Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
дали некој чува аквариум со скалари да му го продадам скаларот
164141-d9c628c4164a0a35deb8a57463812978.jpg
 
150 денари[DOUBLEPOST=1486566338][/DOUBLEPOST]или замена за три гупи (како беше соодносот машки наспроти женски гупи)
 
150 денари[DOUBLEPOST=1486566338][/DOUBLEPOST]или замена за три гупи (како беше соодносот машки наспроти женски гупи)
Скапо скапо :) да е пар со уште еден ај 150 ден од едне ама вака самец ако сакаш за 80

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
Здраво, дали знаете каде можат да се најдат убави дискуси во Скопје и по која цена се ?
 
Здраво, дали знаете каде можат да се најдат убави дискуси во Скопје и по која цена се ?
Во делфин зад веро во аеродром, немо во т.ц олимпико. цена незнам
 
Пред 5-6 години направив аквариум, околу 50на литри. Комшијата ме снабди со тревки рипчиња, моли, ксифо и незнам уште што. Ми беше многу мерак, се заразив ама дете как одете финансиите не ми дозволуваја премногу, моите не ми даваа пари да трошам за тоа. Го напуштив, имаше лоша филтрација а водата ја менував на 3-4 месеци. по 1-2 години пукна газерот и мораше да завршам со акваристиката.

Секоја година почнувам и никако да почнам, еве и на есен планирам здравје, ќе имам поќе пари. Сакам еден 100 литарски. Проблемот е што кога чував јас во околинава (Битола-Прилеп) нема баш добри продавници за акваристика со опрема, риби а посебно тревки.

Чував скалари, моли, ксифо, едни други спласнати заборавив како се викаа налик скаларите, плекостомус или анцитрус како и да се вика, омилена ми беше ја израснав 15цм и многу ми беше страв да ја допрам. Имав еден поголем сом како чистач за под и две мали други врсти исто како сомчиња со мустачиња мали околу 5 цм едно беше сивко другото албино и тие заборавив како се викаа.

Имаше Македонски форум па научив многу за рибите (имиња) и други податоци околу акваристиката.
Ептен ми беше кејф кога се мрестеа рибите, ма бев ептен аматер и немав ни еден мој 'производ' дури и скалар ми се омрести, тоа ми беше врвот.

Ако некој има одпоќе рибчиња и тревки за поклон би бил добредојден, тревките и би ги платил ако има прикладна цена. Предлог добра подлога? За декор имам многу убав камен, глинено ќупче итн.
 
Капакот е готов. Го направив од пластифициран лим и внатре ставив 4 неонки од по 36 вати. Е сега, кажете ми од која земја за цвеќиња да ставам како подлога бидејки средства за оригинал подлога немам :tapp:. Кварцен песок земав денеска и е со 2 гранулација што мислам сека е доволно. Утре го земам канистарот и шоуто може да почне :jeeee:
 
Јас на времето користев Florabela обичен хумус за садење. Само го пресеав измив неколку пати и го наместив со почеток од 1цм одалечено од предно стакло и од страните, а позади до крај и во висина од напред од 1 цм позади 3цм. Потоа ставив кварц напред 2цм позади 4цм. Да знаеш мора да го циклираш едно месец дена аквариумот поради земјата и за време на циклирање со стапче за ражничи боцкај за да излезат гасови што се создаваат од земјата. Можеш да ставиш 1, 2 гупи за побрзо циклирање и создавање на полезни бактерии. Промена на вода на 3 дена по 25% месец дена потоа можеш да одолговлекуваш на недела. Сепак се работи за хумус за градинарски цвеќиња, а не специјализирана подлога за аквариум :)

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
Најдов Florabela. Земав 15 литри, мислам дека ќе ми биде доста. Само не знам како да го измијам. На песокот му пуштам вода полека да тече и пополека го мешам, така што ѓубрето излегува на површина и излегува надвор. Ама ова е земја, ќе се направи кал. И дали да внесувам растенија при циклирањето? А сигурно ќе се циклира налмалку 3 недели.
 
Јас земјата ја перев со мрежа за против комарци, ситна зелена, пред кратко правев муабет со искусен акварист ми кажа доволно е да ја ставиш на 100 степени во релна едно 20 мин да изумреле бактерии ако има, како превентива инаку неморала да се пере.. А за растенијата да можеш да ставиш за време на циклирање.

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
А што мислиш за осветлувањето?
Јас за 60л користам лед рефлектор од 10w замена за 90 со 800 луми 6500к и скоро сите захтевни треви ми растат...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Некој да има ваков или сличен камен?Прегледај го приврзокот 164967
Не ставај било какви камења во аквариум, ако е варовник ке ти ја мења ph вредностс во аквариумот, доколку не знаеш дали е варовник најкористен тест е со солна киселина. Се капнува малку и ако врие варовник е 100%

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom