да ги спасам ајкулите и карасите!

Тие риби што ти се болни префрли ги во друг карантински аквариум и стави им од капките (во пет шоп ќе ти кажат кој вид на капки да им ставиш).
 
Имам 14 рипчиња,мене проблемот ми е што на 2 црни караси,и на 3те ајкули им се појавуваат како бели точки,едната и лежи доле на песокот и само дижи,а другите се движат.Ве молам кажете ми што да направам за да ги спасам ајкулите и карасите!
дали имаш ставено доволно сол во водата??? неколку пати кај мене имаа слични симптоми со додавање на сол се решаваше проблемот-е сеа за кај тебе не гарантирам.....
 
Каков сол, чекај не брзај.

Еве прво прочитај го текстов за солта па потоа лечи ги со сол.
Сол во слатководен аквариум

Иначе лек за бели точки имаш во аквашопот Акватика (се наоѓа карши Католичка црква)
 
Каков сол, чекај не брзај.

Еве прво прочитај го текстов за солта па потоа лечи ги со сол.
Сол во слатководен аквариум

Иначе лек за бели точки имаш во аквашопот Акватика (се наоѓа карши Католичка црква)
хаха не станува збор за лечење со сол туку за недостаток....
 
карактеристиките на аквариумот не ти се опишани туку симптомите што ги имаат рипчињата !
 
Види пријателе, чим чува караси не е морски аквариумот и не треба сол во него, ако има коридораси големи се шансите да се разболат и да умрат, ако има живи растенија ќе му ги изгори и ќе скапат, плус солта ќе остане во аквариумот подолго време и може да му прави проблеми, затоа се користи карантински аквариум за лечење на рибите, не треба да се инатиш можеш да видиш дека сум администратор на форум специјализиран за акваристика, а тоа значи дека треба да попуштиш кога некој знае повеќе од тебе... ;)

No offense
 
не бре зошто......

симптомите на рипките ми кажуваат нешто што сум го видел(да ги видам рипките можи ќе поможам нешто)....вака можи само да нагаѓаме....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom